Се консултирав, ми рече докторката ок е вежби, само дека не може она да ми дава иснтрукции како да ги правам него некој стручен за вежби, па затоа и прашував колку се разбираат по јога центриве
И јас одам на јога за трудници. Од моето искуство, јогата навистина помага во поглед на раздвиженост, смиреност, опуштање... помага и со болките во кичмата, затоа што се вежбаат доста контра позиции во кои кичмата се одмора од екстра товарот кој што е стомакот, и кој што го поместува тежиштето на телото. Се додека докторот кој што Ве води не Ви нагласил дека не смеете да практикувате физичка активност од различни причини, од практикувањето јога не може да имате никаква штета...
kako poranesna trudnica ke kazam deka jogata mn pomaga za se....i za bolki vo kicmata,i za osloboduvanje od stres(vo prvo vreme nema da osetite megjutoa so tek na vreme ke primetite deka ste poopusteni),za rastegnuvanje na sekoj del od teloto a najmnogu karlicnite muskuli i najbitno za polesen poragjaj...bar vo mojot slucaj se pokaza deka jogata mi pomogna...ne mora da idete na casovi,vezbite gi ima na youtube,tie se tie,nema dr vezbi za trudnici,so instruktor ili bez istite vezbi ke gi pravite,sekako ako sakate da se cuvstvuvate pobezbedno idete na casovi po joga,jas ne mozev da si dozvolam pa si gi pravev doma(i onaka za trudnici vezbite se lesni)
Каде одиш на јога? Ја само што се јавив во Јога сојуз на Македонија, ми рекоа дека е пополнет бројот ке морам да чекам можеби и 2-3 месеци, а не ми се чека
Јас одев во Јога центар тавталиџе кај Лидија Георгиева. Гледам има сега часови за трудници во понеделник и петок... јави се прашај... 02 3064 338 https://www.facebook.com/jogacentar.lidijageorgieva?fref=ts
И јас многу сакав да одам само на полследната контрола ми кажа докторката да почекам до другиот преглед оти пократко ми е грлото на матката. Се надевам од март ќе можам да вежбам !
И јaс oдев нa јoгa зa трудници вo тaфтaлиџе кaј Лидијa пoнеделник и петoк oд 17.30. Сaмo 2 трудници бевме и беше супер, oпуштенo и физички и психички. Меѓутoa oд oвoј месец мaтичнaтa ми препoрaчa дa не oдaм бидејќи требa дa лежaм. Бaш штетa aмa тoa е. Тaкa дa кoј мoже супер е ! И мoјoт случaј е тaкoв скрaтенo грлo, не преooрaчувaaт дoктoрите вo вaкви случaеви јoгa
Мојата не ми препорача ми кажа да почекам до наредна контрола не знам дали тоа важи за сите или бо зависност од самата трудница. Иначе сум во топ форма пред да останам одев на фитнес и сега реков ајде да се раздвижуваж колку толку но не ми дозволи најубаво е да си прашаш
Јaс мислaм вo зaвиснoст oд тoa кoлку е скрaтенo грлoтo. Кaј мене е 2.5 см и стрoгo мирувaње ми препoрaчa
Женски дали некоја од вас вежба јога во домашни услови? Јас гледав видеа на јт, не изгледаше тешко, па сакам да пробам.
Не сум од Скопје. Во мојот град имаше порано, ама сега не, т.е. моментално нема, што не значи дека и понатаму нема да има. Затоа сакам дома да си почнам.
Здраво девојки, едно блиц прашање Другарка ми е трудна, па сака да се запише на јога или пилатес за трудници. Дали може да ми предложите некое место?
И мене ме интересира, во Петок т.е. утре ќе одам кај матичната и ќе се информирам, овде во Охрид има Школа за трудници па ќе ја прашам како оди процедурата и дали смеам да вежбам зошто веќе сум солиден 5 месец
И јас се запишав на јога од оваа сабота стартувам,јас и претходно одев ама престанав кога дознав, а оваа е друга група за бремени жени бабицата ми рече дека можам па таман од недела влегувам во 5ти месец да ујачиме мускули малку ќе ни треба а и начинот на дишење е од голема полза Мамички дали некоја од вас практикува и медитација??зашто тие две сепак одат во пакет
Јас се мислам дали да пробам јога дома самостојно со видеа од youtube Во 4ти влегов мислам време е, а и пред бременост така си вежбав сама дома ама сега малку и страв ми е
Епа баш и заради тоа и јас се плашам да пробам сама дома, некако посигурна сум со инструкторката, а еве сега читам за скратено грло на матката,како се мери тоа и од кој месец ,мене до сеа никој ништо не ми кажал нез сега се замислив
Нема зошто да ти биде страв, па ти нема на глава да стоиш Мене ми е подобро дома. Онаа јога на часови мене ми беше лежење на под. Воопшто не ми се допадна. Би било фино кога би имало пилатес ама јас во Скопје за трудници не најдов. Ми рекоа дека можам на обичен час да одам и некои вежби да не ги правам ама па тоа ми е некако ту мач. Ваму барем каде што одев на регулар пилатес вежбиве не ми се за трудници. Златна средина- дома. Само тело ти кажува што можеш а што не. Ако ништо друго прави вежби за истегнување.