Јога - рамнотежа на телото и духот

Дискусија во 'Фитнес' започната од girl1985, 30 септември 2010.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.503
    Допаѓања:
    5.056
    од јогата какви резултати и промени на телото може да се добијат?
     
  2. JoanaS

    JoanaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.550
    Пол:
    Женски
    Дали некој има одено во Јога центар во тафталиџе?
    Или пак во студиото inside yoga?
    Или некој да препорача некаде каде што бил..би било од помош :)))
     
  3. tamce819

    tamce819 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Во ГУЦ кај Владимир и Сергеј Георгиев.
     
  4. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    905
    баланс на телото, умот, контрола на мисли или она што се вика „добра мисла“. Ако мислиш на мускулатура тоа ќе дојде само по себе кога ќе успееш да правиш покомплицирани позиции но тоа е по години и години практицирање...ако чекаш резултати за кратко и ако ти е само тоа целта ич не оди.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.862
    Допаѓања:
    40.798
    Да е со години и години практицирање никој не би вежбал јога заради зацврстување на мускулите, а јогата е баш погодна за оние што не можат/не смеат да се стават под поголем физички напор, а сакаат да зацврстат мускулатура.
    Првите знаци на зацврстување се приметуваат уште по 3-4 недели од вежбањето (или еве, кај мене која што вежбам секој ден, по 10-15 дена).
    Дека ќе набилдаш мускули или оформиш нешто уау, нормално дека нема, ама дека ќе зацврстиш мускулатура, подобриш држење, флексибилност и рамнотежа, тоа сигурно.
     
    На WildMk и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  6. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    905
    Тој што оди на јога за тело да прави не ја разбира поентата на јогата, а од 3 недели извини но смешно е дека си направила тело. Со најдобриот тренер да вежбаш што сакаш, за толку ктатко време тело не правиш.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.862
    Допаѓања:
    40.798
    Ти не го разбра ни мојот коментар, ниту пак ја разбираш јогата.
    Телесни придобивки можеш да почувствуваш по 3 недели. Никој не спомна градење тело, ама подобрување на флексибилност, издржливост и јачина можеш.
    Што правиш ти на јога ако не чувствуваш никакви телесни придобивки? Седиш и медитираш?
    Зошто јогата е дел од физикалната терапија ако нема физички придобивки?
     
    На WildMk и јolene им се допаѓа ова.
  8. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    905
    Се надевам ќе продолжиш и повеќе од 3 недели да одиш на часови па пиши пак да се најдеме на иста феквенција. Јас вежбам 10 години со 2х 1 година пауза, класична јога, power јога и медитација. Телесни и умствени, духовни придобивки има нема да веруваш колку и сега што си се расправала ќе ти биде смешно.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.862
    Допаѓања:
    40.798
    Кој се расправа?
    Јас реков дека има, ти рече дека нема...
    Сега смени во дека имало :D
    Стварно си неодлучна.
     
  10. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    905
    DAngel По 3 недели нема, ќе ти стане јасно. На каква јога одиш?
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.862
    Допаѓања:
    40.798
    Не одам, дома вежбам, СЕКОЈ МОЖЕН ДЕН.
    Не може да нема ако вежбаш секој ден. И ваљда знам што чувствувам.
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    4.238
    Допаѓања:
    85.022
    Ако си вегетирала подолг период и од редовно чистење по дома по неколку недели ќе почувствуваш затегнување на тело, не пак од јога.
     
    На crimson и DAngel им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.862
    Допаѓања:
    40.798
    Точно, а и да не си вегетирал, од секоја промена во рутината што ќе ја направиш за неколку недели треба да ги почувствуваш првите резултати. Плус јас не реков дека има затегнување на телото туку подобрување на издржливост, флексибилност и рамнотежа. Пробај секој ден да се наведнеш најниско што можеш за да ги ставиш дланките на под, држи така околу 30 секунди и повтори еве да речеме, 5 пати. Не е можно по 3 недели да нема никакво подобрување.
     
    Последна измена: 12 април 2018
    На x.Daisy.x, Scott Weiland и Bridget им се допаѓа ова.
  14. anib

    anib Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ти препорачувам во inside yoga. Јас одам веќе подолго време, и мислам дека нема никогаш да се откажа. Има повеке термини и може да се оди кај кој ти одговара, ако пропушташ час може да се замени во друга група. Првиот час е бесплатен така што не губиш ништо ако пробаш. Инструкторите се прекрасни и местото е чисто со сите потребни работи.
     
    На КикиМаус, JoanaS и kikkki им се допаѓа ова.
  15. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    3
    Колку кошта месечно? И дали одговара за некој кој никогаш нема вежбано цел живот
     
    На mazikeen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mazikeen

    mazikeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    1.322
    Пол:
    Женски
    Каде се наоѓа? Како студио е или домашна атмосфера?
     
  17. anib

    anib Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Два пати неделно(по 90мин) 1500ден,три пати 1800ден.
    Да одговара се вежба примарна серија и постојано иструкторката објаснува како да се прават вежбите и различни варијации. Јас никогаш немав вежбам јога, првите две недели ми беше малку тешко ама сега сум многу по флексибилна,подобро ги правам позите и цело време имам позитивна енергија за се. Joga changed my life
     
  18. anib

    anib Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Позади универзална сала ул.Христо Смирненски 37. Да како студио деловен простор е(приземје). Пишува надвор Inside yoga.
     
    На mazikeen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    41.850
    Пол:
    Женски
    @DAngel Сега те читав дека дома вежбаш јога,ај ако не ти е тешко кажи ми збор-два,целосно сум неупатена во врска со јога...
    Лесно ли е за почетник ко мене?има некои техники и финти за дишењето? Често ме фаќа тахикардија и не знам дали ќе издржам(ако ми се смешни прашањава,не ми се смејте луѓе :D).

    Сакам да се накренам малку психички,што велиш ќе можам преку јога? :)
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.862
    Допаѓања:
    40.798
    Секој може да вежба јога :!:
    Јас само што довежбав за денес, сега најдов време :worried:
    Вежбам буквално секој ден. Не сум некоја спиритуална личност, па од мене нема да слушнеш приказни за пронаоѓање на себе и бла бла бла.
    Вежбам пред се заради проблеми со 'рбетот, и вежбам дома само затоа што сакам да вежбам секој можен ден.
    Дали смирува? Да! кога почнав да вежбам едвај стигнував до креветот, си легнував и веднаш си заспивав.
    Дишење - битно е како и во секое вежбање. Верувам на почеток ќе забораваш да дишеш, ама полека се тренираш. После ќе ти стане дишењето водич низ вежбите, многу полесни стануваат вежбите кога те води дишењето.
    Моја лична препорака - Yoga with Adriene.
    Девојката е позитивна, ведра, има смисла за хумор, дава повеќе опции за различни нивоа и најбитно од се - многу убаво обаснува како да се доведеш во правилна положба. Вежбите и се комбирани, има и физички позахтевни, и нешни медитации, и вежби за дишење.
    Нејзините 30 дневни програми ми беа одличен вовед во јогата, а потоа само продолжив по календарите што ги става секој месец на нејзината веб страна.

    Еве го нејзиниот youtube канал,
    Yoga with Adriene
    еве ги четирите 30 дневни програми кои ги има до сега (секоја година објавува по една)
    30 days of yoga
    Yoga Camp
    Yoga Revolution
    True Yoga Journey

    Не знам дали одговорив на сите прашања, ако пропуштив нешто - пиши
     
    На Rama и x.Daisy.x им се допаѓа ова.