Дали некоја оди во aerial movement academy (позади тц Бисер)? Ако може, да сподели искуство. Знам дека повеќе насоки си имаат (aerial yoga, fit итн..), но не е на одмет од било која да каже нешто
Денес започнав да вежбам! Прв ден од 30 days challenge so adriene. Се осеќам предобро одам сега под туш. Инаку се надевам дека не се слабее затоа што не смеам да ослабам. И не планирам да пазам никако на исхраната затоа што јадам малку и не планирам да се ограничувам. Се надевам дека нема никаква врска ова со вежбањето. Некој ако сака може да даде совет плус.
голем противник сум на практицирање јога. нај селска работа ми беше она јога со гога (онаа со фришоповите)
Мислам дека тоа е прв и последен пат што си слушнал за јога. Гога нема вежбано јога од 80тите, пробаа како некоја супер бабичка да ја прикажат, не им успеа. Не мора во секоја ебена тема политика да мешате.
Дали имате искуство со Лотос - центарот за јога во Ново Лисиче? Има почетни групи од ноември па се мислам дали да почнам.
Постот е од поодамна, ама подолго време се двоумам да почнам со јога од програмите на Adriene. Ти си една од вежбачките, па имам прашања до тебе. Со која од програмите е најдобро да се започне? Што е најдобро да се јаде пред/после тренинг?
Јас редовно вежбам по видеата на Yoga with Adriene. Си ја пуштам на ТВ или на мобилен и вежбам. Ми се допаѓа што се прилагодени да може да ги прави и почетник и поискусен. Доволно се лесни да можеш да ги правиш, а од друга страна пак, некогаш по воспалението на мускулите наредниот ден ќе сфатиш дека и не биле баш шала. Реквизити дополнителни не ти требаат, освен основното - подлога за вежбање и можеби некое ќебенце. Таа секоја година на 1ви Јануари започнува едномесечна програма (challenge) и веќе со години ја повторува праксата зашто е многу забавна и популарна. Вежбаш секој ден, со тоа што траењето на секој час е од 15-ина минути до макс. 30-40 мин. Ако одиш по ред и секојден си доследен, нема да осетиш замор, монотонија, а ниту пак ќе ти е претешко за да посакаш се откажеш. И да не ти се вежба некој ден, ќе ти текне дека вежбите не се претешки и предолги па сепак ќе извежбаш. Добро и' е избалансирано вежбањето и во еден посебен час и во целиот месец, така да можеш постепено да напредуваш во склад со твоите физички можности. Не дава тешки вежби на почеток, постепено се јакнеш, а истовремено користи и разни типови јога. На крајот од месецот имав желба да продолжам и понатака секој ден да вежбам. За тоа имаш опција да продолжиш и после тој месец со некои други видеа од нејзиниот канал или со некој друг challenge што го објавила во претходните години. Кога ја почнуваш програмата со неа на 1ви Јануари и одиш ден по ден, како што објавува таа видеа, многу е интересно што уствари вежбаш истовремено со стотици луѓе на планетава. Гледаш колку прегледи има видеото пред да почнеш и споредуваш со бројот на прегледи кога ќе завршиш и уствари сфаќаш дека стотици луѓе вежбале во тој период. Новиот час го постира наутро по наше време, па можеш да го извежбаш во кое време од денот ти одговара. Лани почнав со програмата Dedicate точно на 1ви јануари, со тоа што на мејл добивав секој ден најава за часот од тој ден со објаснување која е целта на денешниот час или со мотивациска порака. Така да нејзините вежби се исто толку и за психата колку и за телото. Дури предизвикот го правеше со мене и син ми кој тогаш имаше 10 години. Ни стана тоа заедничка ругина, од која тој стекна навика да вежба. Од оваа година го имаш Home програмот, или од претходно Yoga camp и сл, така да од кој и да почнеш нема да се каеш. Што се однесува до јадењето - за било кој час по јога се препорачува да не си јаден бар 2 часа пред вежбањето. Облеката треба да ти е удобно и не се носат патики на нозете. И јога за мене не е јога ако е во огромна сала со еден куп луѓе и под јака светлина. Најдобро е да вежбаш во релаксирана средина/просторија и со помала група или сам. За целосно уживање може да си пуштиш некое соодветно тивко музиче во позадина или да си запалиш инсенс.
3 часа пред тренинг оброк. после тренинг како сакате. јогата не налага како да се храните, нема таква цел. мене највеќе ми одговара сатвика исхрана. опуштање 5мин пранајама до 10 мин вежбање од 25 до 45 мин (зависи од тоа дали сте почетник или не) медитација 10-15 мин.
И јас вежбам јога преку Yoga with Adriene. Почнав пред две години со 30 дневната програма, тогаш стасав некаде до 15тиот ден, ама ми беше многу тешко немав сила да ги додржам вежбите. Минатиот месец почнав одново но со новата програма Home yoga. Оваа ми е многу полесна и чуствувам дека мускулите на рацете ми се многу поцврсти имам поголема контрола на вежбите. Скоро и ќе ја завршам. Цел ми е да можам стој на раце да правам, шпага т.е да сум многу по флексибилна. Кога ги гледам како ги прават они вежбите, сакам и јас . Флоуто што го имаат од една во друга поза, како го движат телото, како еден вид на уметност. Се надевам ќе стасам во таа фаза. Порано исто така постојано медитирав секој ден насабајле. Милам дека ми помогна многу во self-awareness и општо во односот со другите лица. Доколку некој ме навредеше или со лутина разговараше со мене, тие емоции не допираа до мене, само размислуев зошто тој/таа така се однесува, која е причината. Може една година немам медитирано и имам забележано дека постојано сум нервозна под стрес, ми фали да медитирам ама сега со сите што сме дома не можам да најдам простор за тоа, никогаш не сум сама за да си се опуштам и медитирам. Вие можете ли да медитирате кога има гужва?
Препорачајте ми апликација (ако има) со јога вежби за истегнување, особено за после тежински тренинг.
Јас би ти ја препорачала Adrienne и нејзините програми со видеа на youtube наместо апликација. Мислам дека видео повеќе може да ти долови како правилно да ги правиш позите отколку апликација. Еве ти линк од нејзиниот профил на youtube и нејзната официјална страна. На почетокот на секоја година изработува 30 дневни програми, но исто така секој месец објавува 30 дневни програми со нејзини видеа. https://www.youtube.com/channel/UCFKE7WVJfvaHW5q283SxchA https://yogawithadriene.com/ Инаку од апликации, ептен порано ја имав користено Down Dog, мислам дека се уште е меѓу најпопуларните на play store.
Ја симнав оваа Down dog и баш ми се свиѓа што има да си подесиш време, тип на вежби, ниво, дури и музика А си има видеа во самата апликација. Открив случајно уште една од down dog за HIIT тренинг и си ја симнав и таа. А ќе ја разгледам и девојкава на јутуб.
Здраво! Кај купувате јога мат кај нас? Имам купено неколку ама ниедно не ми се погодило, или се лизга, или се тегне, или се кине брзо и наоѓам парченциња од матот сегде дома.
Јас имам земено подлога за вежбање од Џамбо. Како сунѓер е мислам, од надвор со навлака, како душек изгледа. Ми се лизга малку само ептен при брзи движења, инаку е супер. Некни видов, ги има пак, инаку долго време ги немаше. Црни се во пластична ќеса спакувани, 800 денари. Ради навлаката и лесно ми е за одржување, со мокра крпа.