Побарав на јутјуб јога за почетници, и ги забележав овие два канали: Yoga with Kassandra и SarahBethYoga. Кај вторава ептен ми се допадна што имаше видеа за смирувачка јога за анксиозност, тага, стрес, лутина и мислам само што ги погледнав видеата ме смирија. Еве неколку видеа:
Од денес почнав со вежбање јога. Ова видео го најдов и многу ме расположи. Може да ми кажете вежби не за почетници , некое видео ?
Кога станува збор за вежбање општо мислам дека не треба да се фокусираш многу на барање видеа или програми кои се наменети специфично за почетници. Освен ако не си сосема нова во тој оддел, сметам дека секое видео е одлично за почетници. Не ме сфаќај погрешно, далеку сум од професионалец во секаков смисол на зборот. Целта ми е да ти укажам на тоа дека за секоја вежба постојат модификации кои можеш да ги направиш се со цел да ја оформиш вежбата за да одговара на твоето ниво. Кога станува збор за јога, нема голема разлика. Нормално нема да можеш веднаш да направиш некои комплексни пози како на пример стој на раце и слично, но сепак можеш да следиш секакви видеа. Нешто што е од голема помош за почетници се видеа за засебните популарни пози односно како правилно да направиш некоја поза како на пример cat-cow, down dog, mini cobra и слично иако повеќето инструктори знаат да потсетат на главните точки во текот на самото видео. Според мене, мислам дека повеќето видеа на интернет се направени со цел да можат да ги следат главно аматери. Долго време експериментирам со видеата на Yoga with Adriene, Boho Beautiful, Yoga with Kassandra и некои други на кои не можам моментално да се сетам. Специфично за Yoga with Adriene, бидејќи со неа имам најмногу вежбано, е тоа што секој јануари споделува еден вид на 30 дневен јога предизвик или програм на нејзиниот јутуб канал. Можеш да го следиш секој од тие програми без разлика колку си искусна и во текот на тие 30 дена постепено да учиш да се надоградуваш. Она што можам да го кажам е дека сите секогаш давале можности за различни модификации во зависност од твоите можности. Нормално ти ќе си одлучиш што можеш и кон што ќе се стремиш понатаму. Со среќа и со лесно. Мислам дека со јога нема да погрешиш па дури и никогаш да не стигнеш до стој на раце или некоја покомплексна поза. Еве линкови од јутуб каналите кои ги споменав и некои други на кои се сетив. https://www.youtube.com/user/yogawithadriene https://www.youtube.com/channel/UCX32D3gKXENrhOXdZjWWtMA https://www.youtube.com/user/cexercize https://www.youtube.com/user/SarahBethShow https://www.youtube.com/channel/UCHJBoCDxaCTRrwCHXEBA-BA П.С. Разгледај и низ темите наназад. Знам дека имаме доста пишувано на оваа тема како и споделувано дел од омилените видеа и слично.
Никогаш не сум посетувала јога часови кај инструктори, самоука сум целосно. Промената што ќе ја осетите после одредено време, не само физички туку и духовно, не се заменува со ништо. Доста е битно да се најде време за ваква активност, бидејќи животите кои денеска ги живееме без сомнение ни оставаат голем стрес. Ако имате шанса да посетувате инструктори, посетувајте. Но, ако немате шанса или слично, има добри инструктори на Youtube.
Пред некое време решив да и' дадам шанса на јогата, бидејќи и онака не сум многу по вежбањето, па оваа активност ми изгледаше прифатлива. Знам дека не станува збор само за вежби за телото, запознаена сум со тоа. Пробав многу видеа на youtube. За жал, изгледа дека јас немам доволно трпение за ова, ми стануваше премногу здодевно за само неколку минути и баталив. Си продолжив со пешачењето, очигледно ми треба нешто малку подинамично.
Само што завршив со јога вежбата за денес, ми се појави темава. Го почнав новиот предизвик на Adriene и се надевам дека ќе го истерам до крај. После вежбањето одма се чувствува бенефитот, секој мускул на телото е активиран.
Adriene е најдобра според мене на јутуб, и јас ја пратам, но немам започнато предизвик. Сега се префрлив на Pamela и Chloe Ting одреден период.
Девојки, сакам да почнам со јога (почетник сум) па ми треба совет за добро место во околината на Козле.
Не знам колку ти е блиску во тафталиџе јога центар, јас одев таму порано и супер беше, плус знам многу одамна држат часови јога.
Моето искуство со јога беше дека не ослабев од тие вежби. Додека вежбав не сменив начин на исхрана. Ми се подобрија физички други работи на пр. еластичност, циркулација, рамнотежа, дишењето, држењето на телото.. тежината ми беше иста. Од јогата имав и многу психички бенефит. Секое движење и активност е битна ако сакаш да слабееш ама за побрзи резултати во таа смисла имав повеќе успех со аеробик, во комбинација со здрава исхрана.
Здраво, прекрасно е да се види дека во Македонија има толку заинтересираност за Јога. Од моето долгогодишно искуство, би Ви препорачал запознавањето со јогата да биде со професионалец. Скоро и за секоја физичка активност, всушност. Преку Ју тјуб каналот нема да можат да видат ако вие неправилно го држите телото или целосно сте ги утнале позите, затоа внимавајте. Има премногу професионалци кои навистина ви се потребни, барем на почетокот. поздрав и секое добро
Заинтересирана сум да почнам со јога. Ќе започнам со видеата за почетници што ги споделиле членките погоре. Се надевам ќе имам ментален бенефит.
Јогата е најубавото нешто што ми се случило во последно време. Вежбам со јутуб видеа, Адриен најчесто зошто ми е многу мила и ми се допаѓа нејзиниот став дека поентата не е во тоа да се префорсираме, туку повеќе да сме конзистентни. Резултатите ќе дојдат секако. Само кога се форсирам побрзо се откажувам, а вака терам. Кога сакам нешто поинтензивно пуштам или некое видео power yoga или за flow или некои други инструкторки. Повеќето имаат мн потешки видеа споредено со Адриен. Тие што им е бавна јогата, а сепак сакаат да и дадат уште една шанса, има толку видеа на јутуб што не се воопшто бавни. Само внимателно, не секоја поза е безбедна за луѓе што се почетници. Па има и пози тешки за самите јога инструктори. Еве ви едно океј видео, а верувам нема ни да ви е бавно: Инаку освен што добро влијае на телото, јогата е одлична и за психата. Ама морам да напоменам дека кога имав еден мн тежок период, не можев да се натерам себеси никако да почнам со вежбање. Пробував, ама ми ствараше некаква одбивност. Сакам да кажам, ако евентуално сте депресивни или посериозно анксиозни, само јога нема да ви помогне. Треба да сте горе долу ок за да може да ги почувствувате нејзините бенефиции.