Каква јога вежбате нели има повеќе? А тоа што црквата не дава? Јас читав на постовите по назад за некоја спиритуал хумана јога...што била со отварање на чакри со нивоа и слично?
Секој вид на јога секое движење и поза е поврзано со некакво отворање на чакри и со некаква астрална енергија. Има помалце и повеќе опасни видови на јога најопасна е Кундалини и уште неколку други кои вклучуваат и мантра. Така да во право е ова свештеникот што го кажува со окултизам не требa да се игра кој е прав верник нема потреба од овие практики ќе си се наслони на нашата религија и традиција
Eпа што трчаат сите по тоа кога не чини. ПС. Што се постигнува со тие чакри астрални енергии? И што ако се разбуди таа змија? Зарем тие јога,медитација инструктори се толку забегани ?
Не се забегани туку испран им е мозокот. Се постигнува бавење со окултизам и можност да те нападне некаков ентитет од таа страна. Една ствар е што јога и медитација се практикуваат во Индија каде населението со векови го практикува ова и телото и генетски им е подобно за вакви вежби а сосем друго е да го правиме ние на другиот крај на светот кадешто со векови Христијанството е доминантна религија. Не е добро да се мешаат различни концепти и религии и ова го зборувам од најобјективна гледна точка не од некаква фанатичка. Има причина што бог ни дал живот на ова парче земја на овај континент кадешто си сме застапени со наша религија дадена од бог. Контрапродуктивно е да занимаваме со нешто друго што не ни е доделено од раѓање. За секој од нас бог си има посебен план и не е добро да се мешаме таму кадешто не ни е местото
Леле...до толку ли се испрани или мора да ќутат дека тоа им е работа и така си го вадат лебот. Инаку малце е и глупаво тоа дека сите имаат чакри,астрална енергија или лако и да се вика. ПС. Што се постигнува со тоа искрено. И кој лај нас се баци со овие работи, астрални енергии,јоги ,кедитации,чакри поточно. Знаат ли нашиве установи или на сиво си работаат сите тие
Како некој што вежбал јога ќе ви го пишам следново Никој не ве тера да вежбате јога ниту да постапувате спротивно на вашите убедувања, но муабетов со членката од погоре ми се гледа премногу осудувачки и навредлив кон оние кои вежбаат јога.. Оваа тема е да се споделат информации за оние кои ја практикуваат а не за да се дискутира за религија. За тоа има соодветни теми на форумов. Зборови како "забегани" и "испрани мозоци" стварно не се во ред. Од ничија уста, не пак од уста на некој што се прокламира како прав христијанин. Особено што имам впечаток дека немате познавања за работите за кои се вклучувате во дискусија. Дури ни некои поими што веќе се дел од општата култура, како чакра, не знаете што е, а зборувате дека тоа е нешто што не го имале сите луѓе Модератори, не е лошо да погледнете што се пишува овде. Овие коментари од погоре во кои се спомнуваат генетски разлики меѓу луѓето од различни раси, т.е континенти и тие се поврзуваат со различни религии мене ме асоцираат на нешто далеку понегативно. Знаеме низ историјата како суптилно се потпикнувала идејата за предодреденост, супериорност и ексклузивност на нација, народ, религиска група или раса и до што водела таквата идеологија. Ве молам, луѓето што практикуваат јога или се припадници на некоја источна религија ниту се окултисти ниту се инфериорни. Сите тие во секојдневниот живот се сретнале барем еднаш со вакви предрасуди, не мора да го има тоа и тука на форумов. Ако сакате христијански дух да се шири, дефинитивно сте го утнале моделот на однесување. Почнете со прифаќањето на различните и помалку судете.
сите иаме чакри а не можеме сите да постигнеме астрална проекција за тоа ако те занима, боље гуглни него овде да читаш ќе сфатиш шо се и чакри и астрална проекција не е нешо лошо, ама не е ни за секој, и мислам не би требало сите да имаат пристап до отварање чакри или до доживување астрална проекција пошо не е заебанција, и не е као, ај ќе се напијам да видам како е начукан нешо скроз друго се Една особа шо ја знам, беше забегантус по ова чакри макри, пробуваше и АП да доживее и еднаш рече демек си го пронашол третото око, ама кајнд оф усран беше така да не би да влагам таму
Ти седи мирна сега, ако направиш некоја асана може да ти влезе ѓаволот. Па после ќе бараш егзорцизам од католички свештеник, ќе те прекрсти па не ќе знаеме на крај во која религија се имаш родено а во која завршено.
Ок а што се постигнува со тие асани или лако и да се вика отворање,балансирање чакри пошто нели сите ги имаат. И кои се бенефитите. А зошто викаат дека демони влегуваат ?
Прогуглај ти кажав Не значи дека ќе ти се деси нешо лошо Може и нешо убаво ќе ти се деси Затоа се вика дека е заебано https://yogainternational.com/article/view/opening-the-chakras-new-myths-old-truths https://www.awakeningstate.com/spiritual-awakening/the-dangers-of-opening-your-chakras/
Истото што се случува кога палиш свеќи во црква. Ништо, бидејќи е верување. Тоа што тие ритуали влијаат позитивно на психата, во смисла на плацебо ефект и влијание врз гама мозочните бранови е фактички точно, ама е друга тема и нема врска со езотерија и религија.
Здраво женски. Имано, врат ме боли веќе 10тина дена со тоа што до денес се трпеше а од денес не се трпи. Да не должам матичната ми рече вратна спондилоза и да сум вежбала јога. Читам тука за студија за јога и вежби по нет ама реално да одам не можам сама сум со малата по цели денови а по ова на нетов не се разбирам баш. У животот ништо немам вежба о такада немам појма ни од кај да почнам па ако има некоја што се занимава со тоа и разбира ако не е проблем да ме упати само од дома што можам да вежбам и од кај да почнам.
Кога се работи за вратна спондилоза, мора многу да се внимава со јога вежбите, особено со тие што го вклучуваат и вратот (камила, reverse table, па и риба и сличните...). Најчесто се прават некои модификации кои не го оптеретуваат вратот дополнително. Тебе ситуацијата ти е таква каква што е, но искрено не знам дали е паметно скроз сама да почнеш да вежбаш ако досега воопшто не си вежбала. Не е тешко, но мислам дека барем неколку месеци на почеток е добро да се има надзор од инструктор, додека телото не ги научи правилните положби. За после е веќе доста полесно. Јас еден период вежбав со видеата на Sara Beth. Oна е доста детална и beginner friendly, но за почеток навистина би избегнувала вежби што би му правеле дополнителен притисок на вратот. Youtube каналот и е потпишан SaraBethYoga, можеш да разгледаш, да видиш како отприлика се одвива јога часот.
Не знам зошто ти препорачала јога, кога најдобро е да вежбите да ви ги даде добар физикален терапевт.. Јогата е супер во принцип ама добрите и искусни инструктори по јога обично напоменуваат пред одредени вежби кои лица да не ги прават(со спондилоза, висок крвен притисок и сл). Така да зафрлање наназад на главата до крај, може да е контраиндицирано кај спондилоза. Јогата учи како да се корегира ставот на телото, да се стои правилно.. за тоа е добра позата планина на пр. Најдов на Јутуб едно убаво објаснување кои вежби се лоши а кои добри за цервикална спондилоза. Ако знаеш англиски изгледај го..ќе ти помогне да селектираш што од она што се објавува на интернет е добро а што не е. https://www.youtube.com/live/GxshNY1Ixac?feature=share
Не знам и јас после читање цел ден скоро дојдов до тој заклучок, рече пробај ако не успее ќе идеш на физикални. Фала ти многу ќе го видам видеото
Не знам зошто јога. За вратна спондилоза најдобро би било да направиш неколку третмани физикална терапија. Физикалната терапија е почетна точка која ќе ти ја олесни моменталната состојба и ќе те ослободи од болката. По физикалната терапија препорачливо би било да продолжиш со фитнес а не со јога. Побарај си тренер со искуство околу опоравување, или кинезиологија, за да ја поправите и подобрите твојата состојба. Би требало да правите корективни вежби на почетокот, па понатаму и вежби за зајакнување на мускулатурата.
Искрено 2 дена правам некој полесни вежбички и све мислам дека полошо си напраив, вчера толку ме болеше што ни кетонал форте не ми помогна нешто посебно. Болеше и претходните денови ама со кетонал ќе помине бар некој саат. Вчера не. Еве и од сабајле уште не станата ме боли. Ќе видам ќе идам кај матичната пак ја не можам вака да функционирам мора нешто да праам. Каква јога какви глупости.