Добро бе, кој век сме за да верувате во религии, сатанизми и магии, читав и погоре постари постови, страшна работа колку има закочени. Јас од кога почнав да практикувам јога и медитација животот ми е променет за 180 степени (значи гледам во друга насока) во позитива на секое поле. Дај му на телото мир, исчисти ги мислите, поврзи се со природата, научи ја како функционира индивидуалната и групната психологија. Нема ништо натприродно, има само степени на свест. Не би должел повеќе, кој разбира ќе свати, за останатите образложувањата се излишни.
Практикувањето на јога го енергизира телото, му дава облини на телото, го јакне нервиниот систем (симпатичкиот ипарасимпатичкиот) го корегира неправилното плитко дишење, го прочистува организмот од токсини, го смирува умот и го релаксира целото тело. Со сето ова горенаведно човекот во својот деловен и приватен живот ги извршува и реализира своите планови редовно и во целост, како и ги надминува своите очекувања како единка. А друга страна со своето поведение придонесува во подобрување на состојбите во колективот и заедницата во која живее.
Jas pocnav so postavuvanje na celi za 2024 godina-prvo od niv e vezbanje joga vo domasni uslovi(tersene sum epten ) . Vaka samo pesacenje(na zima kolku pesacam e znak ?) ne ide.
Редовното практикување дома е одлична можност да си изградите еден ритуал за самостоен развој. Меѓу тоа, ќе мора да бидете вн имателни при практикувањето јога, кога правите влез во посложени асани, тоа да го правите постапно и исто така, да се враќате внимателно во претходната положба. Друго, ќе треба да ги разгледате сплетовите постапно и да ги определите кои се за подготовка на телото, кои се полу асани, а кои асани и кои се динамички вежби и кои се за кој дел од телото. Се надевам дека ви помогнав во насоките за практикување јога по дома.
Почнав од скоро сама да правам, всушност не е нешто тешко. Имаш низ нет доста, со некои 10 минути на ден ти е доволно. Едит. гледам имало таква тема ама заклучена заради немање дискусија.
Знаете ли дека јогата е кинеска дисциплина со која се повикуваат невидливи сили? Со практицирање на вежбите и со текот на времето како што поминува вие се поврзувате со невидлива сила и ви се причинува дека имате визии и слично. Во библијата најстрого се забранува.
Отвори и прочитај па ќе видиш каде е забранета таа окултна дисциплина. Или најлесно е да си прашаш некој православен свештеник.
Да, христијанството не ја дозволува. Но ете лично сум имала придобивки конкретно за грбот, посебно долниот дел. Ако видиш, најосновни вежби во основно на физичко биле донекаде истите, така да ако некој вежба не може тоа баш да се изедначува со вежби за јога. Те сфаќам што сакаш да кажеш. Лошо е кога човек ќе забега во јогата (сепак таму вежбите се други) и тука постои една опасност, би рекла дека медитирањето исто знае да придонесе кај одредени луѓе повеќе уназадување отколку напредок (знам пример). Лично веќе не практикувам јога, но ако некому тоа му помага - нека му помага.