И јас гледав за тој јога сојуз (http://www.yoga.org.mk/index.htm - ако е ова тоа) и гледам дека имаат нов курс од 1ви фебруари што совршено ми одговара! Само чекам да го истакнат распоредот за предавања од летниов семестар и да видам да не ми се поклопуваат термините. Гледав слики од јога центарот, ми изгледа прилично убаво среден со убави услови и хигиена, па уште повеќе добив желба!
^^ Има три центри во Скопје, па зависи кој ќе ти одговара, до кој живееш најблиску. Еве линк за термини кога почнуваат -> http://www.yoga.org.mk/yogacenter.htm (на истиов сајт ги има и локациите на центрите, убаво се објаснети со адреса и мапа). Е сега за цена - никаде не најдов на сајтов, тоа едино да прашаш преку телефонот за контакт што е оставен. Ама според тоа што го кажа LivingGlam, не би требало да не е нешто многу поскапо од 2500 за еден курс. На крајот на краиштата - вреди! П.С. Линк за центрите - http://www.yoga.org.mk/index.htm (тој едниот курс што е во Топ Форма студиото спроти Универзална е веќе почнат, ама тие во Капиштец и Тафталиџе не се уште).
Воопшто не е скапо,плус имаат 10 проценти попуст за студенти.Имам слушано и за курсеви од по 6000,затоа прашав. Абе јас како тргнав...од први,нема да знам гзот кај ми е...и на кик бокс планирам да се запишам,од крајност у крајност! Ама на ова сепак предност ќе му дадам,повеќе ми е ускладено се друго.
Ординери за нив зборував, да. Лилит на линкот има информација, во Скопје се одржуваат курсеви на три локации и можеш да одбереш која ти одговара најмногу. За цена најдобро е да се информирате на телефните што се оставени. Ако во лето доаѓате на некоја недела во Охрид, можете да се приклучите на летната јога школа, е тоа е едно посебно доживување. Спојлер И морам да кажам дека не рекламирам, не сум на никаков начин поврзана со нив, само одам обично да вежбам. Ова го кажувам бидејќи сум презадоволна
И јас тоа видов за попустот за студенти, па добро ми дојде Си викам ај и ова чудо да го пробам, што вика мајка ми - ако ништо друго барем да го исправам рбетов од толку неправилно седење пред компјутер! Леле LivingGlam, одма се пријавувам!
Леле кај нас во Кочани курсот е 600 ден ама тоа е пордаи понискиот стандард на живот овде Да беше 2500 мене мајка ми сигурно не би ми одвоила за тоа и мило ми е што не е скапо.Инаку еве јас 4 месеци редовно посетувам и се чувствува разлика,најпрво менструалните болки многу ми се намалија,посмирена сум и порелаксирана а и + поеластична.Мислам со години треба да се посетува за да се постигнат многу видливи резултати.Ние сега почнавме со Поздрав на сонцето асан(Solar Flow),кој го повторуваме од 4 до 10 пати серија(инаку една серија содржи комбинација од повеќе асани) и овој асан е како кардио вежба.Јас сум премногу задоволна а и инстрорката е прекрасна личност...се најдобро имама да кажам за јогата. http://www.youtube.com/watch?v=hFwe9sS8s30&feature=fvw
За јогата имам читано и слушнато најубави работи. Еднаш тргнавме со другарка ми на Power yoga. Кој ѓавол не натера?! Стигнавме и девојката со многу убав, смирувачки глас ни кажа дека ако нешто не боли да не претеруваме, бидејќи сме прв пат дојдени, да го слушаме гласот на телото и да не се секираме ако нешто ни изгледа претешко, се е возможно да се направи. ОК, не успеав ни да се растегнам кога почнаа сите наеднаш на индиски да го кажуваат поздравот на сонцето, јас избезумена изгледав збркана ко жандармот од Сен Тропе. Легни, стани, фрли се пак на земја, пак стани. Ајде некако се навикнав и за крај шлагот - требаше да се доведеме себеси во некоја чудна позиција нешто како стој на раце ама не баш така. И девојката стоеше до нас и ни велеше постојано - ајде ајде, телото го може се она што мислата ќе му дозволи. Си викам каква мисла жено?! Мислата ми вели дека ми се лизгаат рацете и дека ако продолжам со вежбава ќе си го скршам носот. Втор пат И заради ова смешно и трагично искуство веќе не се осмелив да тргнам повторно. Во замена вежбам пилатес. Ама еден ден повторно ќе пробам, затоа што сакам да почнам како што треба и од почеток, а не да правам олимпијада стоп покрети а ни самата не знам што правам Имам чуство дека човек со помош на јогата може да се промени многу и тоа на поарно. Не само телесно туку пред се душевно.
секогаш кога разговараме со една другарка за релаксација и смирување ми објаснува за јога оти била пред некое време на цасови некои си 2 месеци и вели дека е супер, ама јас па сум запнала за латино-денс аеробик па можеби потоа ке следи јога, ке видиме
сестра ми од пред 3 месеци практикува јога секое утро и е доста посмирена .. Го спрема телото психички ( за физички мислам дека треба некои поактивни вежби , со повеќе движења ) .. тука кај нас нема курсеви за јога , доколку би имало би ја испратила таму сестра ми за да ми ја ослободува собата искрено , колку и да е добра јогата мене такво нешто не ми треба , знам како да се опуштам
Сакам да се запишам на јога или пилатес.. Порано одев на карате, многу беа напорни тренинзите, често ми се вртеше , еднаш се онесвестив и затоа се отпишав.Сега во некој чуден период сум сите ме нервираат мајка ми,наставниците,другарките и се друго околу мене...Сакав да прашам дали јогата помага психички??Не можам се да постигнам ова наставнициве се убиа од давање домашни,лекции,формули за учење а мене мозокот ништо не ми фаќа А исто така грбов ме убива..не се трпи
^ Да, помага психички, ќе добиеш поголемо трпение и концентрација. Секако, ако се работи редовно, сериозно и на подолг рок. Тука може доста и каратето да ти помогне, не мора да правиш тешки вежби и да се преморуваш, но колку што знам и карате е дисципилина која гради концентрација и трпение. Многу е важно да го запознаеш своето тело и да знаеш колку може тоа да издржи, па полека да ги поместуваш ограничувањата. Не смееш да се преморуваш и да папсаш, зашто добиваш непосакуван ефект, како што и ти се случило. За грбот има многу добри вежби во јогата, што ќе го опуштат и зајакнат.
Се согласувам со она што ти го кажа Ливинг...јас тргнав на јога ради болките во грбот и половината и поради тоа што бев многу избувлива и сакав да станам посмирена и порелаксирана личност.Последните месеци баш тоа се фалев дека болките ги снема...веќе не мора да спијам или седам со перничка под половината,многу ми помогна јогата.А и секако дека помага психички, го смирува телото и духот, јас после часот секогаш сум толку опуштена и смирена...многу убаво чувство.Ако имаш можност да одиш не му ја мисли дали да се запишеш
Практикувам јога скоро две години. Доста краток период но искрено ми помага. Не одам на часови, користам помош од youtube и други страни. Започнав на шала, гледајќи на британскине телевизии курс по јога, па се навлеков на неа. На почеток, да. Беше досадно и тоа колку. Си викам што правам сега? Дремам само и на крај пак ништо. Епа гордо изјавувам дека сум била во грешка. Секој почеток е тежок! Сега вежбам редовно, пред спиење, а ако не сум во можност навечер тогаш во било која доба од денот. Ми годи психичкиот мир кој владее во мене после практиката и воедно зацврстените мускули кои се појавуваат со тек на време.
Баталив зумба, не ми е интересно како јогата. Си ги научив одамна сите вежбички, си направив некој редослед и навикната сум а и повеке резултати има. Инаку јога научив од интернет, од торенти, на јутјуб гледав видеа, и прочитав книга за јога вежби. Едуцирана сум прилично и можеби на почетокот не гледате резултати и си мислете дека е бесцелно да се практикува но не е така, треба време да воочите резултати. Чувството после вежбање јога е НЕВЕРОЈАТНО УБАВО. Дава мир, како што кажа Сефора.