Ма какви! Пробав дома, ама немаше шанси. Не толку дека дома и немам баш услови, што и е делумно така, туку колку што ми требаше друг тип на активност. Имав премногу енергија (па и нервоза и бес) во мене и морав да најдам издувен вентил, ми требаше нешто да се препотам асално. Почнав фитнес да вежбам. Кардио , аеробик нешто пилатес и сл... Ти што направи? П.С. забегале со цените инаку, морам да кажам поскапи се од порано часовите особено ако одиш во студио, а не онлајн нешто...
Се согласувам дека малце претеруваат. Ама добро е што си почнала со други активности, сепак е океј и ете си имаш издувен вентил, good for you!! Иначе дома нема шанси таа дисциплина за жал, и јас пробав во короната ама слабо. Да, јас повторно се вратив тогаш, одам во маалско студио, плаќам (1000ден) за разлика од студијава по центар и сум доста задоволна. Можно е и пилатес да вклучам доколку наоѓам време. Баш ќе видам.
Во кое студуо? Јас сегде кај што видов од 2к нагоре се цените и имаш 2 часа по саат, ако не можеш да дојдеш ти пропаѓа. Сакав и тоа да прашам дали некој знае студио со повеќе термини каде што можеш да одиш или барем ако не можеш во твојот да дојдеш во друг.
Во Хиподром. Ретко такво студио, обично сите се со броени групи и не дозволуваат многу флексибилност..