Aко имаш акаунт на Замунда, еве повеќе торенти http://zamunda.net/browse.php?search=yo ... incldead=1 Инаку, за јогата се препорачува барем почетен курс со инструктор. Уште немаме развиена свесност за телото и не можеме да знаеме дали ја заземаме правилната позиција, зашто во некои положби не можеме да се видиме, всушност по правило работиме со затворени очи. Треба некој што знае да види и да ја исправи положбата. И ако веќе телото навикне да ја прави вежбата неправилно, после е многу тешко да се исправи. Па и во напреден курс, јас никогаш не би се осудила да направам стој на глава, на пример, без некој да ме надгледува првите неколку пати. За медитација и релаксација прифаќам, на почеток може да ме води глас од компјутерот, а потоа да почнам сама.
поубаво нешто од јогата, според мене нема! одев лани и тоа беше незнам...уствари отпрво ко влегуев таму викам шо бе као да не глупости живи...као можам да се опуштам само со тоа шо некој тамо ќе збори...отидов еден ден со другарка ми и после то од коа излегов од таму имав чуство дека лебдам во воздухот... и тоа прекрасно чуство на исполнетост преубаво е...едноставно после практикувањето на јогата како на друга планета да си бев скроз се пронајдов во јогата. морам да почнам повторно да одам од септември тоа не се испушта у никој случај
Би сакала да одам на јога . А како иде тоа отприлика кажете ми колку се плаќа и колку паљти во неделата се оди ?
знам дека јогата е нешто прекрасно, ама незнам каде има јога центри малку е поскапо, ама навистина вреди за парите баш е рамнотеза на телото и духот(според луге што ми имаат казувано)
Вежбам јога самостојно во домашни услови. Пред да започнам користев најразлични книги. Има многу придобивки од јогата.
Сум вежбала јога во домашни услови од книга. Многу е убаво и многу придобивки има. Им препорачувам на сите што сакаат да постигнат внатрешен мир и да ги обликуваат мускулите да ја пробаат јогата.
А да не знаете случајно каде низ Скопје има Јога- центри ? И да дефинитивно е едно од најдобрите нешта јогата како и медитац ијата .. Нон стоп идам кога има нешо проекти со Шри Чимној ,најдобрите начини за ослобудавње на негативна енергија ми се тие со медитација и јога
Во моево градче 1200 е почетен курс, 2 месеца. Од утре почнувам.. па ќе ви кажам како оди. Толку сум збркана у главава, искрено се надевам дека ќе успеам да најдам мир!
Јас го завршив првиот курс, па здравје вториот почнува од 30 Јануари. Можам да кажам дека сум презадоволна, многу убаво се чувствував после вежбање, хај, абе колку пополека зборував после часот, као напушена се чувствував. Сега бидејќи имаме месец дена пауза до вториот курс, вежбите си ги практикувам дома. Барем тие кои ги паметам. А инструкторката еден глас што имаше, толку ме смируваше и толку мирно и спокојно звучеше, толку милозвучно...хипнотизирачки.
Бев огромен скептик... Мислев дека јогата е нешто што јас со толку бурен дух и адреналин не можам да го правам.. Но,бргу го сменив мислењето Почнавме со јога,сите што тренираме во нашиот клуб,бидејќи за боречка вештина потребно е и правилно дишење и развој и медитација-здрав начин на живот- И СЕ ОНА ШТО ГО НУДИ ЈОГАТА Чуството е предобро,разликата се чуствува и после првиот час-едноставно веќе без јога не можам! Работиме асани,различни техники на дишење... И плус инструкторот има таков глас што опушта..така да.. Секој би требало да почне да практикува...
И јас можам да кажам само убави и пофални зборови за јогата. Неверојатно опуштачки делува. Го завршивме само првиот курс, едвај чекам да дојде крајот на Јануари да почнеме со вториот курс. Инаку, секој час после јога се наоѓав....па во некоја друга состојба Барем додека не си легнев се чувствував исто толку опуштено како за време на часот. Нирвана состојба Јогата дефинитивно би ја препорачала секому, особено на оние кои имаат повеќе стресови и нервози - што опфаќа 99,9% од популацијата
почнав со јога годинава,одев на јога за трудници и уште после првиот час ми беше јасно-this is my thing можам со сигурност да кажам дека баш поради тој курс се породив лесно,без многу болки и без никакви медикаменти и анестезии.2 месеци одмарав па сега пак почнав да вежбам по дома од една книга и преубаво се осеќам.барав и на нет вежби и курсеви,ама пак од книгата си вежбам,најубаво ми е.па здравје на пролет сакам на курс да се запишам и сакам некогаш (во наредниве две години по можност) да отидам во Индија на семинар за обука на јоги оф топик,пред некој ден во едно списание за јога прочитав за една многу успешна жена -пијанистка и учител по јога,работи во Лондон а по потекло Македонка! Maya Fiennes, еве линк http://www.mayaspace.com/yoga_books_dvd ... ienes.html многу ми е мило кога ќе прочитам за успешни македонци во странство поздрав!
Сакам да се запишам на јога но нема курс во мојот град. Ги контактирав преку вебсајотот и ми одговорија дека професорите се зафатени во Скопје па нема кој да ги држи часовите Знам дека има книги, и на интернет може да се пронајдат вежби ама јас немам никакво познавање па би сакала човечки контакт за почетокот, а и причина да излезам од дома...
Не знам од кој град си, ама во скоро сите градови има курсеви. Најдобро е со инструктор да почнеш, да те воведи во јогата. Ако сакаш пиши ми лп, од кој град си, па ако можам да те упатам.
Како и претходната членка, ќе кажам подобро со инструктор, отколку со помош на книги и интернет, поинаку е, прашај подобро, би требало да има во твојот град некој што има познавање за ова
И јас ќе се сложам со форумџиките пред мене,за почеток-инструкторот е неопходен. Зборувам во мое име,да не беше инструкторот - ниту ќе продолжев да практикувам,бидејќи сам ако ги правиш вежбите без тој смирувачки да зборува имаат помалку ефект (барем за мене). Исто така,инструкторот ми помогна мене да совладам некои работи значително побргу и за кратко време да го решам проблемот со избрзувањето,брзоплетоста,агресивноста и нервозата со помош на медитација.
Одговорот го добив од Јога сојуз на Македонија. Единствено ако има луѓе кои не се членови на овој сојуз а да оддржуваат курс... girl.23 ти пишав ЛП. Благодарам
Сакам да појаснам некои работи во врска со јогата, значи немој да се залетувате да одите кај учители кои наплакаат скапо, правиот учител инструктор би ве учил без пари, и ако прашате некој учител до каде сте со јогата и ви каже ја усовршив онда бегајте од тој нема поима верувајте па сега вие како си сакате.