Потполно се согласувам, повеќето друштва за јога гледаат да профитираат. Вежбите се најчесто групни, и не се посветува доволно време поединечно. Секој организам е различен и не сите јога позиции делуваат исто кај секого.
Точно дека секој организам е различен, сите јога вежби делуваат исто, разликата е што јогата не е фитнес за да делува исто кај секого, значи треба да се вежба долго време за да има ефект,притоа не мислам за вежби за зацврстување итн., како кај фитнесот.Не е работата да се затегне телото, туку да се достигне внатрешна хармонија, а со самото тоа влијае и на здравјето.
Во овие јога центрите што се во Скопје (поточно тој до Дом на АРМ) колку чини курсот и колку пати неделно се оди? Ако знае некој да има курсеви за Јога и во Автокоманда да ми пише во лп. Стварно сакам да одам на Јога а не знам ни каде ни колку пари е ни ништо. Мене ми кажуваа за некој до Градска болница инструктор добар и ептен евтино било околу 1200 за прв степен ама таму веќе заврши пријавувањето.
Во АРМ е 1200 денари два пати неделно, мене ме интересира во околината на на К Вода и Центар дали има други места кај што има јога? Порано имаше во многу од училиштава ама сега воопшто не сум информирана така да ако некој знае, фала! Само да се поправам 1200 ден, два пати неделно за цел месец ама еве сега читав со попуст за студенти некаде околу 2 000 денари доаѓа целиот курс од 2, 2 ипол месеци. Мене искрено 2 пати неделно ми е малку, порано се вежбаше по училиштава најмалку 3 пати неделно, но добро најверојатно се преполни немаат термини. Затоа и сакам некоја помала група, не мора да е инструкторот баш од јога сојузот
јас се распрашав во бт, таму курсот почнува на 2 фебруари и е 800 денари месечно, трае два месеца , два часа неделено, па здравје боже планирам да одам
zdravo nova sum na forumot i sakav da pobaram vasi mislenja kako i iskustva vo vrska so yogata...dobri yoga kursevi vo Skopje i ceni.. blagodaram odnapred [mod-kirilica:2qu1tnhr][/mod-kirilica:2qu1tnhr]
http://yoga.org.mk/jc1.htm Овде можеш да си провериш повеќе информации. Инаку почетните курсеви траат два месеци и се од почетокот на февруари (можеш и сега да почнеш наместо да чекаш до следниот пат, брзо ќе се вклопиш), месечната членарина мислам дека секаде е 800 денари месечно, два часа неделно се.
И јас се запишав на Јога, од понеделник почнувам почетничка група, во Топ - форма. Месечно се плаќа 1200, ама март е со попуст така да ми кажаа месецов ќе бил чиста 1000. Бев многу скептична за овој чекор, ама на крај конечно се решив. Ако пробам ништо нема да изгубам. Ќе ви пишам впечатоци
Јас одев во Топ форма, кај универзална се наоѓа. Можеш на фб да ги најдеш. Иначе инструкторката беше таква смирена, а гласот и беше не знам, волшебен. Го завршив курсот тогаш, па после не се запишав пак. Ама ќе биде.
Почна ли курсот во Топ форма во универзална? И откако е почнат курсот можам ли да се зачленам, ако може некоја да ми објасни не знам баш како иде...?
Почнат е. Уште на први месецов нели, како што си иде редовно. Инаку мислам дека не можеш на сред месец да се запишеш, почекај до наредниот месец т.е на први и појди до Топ-форма ќе те запишат во почетен курс. Затоа што сега да се запишеш на средина од месецов, не ти се исплати 1200 ден да фрлиш.
Јас одев ваму http://yogacentar.org.mk/ Немам зборови со кои би го искажала задоволството од инструкторката. Ми се допаѓа тоа што обраќаат внимание на секој член, посебно во Капиштец, самата атмосфера е неверојатна. Вистинско волшебство
Почнав да идам кај едно девојче. Денес ми беше втор час, а се осеќам го да сум вежбала цел месец. Девојчето се испраксирала со јогава во Италија и сега кога се вратила си отворила за јога. Доколку го интересира некој слободно нека си дојде. Баш е супер чудово
Здраво,јас сум од место каде што нема часови по јога,се информирам и вежбам од интернет во домашни услови,но ме интересира како почнува еден час по јога,дали првин има вежби за опуштање,правилно дишење пошто читав дека тоа е најбитно итн.....
Почнува со фаза на релаксација. Легнуваш на под рацете опуштени покрај телото, нозете опуштени и малце оддалечени една од друга. Затвораш очи. Си пушташ музиче за релаксација и го исклучуваш мозокот на 5,6 минути. Ако си почетник продолжуваш со вежбите за ,,истегнување''. Главата лево-десно, напред-назад, горе доле. Правиш кружи движења со дланките на рацете, се стабилизираш, свесна за просторот околу тебе се подигаш пополека и продолжуваш понатака со предвидените вежби. Правилното дишење ние го вежбавме дури во вториот месец од почетниот курс. Не е воошто едноставно, морам да спомнам. Треба многу внимателно да се сконцентрираш на стомачното и градното дишење.