Колку што знам, сите вежби во јога, се за опуштање на организмот, што всушност тоа помага за здравјето, во комбинација со вежби за правилно дишење.Да, правилното дишење е најбитно, исто помага многу за здравјето.А што ние луѓето тоа не ни го применуваме, слабо, мислам конкретно за дишење со стомак.Само треба да се знае на кој начин да се применуваат вежбите.
Вежбите со дишење изгледаат вака. Седнуваш у турски сед или во ваџрасан(позиција на дијамант), и полека почнуваш да го свртуваш внианието кон дишењето. Дали ќе биде тоа градно или стомачно, нема везе. Ако сакаш уште повеќе да се ,,внесеш'' во вежбава, стави ја едната рака на стомак или кај градите зависно кое дишење ќе го применуваш и гледај да бидеш исправена ептен, за да ефектот биде поголем и вежбата биде ефикасна. Од прв пат сигурно дека нема да ги совладаш техниките на дишење. Мене и еден месец ми беше малку.
Вежбите се едноставни, мислам како вообичаеното дишење, всушност длабоко дишење, стомачно и градно, полека се прави, кое ние и онака го правиме, само не често.Потребна е концентрација за тоа.
Јас практикувам јога подолго време и нема замена искрено се осеќам како бебенце кога излегувам од таму а пред да отидам таму сум се осеќала секад мизерно.Нема да се откажам никогаш навистина ми е убаво.
Тешко ми оди дишењево воздухот ми застанува кај делот од градите а не до стомакот како сто сум читала дека ефектот е постигнат тогаш кога чувствуваме како воздухот оди до стомакот
Па и не оди до стомакот туку го полниш со воздух долниот дел на градите што значи целите бели дробови се полнат со воздух а не само горниот дел како што се навикнати најголем дел од луѓето. Диши длабоко и полека (при вежбите), вежбај и задржување на воздухот (во разумна мерка) и истренирај ги удијана бандха и наули и ќе видиш како ќе напреднeш побргу. При „стомачното“ дишење и самиот стомак се опушта или се повлекува зависно кога вдишуваш или издишуваш. Имај трпение и ќе го совладаш
Фала ти за советот,удијана бандха не успеав да најдам видео а ова наули лелелеле дали некој воопшто го има усовршено,неверојатно
Удијана Бандха ти е како прв дел од наули кога скроз е повлечен стомакот навнатре а наули можат многу, можам и јас и не е нешто посебно тешко посебно откога ќе го научиш и ќе го правиш секој ден
Одев на јога и се чувствував смирено, опуштено, имав контрола над се, затегнато и мнооогу еластично. Обврските на факултет и друштвото беа главните причини што престанав да одам. Имам голема желба да продолжам, ама повторно немам друштво. Сама дома си правам редовно некои вежби што ми беа и тогаш омилени. Си пуштам од тоа музичето најубаво и си се опуштам.
Девојки, дали може да пуштите некое линкче/торент за музика за јога, јога за почетници и некое упатство за правилно дишење. И ме интересира како знаете кога да преминете на следното ниво на јога? и колку нивоа постојат? Ме интересира буквално се.
http://www.youtube.com/watch?v=H3vLZqPZxZE јас разгледав повеќе видеа ова најдобро ми се виде за почетници јас си вежбам на ова видео,одбериси некоја музика за релаксирање ги има колку сакаш,нешто што тебе најмногу ке те опушта,а најпрвин прочитај за јога и правилно дишење.http://heptagramxi.wordpress.com/2011/1 ... %82%D0%BE/
Не многу. Бидејки за слабеење ти треба скокање,енергија а во јогата само пред се е релаксацијата и растегливоста на телото. Летото вежбав јога ама неможев да продолжам.