Ако сакате јога симнете ја P90X extreme не целата само јога видеото трае час и половина, летото едно време 1-2 недели де вежбав по него , убави вежби се за почеток е тешко ама прекрасно е видеото
Јас денес бев на јога и за почеток задоволна сум.Вежбавме 6 вежби и нешто пробувавме за правилно дишење.Малку напорно е се бара многу концентрација осетив дека нозете ми се тресеа после стоењето на прсти но не се откажувам толку лесно.
Jaс им препорачувам на сите кои се интересираат, доколку навистина го сакаат тоа - да се обратат кај инструктор или професор. Мое мислење стекнато преку многу познанства, дискусии, личен пат: Муабетот "ќе седам дома сама ќе вежбам" е најголема илузија. Како прво, преку неправилна изведба на асани, а не дај боже пранајама техниките кои бараат многу голема суптилност, може да си нанесете сериозни повреди. Второ, јога е толку комплексен и сеопфатен систем што бара да биде директно пренесен од некој кој веќе го одел тој пат. Не може ниту да се спореди имањето наставник од Македонија и гледањето видео на јутјуб. Трето, одењето на часови мотивира и поставува една шема за тоа како треба да се одвива и индивидуалното вежбање. Едно е кога ќе си речеш ок ќе вежбам во вторник вечер, а во вторник многу ти се излегува во град или ти дошле гости, а друго е кога знаеш дека во вторник вечер си на час по јога. Луѓето посериозно ги сфаќаат обврските на тој начин, јбг Итн., има уште многу на таа тема! Во врска со различните школи, јас можам да зборувам само за моето искуство од 3 години во јога сојузот. Тие се оние кои ја донеле јогата во Македонија, и тоа што е можно во покласична форма, што мене лично исклучително ми одговара, зашто мразам кога кој стигне си крои вежби, стилови и правци. И најголем дел од другите новонастанати центри за јога низ Македонија се бивши инструктори од мојата школа, освен нели оние кои учеле јога некаде во странство. Учителот кој ја основал школата се вика Павлос К. Хасанагас, кој предава јога на овие простори уште од 70тите и спаѓа во најчудесните суштества кои сум ги запознала. Јас сум си најзадоволна, иако минав многу тешки периоди и имав паузи. Изминатава година ја научив најбитната работа: во јога се е до личната практика - џабе е кој и да те учи на крајот на краиштата ако немаш желба и самодисциплина за да вежбаш, а друг не може да вежба за тебе. Се надевам засекогаш ќе го чувствувам за јогата тоа што го чувствувам овие 3 години! И се разбира дека се слабее+затегнува телото со јога, ама ако имаш неколку килца вишок, не е за претерано дебели луѓе. П.С. Задолжителен ѕир за мотивација! Видео направено од јога сојузот во чест на 40 години практикување јога во Македонија: http://www.youtube.com/watch?v=BqQU9bfXyh8&feature=plcp
Се согласувам, за да се вежба јога, треба прво со инструктор, бидејки друго е кога си на час по јога, каде инстукторот лично ги претставува вежбите, начинот на говор, објаснувањето на техниките за дишење, атмосферата ( тишина) која се создава на едно предавање, за што бара многу концентрација, а и да нема човек концентрација, ќе ја стекне од самите вежби, односно тоа е момент на посветување време на себе си, од духовен аспект, во суштина.Затоа е и поразлично од тоа кога би се научила јогата од јутјуб, бидејки секогаш има нешто кое што може да му одвлече внимание на човек, а со тоа се губи концентрација, неправилен начин на вежбање, со тоа тешко се постигнува суштината на јогата, впрочем она кое го кажав погоре.Јас долго време вежбав јога со медитација, па прекинав, незнам зошто, веројатно се заситив, премногу ми било веројатно, сега скоро вежбав, се чувствував ко на масажа да сум била Чудно е како самата јога, прави да се свитка човек,а не е ни чудно што баби се превиткуваат како коски да немаат кои вежбале јога.Интересно е, мож понатака пак ќе продолжам со јогава, незнам, здравје
Еве да го споделам и моето искуство од јогата. Вежбам веке 6 месеци и сум презадоволна од резултатите кои ги добивам, во смисол смиреност, концентрација, еластичност..за мене е вистинско уживање. искрено ја препорачувам на сите и како што имаа споменато и погоре, доколку имате можност почете да учите со инструктор за да ве упати како правилно да се работат вежбите. јас сум бескрајно благодарно на мојата инструкторка која дополнително направи да ја сакам јогата повеќе. јогата не е натпревар, таа е пат кој треба да се оди... намасте
http://www.abc-of-yoga.com/yogapractice ... tation.asp јас вежбам сама по дома веќе 1 месец и сум презадоволна од резултатите ги има од левата страна сите вежби, ем како видео е и ми многу помага што е така прекрасен сајт е.
Сакам месецов да пробам да вежбам јога-одам поредовно на медитација па затоа ве молам да ме посоветувате каде има-да не е многу далеку и многу скапо
На форумов не успеав да најдам ништо за бикрам јогата Баш денес читав во некое списание за овој тип на јога, пребарав на интернет и читав нешто повеќе. Се заинтересирав да почнам, конкретно во Surya студиото кое ми одговара според локацијата, а и цената на месечната членарина не е многу висока. Сакав да прашам дали има некој искуство со овој тип на јога? Се вежба во загреана просторија на 38 степени и читав дека наводно после два-три часа се навикнуваш на топлината, ама страв ми е дека нема да издржам Пишува дека не се препорачува на лица со срцеви заболувања, дијабетес, висок крвен притисок, тромбоза и астма. И не дека имам некој од овие проблеми, ама сепак не знам дали ќе можам да се навикнам
Јас почнав да одам сега на Јога, само што почнаа нови курсеви за почетници во Аеродром, во училиштето Браќа Миладиновци (спроти ред кафе). Курсот трае Април, Мај до средина на Јуни. И до сега сум била само на 2 часа и мора да кажам дека е предобро!! Опуштањето и еластичноста и концентрацијата која се стекнува после вежбањето, а само биле 2 часа до сега. И инструкторката е многу фина, а многу била обучена веќе 30 години практикувала јога. Ви препорачувам на сите. Еве линк од фејсбук http://www.facebook.com/events/603870106307915/
Збор,два за јогата во Битола? Колку друштва ги има? Знам дека некои веќе се почнати ама сакам да се информирам совреме за наредните што идат. Видов една група во неделата, вежбаа во паркот. Баш ми беа simpatico.
откако отпадна медитацијата-малку пауза 2 години и повеке од доста беа сега сакам да пробам со јога-барем еднаш да видам дали можам да ги правам тие вежби или не а сакам да пробам и салса па ке видиме
ова е несто добро,несто предобро за са мите нас те опуста и тоа добро,сум одела порано али сега последно време ми фали
Јогата е нешто најубаво што ми се случило во животот.Стигнав до напреден и прекинав е сега од септември и јога и аеробик ке вежбам.Ама јогата нема замена никаква
Која цена се од прилика часовите во Јога Центар? Курсот веќе сигурно е почнат, така да претпоставувам барем од нова година би почнале нови групи ако не и порано. Треба да се распрашам Немам вежбано јога до сега, а имам желба да почнам
Оваа недела ќе почнам да одам на јога. Ама незнам што треба да носам, мислам на облека. Што обично носите вие?