Многумина се залетуваат по некој вид јога, без да имаат увид во тоа, и после може да си имаат и некои негативни реакции. Најдобро ти е за почеток да се запишиш некаде со инструктор, а потоа ќе ти биде полесно и сама.. Ако веќе сакаш да започниш дома, сама, почни со Хата Јога барем на кратко време, а потоа мислам дека ќе ти е полесно да одиш понапред.
^ Не ни планирав сама да почнам дома, затоа пишав дека ми фати око Surya студиото Само ме интересираше конкретно за овој тип на јога, бидејќи е малку поспецифична. Ако некој ја практикувал, би му била благодарна да сподели искуство
Ја разгледував темава и баш ме заинтересира ова со јогава. Ако има некој информации каде се одржуваат часови по јога во Охрид , колку е цената итн, ве молам пишете ми во ЛП. Фала однапред
Касно го гледам прашањево, но еве ќе одговорам за други девојки ако сакаат да одат на јога да знаат. Јас не би препорачала тренерки. Има јоги хеланки или пак обични хеланки. Ние понапредните јогињи носиме и шалвари, мене искрено шалварите ми помагаат повеќе духовно да навлезам во мантрата. Инаку вежбам боса. Бидејки часовите ми се 2 пати неделно,сепак дома секојдневно вежбам, па дури и да немам време -наоѓам 5 мин колку да направам Surya Namaskar (поздрав на сонцето). И да не заборавам-на јога никако со градник. Носете си беби дол ако не планирате цело време да се местите
Започнав пред 2 седмици со јога и многу ми се допаѓа. Одам на јога која се води како спортска јога и се чувствувам одлично. Мислам да почнам и дома да си правам некои вежби, секојдневно но незнам кои. Некој идеи, барав на ју туб но не најдов ништо што ми се допаѓа.
Lovely ако може да ми кажеш каде и колку плаќаш за часовите јога и дали на истото место има часови по обична јога,не спортска?
Особено сум заинтересирана во врска со јога и медитација откако го гледав видеово: https://www.youtube.com/watch?v=xgRPMajdu34#t=1199, па решив да се запишам на часови по јога; немам ниту еден познат кој посетува часови по јога, па Феминки имате ли некоја препорака за некој јога центар?има ли некое место каде обучуваат и за двете: јога и медитација? прогуглав и ги најдов овие, можеби сте слушнале за некој од нив:Лотос,Перфект јога-јога едукативен и истражувачки центар,Сонриса, Студио Суриа, Центар за интегрална јога и Центар за јога и личен развој. фала ви однапред
Syria се општо познати. Инаку секаде каде што се вежба класична јога, оди со медитација на крајот на часот. Во Мк сеуште најчесто се сретнува класичната. Инаку не ти треба познат ако сакаш нешто да почнеш. Јас почнав сама да одам. Си се јавив си се договорив и еве ме сеа у напредни
Аааа тоа било курс. Моја грешка. јас мислев месечно Епа со среќа на курсот па чекаме да ни кажеш како ти се свиѓа јогата. Не заборавај дека јогата е единствен "спорт" каде што не смееш да си натпреварувачки настроена и да сакаш да си подобра од другите. Во јогата може да се натпреваруваш само со својот ум и да сакаш да си подобра т.е. најдобра за себе
Јас моментално живеам во Бугарија, и тука одам на јога. Инаку плаќам 150денари/час. Читам дека во Македонија е многу поскапо.
zdravo moze li da mi kazete kade e najdobro za posetuvanje na joga kurs , no cenata da bide okolu 1000 denari bidejki 1200 mi e nekako skapo. Pozdrav
Јас сакам да се запишам на јога, но поради работата би можела да посетувам часови преку недела. Термините се во вторник и четврток во 21.00, а јас сум една недела прва, една втора смена на работа. Претпоставувам дека ке пропуштам многу, но ме интресира дали е воопшто изводливо да се посетува јога на тој начин или не?
Изводливо е ,зошто да не. Кога ќе имаш слободно време, а сигурно ке имаш по 1 час дневно, ќе си надокнадиш со вежбите дома
Во капиштец имаш во јога Дарма часови за јога поцетници кој е започнат од 13-10-2014 кои се одржуваат од 17и30 и наутро од 10и30. Овие попладне се во понеделник и среда а претпладневните не сум сигурна ама еве број можеш да се информираш ако ти одговара локацијата 071363326