Јозеф Рудолф Менгеле (16 март 1911 - 7 февруари 1979) бил нацистички лекар кој го добил името „Ангел на Смртта“ заради неговата работа во Аушвиц и другите концентрациони логори. Тој вршел експерименти врз луѓе, а бил задолжен и за организацијата во логорите: во гасните комори пратил околу 400.000 луѓе.Менгеле го користел Аушвиц како можност да го продолжи своето истражување за наследност, користејќи ги затворениците за човекови експериментирања. Тој бил особено заинтересиран за идентични близнаци, кои прво биле селектирани а потоа ставени во посебни бараки. Бертолд Апштајн му предложил на Менгеле да ги проучува лекувањата на болеста наречена НОМА за која што беше констатирано дека особено ги погодува децата од кампот. Менгеле се заинтересирал за физички аномалии откриени меѓу дојденците во концентрациониот логор. Субјекитите на истражувањето на Менгеле биле подобро исхранувани и чувани за разлика од обичните затвореници, и во тоа време ,билееа безбедни од гасните комори. Кога ги посетувал децата- субјекти, тој се претставувал себеси како "чичко Менгеле" и им нудел слатки. Некои од преживеаните, се сеќаваат дека и покрај неговите ужасни акти, тој исто така бил нарекуван "Заштитникот Менгеле". Во книгата Деца од пламен, има белешки за медицинските експериментални активности на Менгеле врз околу 3.000 близнаци кои минале низ кампот на смртта Аушвиц за време на Втората светска војна до неговото ослободување на крајот на војната. Само околу 26 парови близнаци преживеале. 60 години подоцна, како деца кои ги преживеале неговите медицински експерименти и инјекции,тие се изјасниле за посебните привилегии кои ги уживале во Аушвиц благодарение на интересот на Менгеле за близнаците, како и за нивното страдање кое било резултат на тоа. извор: Wikipedia Колку го оправдувате Менгеле?Од една страна тој направил добро во однос на медицината и нејзиниот напредок,но од друга стана на многу нечовоечен начин го правел тоа. Ваше мислење......
Jaс одсекогаш сум имала некоја oпсесија со Холокаустот и се поврзано со него. Кога учевме по историја за него наставничката ни даде задача да најдеме нешто за тоа. Јас страсно се вклучив во проектот, навистина ми е интересно. Сега јас знаев за Менгеле нешто од нешто, ама информациите кои ги пронајдов ме оставија Кое чудовиште! Сиромашките дечиња, мислеле дека тој е на нивна страна, тој сам против светот... Уште ги терал да го викаат чичко Менгеле Јас навистина немам зборови да опишам колку ми е жал за сите жртви кои умреле поради "напредокот на науката"...
Некои постигнувања во медицината биле баш и започнати од Менгеле. Но тој го правел тоа на премногу суров начин. Имам сознанија дека тој во светот сакал да створи ариевска раса. Сакал на светот само да постојат бели деца, со плави коси и плави очи. Така што ги земал очите на деца кои имале плави очи и ги собирал во тегли. Па со помош на генетиката сакал да ја створи таа ариевска раса. Но незнам колку е точно ова, само имам слушнато. Но во секој случај суров начин на експериментирање.
Менгеле - Ангелот на смртта само ја спроведувeдувал идејата на Хитлер за чиста , надмоќна , ариевска раса .Баш гледав една емисија на Дискавери и има докази дека тој ја продолжил својата луда идеја во едно село во Бразил каде има многу близнаци и всушност сите имаат германско потекло . http://www.telegraph.co.uk/news/worldne ... razil.html Холокаустот за тоа време било нешто најлошо што се случило но кога ќе видите што се случува сега во 21 век во Авганистан ,Ирак , во Кина каде насилно им вршат абортус ако имаат повеќе од едно дете човек ќе сфати дека ништо не е нормално на светот туку само некои забегани ликови чекорат на земјава .
Не се сеќавам баш на деталите, одамна читав за Менгеле. Човекот барал начин како да направи да се раѓаат само близнаци, со цел да ја размножи Ариевската (плавата) раса. После војната кога распишуваат потерница по него, тој исчезнува, па се претпоставува дека бега во некое далечно село со променет идентитет и физички изглед. После десетина години во тоа село почнуваат масовно да се раѓаат исклучиво близнаци од ариевски родители. Секој ариевски брачен пар, при секој обид за начнување на дете, добиваат близнаци. И тоа е единствениот доказ дека, можеби, Менгеле е скриен во тоа село, а експериментот го реализира преку додавање на одредени супстанци во храната која што ја конзумираат жителите.
Jas obozhavam prirodno rusokosi i sinooki. Najubavite lugje po moj kriterium imaat severnoevropsko poteklo. Barem da uspeeja da gi razmnozhat, kje rechev deka nekoe fajde i od nacistite imalo pokraj seto losho. Mislam, vo kontekstov, inaku znam deka naukata se polzuva so nivni znaenja.