1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јубилеј од (полу)матура

Дискусија во 'Слободно време' започната од irenna, 7 јуни 2010.

  1. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    На полуматурата сите нешто се занесуваа демек следната година на ист ден ќе сме се собереле и ќе прославуваме една година од полуматурата. После една година, едно дете пиша во групата што ни беше до осмо за да се видиме и сите на seen го оставија. За матура има време.
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас баш пред некое време се видов со една другарка, стандард гледање на блиц па не знаевме што попрво да си кажеме. И тогаш ни текна дека уствари лани ни беше 10 годишнина од полуматура, а не се собравме. Изгледа на никој не му текна :D Искрено, попрво би се собрала со таа генерација од основно, отколку со онаа од средно. Имав поубава дружба во основно, некако бевме посплотени. После во средно бевме расцепкани, секој во свој круг. Денес кога ќе го разгледам алманахот, сфаќам дека многу од луѓето не ги ни знам.
    Во однос на ваквите собиранки, јас мислам дека се баш убава можност да се видиме сите на купче, не гледам ништо лицемерно тука. Во денешно време, јас едвај успевам да се погодам со наблиските другарки за да се видиме, а за пошироко друштво да не зборувам. Кој се ожени/омажи, кој има дете, кој периодично оди на работа на брод... Секој со свои обврски, секој со своето.
     
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Оваа година ми беше 30 - годишен јубилеј од матура... И многу ми е криво што не отидов!!!
    Во истиот ден и термин имав блиска свадба, па не отидов на забавата... Подоцна дознав дека од мојот клас немало ниту еден присутен!!! Точно е тоа дека во класот само седморица бевме од СК, но претходно на 10 и 20 години доаѓаа сите... Но, овој пат, немаше и организација од училиштето за „училишен час“...
    Изгледа времињата се смениле, па и јубилеите не се веќе ИН...
     
  4. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Не сум славела ниту јубилеи од полуматура ниту пак од матура планирам. Гледам некои беа у покушај од средно од смеровите као да слават годишнина ама на крај не им успеа. Еве и со блиските од средно што сме збореле, никој не сака да се види еден со друг од причина што толку не се сакавме и едвај чекавме да завршиме. Што се вика сега не се ни познаваме ако се сретнеме чат пат. Ниту пак планирам некогаш да отидам, што не верувам дека ќе биде така со колешките од факултет затош што имам стварно прекрасни другарки од тука.
     
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.126
    Допаѓања:
    43.690
    Пол:
    Женски
    Ние славевме 6 дена полуматура.Тоа беше невидено и годинава славевме 2 дена годишнина.
     
  6. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Не сум спремна и несакам,несакам дека некои личности несакам да ги видам
     
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Мајко, мајко мила и ова ли правите деца????