Зајечар порцелан баба ми имаше неколку сета различни во витрина и седеа.Не ги наследив за жал, ги дала на некоја роднина кога се селеа. Кога ќе ме покриеа со јорганот се губев во него колку беше тежок. Тетка ми имаше вакви маси. Имавме вакви столчиња за излет ги користевме. Се чудев како ова чудо ќе го наполнат со намирници и не се сќине.
Веројатно знаејќи дека луѓето сакаат да собираат работи, некои југословенски издавачи откако ќе преведеле некоја сликовница, наместо да ја издадат како таква, издавале албуми со самолепливи сликички така што клучните делови од сликата во сликовницата недостасувале. Имено за да се пополнат празнините, требало да се купат мали хартиени кесички со од по 4-6 сликички, а честопати се паѓале дупликати. Некои деца никогаш не успеале да ги пополнат албумите бидејќи сликичките се продавале само одреден период. Таква глупост направил NIPRO FORUM Marketprint - Novi Sad (од САП Војводина) издавајќи го албумот Patuljci - Avanture neustrašivih patuljaka u zemlji čudesa Spoiler Инаку пребогатите илустрации изворно се на италијанскиот илустратор Лупатели познат и како Тони Волф, а гореспомнатиот албум е дел од серијалот сликовници наречени Bosco (итал. Шума) на англиски преведувани како Woodland Folk.
Јас сум еден од тие на кои премногу им се допаѓа брутализам. Мислам дека е пик на естетиката во изминатиот век. Откако ги видов сликите на jugoegzotika од Скопје порано, сфаќам зошто некои луѓе кажуваат како Скопје е скроз огрдено сега, иако порано ептен се бунев кога ќе го слушнам тоа. Скроз интересен факт кој не сум го знаел.
Исто. Да додадам и машина за куцање, колку ми беше интересна. А и сега ми е , ако ги најдам одма ќе си ги ставам за декорација. Инаку друг симбол за Југославија ми е правосмукалкава, баба ми ја имаше до пред некоја година. Да не ги заборавам, теписите: И секако, гоблените.
Аиии правосмукалката колку бучно работеше и долг кабел имаше, мојата комшика сеуште ја користи .Многу сакам такви теписи и гоблени ми се допаѓаат па оние на Вилерој по шема па со таков златен рам .
Прашок за перење во платнена вреќичка. Па после ќе ја распараш и добиваш кујнска крпа Еурокрем во стаклена чаша, нормално чашите се уште во употреба, и после 35 години И така ...
Смедеревац го заборавивме.Ми текна порано кај некои над Смедеревац ставаа жици за пружање алишта на зима да се исушат побрзо.Пусто тоа сушење кога под алишта се крчка грав со пршута и алиштата умирисуваа Мислам дека секоја куќа го имаше ова. Кога бев мала мислев дека е за рака дека моделот таков и ме лажеа кобожем дека од џин го земале часовникот Колку си играв со вагата А ова чудо од греалка како го загреваше купатилото па кога ќе се помеша со пареа леле сауна. Не ми беше јасно зошто ова го ставва пред врата кога одев негде на гости и тоа само машкото Леле ова беше најстрашно ќе избричат брада а со рани пола лице Колку ги тепаа теписите со оваа тепалка хахаха.Баш кај лулашките на тоа металното Боже колку прашина излегуваше сивило.Колку прашина се имаме наголтано тука, а домаќинката после воспаление на мускули од тепање на тепих.
Правосмукалкава во Ск ја пушташ, во Велес ја слушаш ама смрт нема, вујко ми уште ја користи. Заедно со креденци и до скоро дури јамболии. Темава ми врати куп спомени. Има нешто посебно во Југословенскиот дизајн, тогашните хотели, државните институции...не знам дали ради детството имам некоја поврзаност со ова.
Не сум бил роден во тоа време, но сите работи поврзани со Југославија ми будат неопишливи носталгични чувства.
Колку беше тешко ова за вклучување прстот мислам ќе се скршеше. Порано ги имаше во портокалова или црвена.Ќе ме седнат како свеќа паѓав. Фенот колку беше тежок ццц Не ми беше јасно што бараше ова на чешма демек да не прска,а колку ружно стоеше. Многу убаво мирисаше Косили ама колку печеше очи, налет после бањањето. Се чудев зошто петата гола да биде Без ова ниту Смедеревец ни ќумбе не се потпалуваше
Јас не сум родена во Југославија, ама те разбирам, мислам дека тоа нешто посебно е посилното чувство за заедница и некаква сплотеност, измешано со носталгијата.
Голем дел од работиве постирани не се типични само за Југославија, подобро е да биде именувана темата ретро носталгија. Сликите од воведниот пост многу ме потсетија на работи од руската култура која верувам влијаела.
Никој не го достигнал тоа совршенство на југословенскиот дизајн како Џигерицата на Ипче Ахмедовски Шатираниот прамен на Халид Муслимовиќ Списанието Чик (ако нешо е заклучено у подрумот кај вашиот татко или дедо тогаш барајте објаснување зашо е така ) Убавецот ФАП