Читавме Собиравме: Задолжително за во школо Првиот компјутер спектрум И џојстик кој го кршевме играјќи Игравме со: Ми се враќа вкусот на бомбониве
Најмногу од се што ми разбуди носталгија од темава се старитее сликовници и детски книги. Со нив израснав, ги имав милион и сите со тој препознатлив стил на илустрации и бои. Многу ми дојде топло на срцево. Кога ќе сум назад во МК може и свои слики ќе ставам од таквите.
Си замислувам сеа место да станувам рано за на работа и да се мкнам низ магливе, да сум дете на распуст, да си седам во топол кревет под вакво јорганче со Заги од '87: Да си пијам топло какао од Краш: Во Нугатино шољите на Краш од 80-тите: Или во најслатките шољи од Киндер Лада со ликови од Дизни: И да си читам стрипови и сликовници од 80-тите:
Низ просторите на СФРЈ религијата и духовноста долго време биле игнорирани или барем маргинализирани, но во втората половина на 1980-те почнат да се појавуваат списанија за тнр. гранични подрачја на науката. Преку нив поголемиот дел од југословенската јавност за првпат дознаваа за нови дисциплини и нови зборови како јога, медитација, астрал, карма, реинкарнација, сугестија, подсвест, радиастезија, телепатија, телекинеза, НЛО (Непознати Летечки Објекти)... дискутирани биле старо-нови пристапи во исхраната како на пр. вегетаријанството но истовремено за жал ваквите списанија биле и првите ненамерни пропагатори на теории на заговор и разновидни квази стручњаци за сè и сèшто. Белградскиот месечник "TAJNE" списание за граничните подрачја на науката но и религијата, духовноста, филмот, алтернативната медицина, патеписи, а издаван приближно 1987 до 1992(?) со карактеристичен дизајн на гризнато јаболко, алудирајќи на јаболкото на спознанието, не на ајфони Сараевскиот двомесечник "ARKA" со слични теми но со посензационалистички пристап, бил издаван 1988-1991
Уште по некое празнично издание. Свеќи за елка од фирмата "Илирија" од Љубљана од 60-тите. Многу ми се допаѓаат вакви авангардни минималистички дизајни. Кутија со лампиони од 70-тите. Во денешно време мислам дека немам сретнато НГ ураси спакувани во ваква цврста кутија. Тогаш како да се ценеле повеќе работите и гледале да добијат фул пакет за поуредно користење и зачувување на купеното. Денес пример украсиве ги купуваме или во млитава пластична опаковка, или во ќеса, или без ништо од тоа, само лампион. Уште една кутија, оваа е за слатки, од Звечево од 80-тите. Амбалажата е прекрасна. Спреј снег од "Шампионка" од 80-тите. Новогодишна кутија на Краш од 80-тите. Симпатична, ама морам да признаам дека и денешните лимени вакви кутии за бисквити се подеднакво убави. Овие сијалички се од 50-тите. А овие од 60-тите на Тесла. Интересни им се формите. Новогодишни честитки со Вучко, секако од 1984 од Сараево.
ZX Spectrum 48K не е југословенски компјутер ниту дизајн, туку британски. Првите југословенски домашни компјутери биле GALEB (1981) и ORAO како и GALAKSIJA (1984) а тука има понешто на англиски за некогашната југословенска информатичка индустрија. Се појавиле и соодветни списанија како словенечкиот Moj Mikro (1984) кој покрај на словенечки се издавал и на тогашниот заеднички српско-хрватски јазик, српските SVET KOMPJUTERA (1984) и PERSONALNI RAČUNARI кои покрај редовните репортажи за најновите достигнувања во компјутерската индустрија (тогаш воглавно сконцентрирана во САД и Јапонија, поретко Британија и Германија) меѓу другото објавувале и текстови од програмите за некоја игра или едноставна апликација кои читателите можеле да ги препишат во својот компјутер и потоа ги снимат на аудио касета или микродрајв диск како носачи на податоци.
Се сеќавам на Бонд, дедо ми пушеше такви. Многу ми се убави вакви ретро работи, штета што не ги чуваме веќе.
За повеќето слики не сум сигурна дали се во времето на Југославија ама се во ретро стил и темата ми разбуди убави спомени па прочачкав малце низ интернет Сите баби имаа вакви ќилими во ходниците. Строго се метеа со оваа метла, а помодерните со “хеликоптер” правосмукалка Вино и ракија се чуваа во ова. Телевизорот со познатото миленце и рачно везената крпа одоздоле. Како декорација строго порцелански кукли кои не смееш да ги чепнеш. Вакви кукли секој мислам дека имаше дома и служеа строго за декорација на спалните. Најбараните машини за шиење. Уште некоја рачна изработка.
Затоа што биле кршливи. Секако дека се ценеле кога изгледаат и поубаво и не биле само еднобојна пластика Разгледниците со Вучко од Олимпијадата изгледаат многу интересно, до сега ги немав видено. Имам сет чаши со логото
Еве уште неколку: Иначе, овие чаши ги имаше? Или овие? Имало и стаклени, па и подметачи, па дури и Кока Кола извадиле издание за олимпијадата: Разни играчки: Бечови: Торбици: Пез: