Голем дел од работите не сум ги затекнала, ама тие кои сум ги затекнала сега со сликите ме вративте во некое побезгрижно време. А со сликата од правосмукалката ме разбудивте инстантно пошто преку слика "ја слушнав".
Не, ниту еден од овие дизајни. Стаклени се и уште ги имам, ако можам ќе ги сликам и објавам Друштвената игра од другата објава ми се допадна како идеја. Сликовницата исто изгледа многу убаво, подоцна и ќе ја прочитам
Некој дали се сеќава на еурокрем во чаша со дршка (како чаша за вино, само поширока и пониска) со бел капак и мислам имаше веврверичка на сликата на капакот… никако неможам да се сетам како се викаше еурокремот
Барајќи го кремот, ми излегоа лажичкиве Ваква торбичка како оваа жолтава имам во архива, розева, еднаш ја носев на екскурзија
Колку ги сакав овие моливчиња Детска пошта колку слатко мирисаа ливчињата. Најсладок прибор имав со Мики Маус Мончичи мајмунче ги има пак во продажба Индиго лист колку ни беа рацете плави од пресликување.
Не е ни ова Сега се сетив дека не беше југословенски дизајн, во грешна тема сум пишала ова беше 2000тите години Sorry