Уште една од 90-тите: Уште по некое од 70-тите: Капаци од сладоледи од 70-тите и 80-тите на Ледо: Њофра ванила сладолед од '87ма: Варијации во чашка од Ледо, Сомболед и Љубљанска млеката: Ледолина и Супер Корнет од 80-тите: Имало и Ледо Центар во 80-тите: Лажичките особено ми се свиѓаат, баш знаеле да искористат максимум од дизајнот, ем да служи ем да биде интересно.
Не беше југословенски, спомнав претходно. Моја грешка што пишав во оваа тема, од 2000тите години беше еурокремот во чаша со постојле (како на винските чаши)
Кога сме веќе кај кремови, најдобриот крем што некогаш постоел и една од најлошите последици од распадот на Југославија е прекинот на негово производство - Киндер Лада. Имало повеќе амбалажи: И кравицата е заштитен знак. До пред некое време ја имав шољата, не знам што и' се деси, мистериозно изчезна. Многу ми се допаѓаат теглите, имаат одличен квалитетен капак и може да се преискористуваат за нешто друго. Денешната Лино Лада исто така тера стаклена амбалажа и истите ги користам за чување овес и слични работи. Други кремови најчесто се спакувани во пластика. Ми се допаѓа што и шољата и садчето со кравицата имаат гумени капаци, супер додаток на приборот. На почетокот на 90-тите, имало и верзија од 2,5 кг. Чаша од '85-та. Имало и сложувалкааааа. Колекционерот во мене се возбуди. Промотивна разгледница од 90-тите.
Најголеми конкуренти им биле Ципирипи и Еурокрем. Во тоа време Ципирипи го прозведувале Центропром, а денес се под Nestle. Шоља од 90-тите: Кафето Ц: Зачин: Ми се допаѓа дизајнот на зачинов, минималистички, прецизен, јасен; башка метална лименка со гумен капак, супер за чување. Ф'стаци:
Еурокремот со нивната верверица: 2 реклами и капак од 70-тите. Амбалажа од 1 кг, тегла со стаклен капак. Кофа од 3 кг од 80-тите. К О Ф А. И други фирми имале намази во метална кофа, како мармалади од Подравка, од 60-тите и 70-тите: А имаше и друг крем, Вики со индијанче (познато ми е ова, мислам го имаше и во 90-тите): И на нивните чаши имало гумен капак.
Леле ме потсети на Ледо центаров. Колку беше убаво таму чашите за сладолед беа големи како на сликава, ама беа шарени, како виножито и извртени на постолјето. Не знам дали имало повеќе Ледо центри, јас бев во Загреб во 80тите, го паметам и вкусот. Иначе чинијата и чашата со кравичката уште ги имам кај моите
Сложувалки. Со штрумфови од 80-тите, со кутија/чанта пакување. Уште една од 80-тите со штрумфови. Дизниеви бебиња - издание на "Dečjih novina" од 80-тите. "Mali leteči medvjedi" од Краш од 90-тите. Веќе кога сум кај штрумфови; Карти за играње "црн петко" кај што Гаргамел е црниот петко, од 80-тите. Убавини. Албум со сликички од '84та од "Dečjih novina". (Имаше еден преубав албум во 90-тите со штрумфови, го имав собрано цел, имаше и картонски фигурички 2д) Сет со чаши за вода, толку едноставно, а толку слатко. Значки. Сложувалки играчка.
Конечно иам оправдување да собирам ЖЦ покрај ќерка ми. Да се потсетиме на старите верзии: Еве еден албум од 80-тите. Еден од 90-тите. Сликички од 80-тите. И еден редок примерок од 70-тите во бела амбалажа. Кутија од поклонот по собран албум, од 80-тите. Мераци. Патем чашава е од 80-тите со мотив од цртанот Влуфонси. За тие времиња, супер биле албумите. Наша среќа што се немаат откажано Краш и упорно ја тераат традицијата (језда верувам многу им се исплати). Во секој случај, денешниот албум е убедливо и нормално најубав. Многу ми е мило што и јас дочекав со ќерка ми да си го потполнувам.
Еурокрем - здрава свакодневна храна . Маркетинг левел 1000 Исто како што и денес главниот маркетинг за нутелата е како совршен/најдобар избор за појадок.
Се давал еднаш неделно со чаша млеко во градинките и училиштата (или барем оние кои нуделе доручек) бидејќи ете рекламата убаво вели на српско-хрватски: „За генерацију која расте!„ а децата секако требале да пораснат во силни здрави титови партизани
Од југословенско време имам сочувано дизајни на плетен чаршав и миленце на кои никогаш не им се врати модата, престилка за готвење која никогаш не ја употребив за да не ја упропастам и една сингерица која многу одамна шиела костуми за тогашните театарски глумици. Барем така ми е пренесено. Овие старини ми се поклон од моите баби, затоа и си ги чувам, ми имаат емотивна вредност. И ми текна и на "Политикин Забавник"
Од 80-тите е. Еве едни од Кандит, од 60-тите и 70-тите. Ми се допаѓаат минималистичките дизајни, а она со коњакот и јајцето (eggnog?) баш би сакала да го пробам.
Модерен минималистички мебел. Познатата фотеља на Мебло од 70-тите. Коктел фотеља и отоман ид 60-тите. Уште една фотеља од Боби Мебло. Спутник лустер во пастелна "нане" зелена. Формица стол од 60-тите и портокалова space age лампа од Емил Пољкане од 70-тите. Стол Школка од Нико Краљ за Стол Камник. И зелен телефон на Искра модел АТА 32. Канцелариско столче од Стол Камник од 60-тите. Боите и дизајните се пренајпрекрасни, можам да замислам уште колку поубаво изгледале чичка нови.
Малце велигденски ствари. Пластично чинивче за јајца. Млечна чоколада од Звечево од 1972ра. "Камени" дражеи бонбони од 80-тите. Слико за јајца од 70-тите. Разгледница од 30-тите. Чоколадо на Кандит од 90-тите. Прекјут. Шарени јајца дражеи на Краш, исто од 90-тите. Овие ги памтам. Сет гумени играчки исто од 90-тите. Дрвени јајца и пластична амбалажа за бонбони.