Иде лето и жешко времеееее. Ах фали времето кога едвај дочекувавме 10 јуни за да може да се изнаигруваме по цели денови. Во 80-тите се возеле: По комшии, до продавничка, на базен и езеро се носеа папучи и сандали од Југопластика: И вакви шарени апостолки со дебел ѓон: А на плажа се мачкавме со: Ги памтам двете на Делиал, пренајубаво мирисаа. И наочари од Sun Mix:
Пиење топло млеко во вакви чаши кај баба и дедо пред спиење ми беше омилен момент Јас од помладите сум ама кај баба ми додека беше жива си стоеше тој ретро стил.
Ах, јас ја имав таа со китки, брат ми таа со детето . Уште ги има негде мајка ми ваљда, мислам дека се неуништливи.
Јас во викендица уште имам од оние металните шарени чинии и тавчиња за пржење. Постари од мене се ама служат Едит Слични на ова
Се носеа чамци и гуми од Југопластика: Пераи од Рис: Со радио слушалки на глава: Со сокче на Фруктал: Кокта, Нара, Јупи, Свинг, амбалажи од 80-тите.
Детски каши: Чоколино на Подравка од 70-тите. Многу природна и многу здрава. Битно дизајнот е пресладок. Бебипапа од 80-тите. Сличен дизајн ко горниот на Чоколино, уште посладок. Мусли Јаса од 80-тите. Убаво минимално. Овошен јогурт на Дукат од крајот на 80-тите. Повторно, минималистички дизајн. Хуго желе со вкус на малина и шлаг, исто на Дукат, од 70-тите. Ова би го пробала, ни фали желе во чашка по маркетиве. Мастики. Тин и Тина од 80-тите. Со цели 81 сликичка со разни тематики. Ми се допаѓа кога постои опција за собирање ствари, било да се сликички или стикери. Овие се од Краш во форма на цигара, од 80-тите. Дизајнот е супер интересен, има џез вајб. Уште едни од Краш од 80-тите, со арома на цимет. Ист дизајн ко на Wrigleys. Бим, мастика и бонбони. Нешто ептен ми се познати, памтам ко да имаше со разни капи.
Бонбони. Мини цедевита и пеперминт бонбони од 90-тите. Ги имаше и во 90-тите, поготово се сеќавам на тие пеперминт, супер беа. Од големите пеперминт бонбони, амбалажа од 90-тите. Мислам дека и сега е иста или ептен слична. Препознатлив изглед, нема потреба да се промени. Кико амбалажа на ќеса од 70-тите. Колку поразлично од денешната, освен логото, нема допирна точка. Прв дизајн кој не ми се допаѓа, претерано сериозен е, не личи за бонбони. Метална амбалажа на Кики со Заги маскотата, секако од 1987ма, поради олимпијадата. Не е лошо и денес да пуштат ваква кутија. Уште една лименка, Халф на Плива од 80-тите. Многу симпатичен дизајн, обожавам ваков минималистички groovy изглед. Исто и Кава бонбоните, интересен дизајн, ама одвратни на вкус, не знам кој уште ги јаде овие, бљак. Цртица, се уште меѓу подобрите вкусови, а и амбалажата е супер.
Постер од 70-тите за Бронхи. Амбалажа од 80-тите. Амбалажата од 90-тите, која најмногу ми се допаѓа, едноставна ама привлечна. Имало и карти, претпоставувам како подарок. На купче сите бонбони на Краш од 80-тите. Која од која погрда амбалажа. Омотот на билните бонбони, е овој ми се допаѓа, растението од страна е доста минималистичко што речиси делува како патерн. Легендарната јагода што никад нема да се смени зошто е совршен дизајн. Овие со мед ми беа омилени како дете во 90-тите. Сега сфаќам дека и дузајнот е супер, пак минималистички но со јасен приказ дека станува збор за бонбона со арома на мед. Во 80-тите имала скроз друг дизајн бонбонава, тој од 90-тите е сто пати подобар со појасен концепт. Ете ја и карамелата од лешник, сличен дизајн на тој со мед.
А вака изгледа дизајнот за карамелата со лешник, од 70-тите. Најпрост наједноставен концепт, фонт и слика од лешник, 2 бои. Многу досадно. Омот од бонбоните Слатка Тајна од 90-тите. Скроз ги памтам, и дизајнов, и вкусот. Од ананас ми беше омилена. Распеани овошја, реално океј дизајн наменет да биде привлечен за деца. Лево е пакување од 30-тите за овошната карамела од тогашната фирма Јунион, претходник на Краш и КиКи бонбоните. Ги заборавив и легендарните Бимбо мастики од Краш, со арома која трае 5 секунди отприлика.
Абе југословенски дизајн за тв реклама... „Сах“ на Алкалоид. Којзнае како мирисал, ама рекламава фенси беше.
Имаше книга „Разговори со Сах„ некогаш мислев дека има врска со парфемот но издадена во 1996 времето на СРЈ (1992-2003) не на СФРЈ. Spoiler Некогаш возовите директно одеа од Атина преку Гевгелија, Скопје. Загреб, Љубљана до Виена и Трст. Книгата со возниот ред на ЈЖ (Југословенски железници) наменета за патниците:
Класа. Го памтам овој сет, мислам и дека ги имам малите тацни. А сетот со сина линија ми е омилен, а особено ги сакам шољите, тој стил ми е омилен за кафенце.
Темава ми разбуди толку многу дамнешни спомени. Рунолист чоколатцето мхмххх нели @Cosmic Girl ? И тако за ужинка не товеа во градинка. Метални лончиња и сите сервиси за јадење од сликиве ги имаше во сите поранешни ју хотели каде што престојувавме редовно на зимување/летување. Кога бевме првачиња ни ставаа капа Титовка со петокрака и црвена марама околу врат и дававме чесен пионерски збор. Задолжително идеше фотограф да те слика една поединечна и една со цел клас. Уште ја имам поединечната урамена некаде од моите во викендица краси ѕидови, сува лепота. Имавме многу убави сликовници, баш како серија беа девојчиња и со облека од хартија им ја сечеш и ги облекуваш различно. Креативни нешта за развивање на имагинација. Рубикова коцка... Леле и она куферчето со играчки за да се преправаш дека си докторка, слушалки, пластично чеканче... Столчињата и дрвените масички типичен стил и дизајн за тоа време по градинките и забавиштата. Ставени се многу слики, баш се навратив на некои убави спомени. Е и поштенски маркици имаше на картичките вака новогод. период што си ги испраќавме со интерсни дизајни за тие времиња и динарите. Ауу легендарни беа ликовите на парите, сите беа реални ликови со име кои се и приказна која треба да ја симболизираат, рудари... Една миљарда, две миљарди Имам зачувано некои од нив за спомен, Бог да питам само каде сум ги затурила.
A бе, ме СРОЗИВТЕ со темава... Случајно ја најдов во активни теми. Секако имам инсомнија, ама со ова... Јас плачам, буквално. Цел живот ми помина ни глава додека ја разгледував темата. Уф!