Барајќи ја елката во подрум, си најдов оригинал чашки со Вучко. Никогаш претходно употребени, во оригинал кутија.
Тукушто си нашла закопано богатсво, отприлика 200 евра претпоставувам Го најдов ова случајно, ми текна на тебе и на темава https://www.madeinyugoslavia.shop/
Ааа да, made in yugo ми е еден од омилените профили, погоре сликите од таму се. Нема да ги продавам, за моја душа ќе се.
Прејака темава, браво @MissChievous Некои ствари првпат ги гледам, некои секако сум ги видела кај баба/дедо или други постари луѓе. Имаме мислам некои работи зачувано, али којзнае кај се. Чудно, како темава буди ко носталгија, а немам живеено во тоа време, преинтересни предметиве ми се чинат.
Еве уште неколку мили спомени од моите детски денови -во 80тите и 90тите . Праќавме новогодишни честитки, добивавме новогодишки пакетчиња и имавме прекрасни колекции од детска пишта, салфетки, сликички од мастики ...