1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јунска ноќ (Haziran gecesi)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од BI-44, 27 февруари 2012.

  1. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
  2. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    колку се убави леон и лале заедно, што убаво ке биде да останат заедно :lol:
    дали на тој состанок во анкара ке се сретнат хавин и баран?
     
  3. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Нема да се сретнат тогаш, малку покасно. Јас гледав така малку на youtube ама не разбрав што зборат :rofl:
     
  4. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    :rofl: да видов, мислев дека ке погодам нешто, ама сум се излажала :rofl:
    јас ја гледам на страната што ја стави хохо.Мартина, ја има со српски превод

    со парите кои и ги дале да не се појавува пред баран, хавин купува хотел во анталија, името и е сменето во сибел, една вечер во ресторанот ке види девојка која многу личи на лале, тогаш ке свати колку таа и недостига, ке се јави кај ќазим како клиент дека бара девојка за придружба и ке ја земе лале кај неа, после неколку месеци во хотелот доаѓа другарот на баран од лондон и се вљубува во неа, хавин тоа ке го искористи за да се врати во животот на баран и неговото семејство и да се одмазди за се. за тоа време баран е оженет со докторката има керка околу 2-3 год и очекуваат близнаци.

    толку гледав :)
     
  5. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Баш ми е мило што ќе си има свој хотел. Јас кога гледав на youtube видов дека се плетка со тој другар на Баран, но не мислев дека он ќе се заљуби во нејзе. Е искрено ова не ми се допаѓа :tmi:
     
  6. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    дааа, мене ми се допаѓаше на почеток, кога мислеше дека само ке го прави љубоморен баран, :D

    но сегааа џемал стана како опседнат со хавин :!: , кога му кажа дека несака да спие со него тој полуде, па мораше да го излаже дека е силувана и затоа несака :o
    дури го намести баран да ја бара за жена бидејки тој немал семејство, па кумру и мажи мораа да преземат за да го извлечат баран од ситуацијата. сега хавин е верена со него.

    ептен заглави хавин со него :@
     
  7. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Чекај, не сфатив. Хавин со кој ќе биде верена?
     
  8. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    со џемал, другарот на баран
     
  9. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Овој Баран изгледа и е маж/дечко на Неџла во приватен живот.
     
  10. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Аууу ова навистина ќе се искомплицира. И да претпоставам Баран и другар му ќе се испокараат
     
  11. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    баран ке ја препознае уште првпат кога ке ја види, но нема да каже ништо поради џемал и дујгу, првин ке се дружат така, но по некое време дујгу ке почне да се сомнева и ке му каже на џемал дека хавин е вљубена во баран, тој ке се налути и ке отиде во ресторанот на хавин кој таа ке го отвори во истамбул и ке проба да ја силува, но лале ке ја спаси, потоа џемал ке ја киднапира ке ја затвори во еден хотел и ке ја натера да му каже се која е и што е, тука ке ја спасат баран и татко и, таа ке остане со татко и а баран ке отиде со џемал, но нема да се скараат ке продолжат да се дружат, дујгу ке замине со децата во друга куќа, баран ке се кандидира за премиер, кумру ке ја затворат во болница, хавин ке купи куќа заедно со татко и, лале ке остане бремена од леон....
    продолжува :rofl: :rofl:
     
  12. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    ^ Аууу па ова налик на шпанска серија ќе испадне.
     
  13. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Хмммм... а ме интересира ќе бидам ли барем на крај заедно? :tmi:
     
  14. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    баран и хавин ли? дали ке бидат заедно

    малку погледнав на youtube за последната епизода, мислам дека ке бидат заедно, но на крај баран ке го убијат, од тоа што можев да сватам на турски
     
  15. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Офффф, значи филмот цел компликации ќе биде :^)
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.096
    Пол:
    Женски
    Денес случајно некоја реприза фатив и ќе умрев каква е синхронизацијата. Лелел брат каква фуфа видов :o
     
  17. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    тотално ја уништија серијата со сихронизација и другите не се сихронизирани кој знае како, ама оваа катастрофа е, јас ја гледам на нет со српски превод многу е подруго за гледање ме освои серијата пола и повише ја изгледав
     
  18. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Па и јас планирам да почнам да си ја гледам на интернет. Остај што сихронизацијата е лоша, нашиве ја делап една епизода од 45 минути на две и меѓувреме се утепуваат од пуштање реклами..уффф нешто најмногу што мразам, на најубавото да прекинат :tmi:
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Гледам ако ми е уклучено кога фатам, и сега нели сите ќе очекуваме Баран да дознае дека Сибел е всушност Хавин. Е зезнатиот момент е што е оженет и има 3 деца веќе. А овие плави двете, леле леле кај ги нашле :D Баш ми е жал за Хавин.

    Не е копија серијава ама многу наликува на други со операцијата како Џанан - по пожарот, Езел - по бегството од затворот се преименува од Омер во Езел, Полат - по договорот со државата како агент од тајната служба од Али да се преименува во Полат и да си го смени лицето скроз... стварно не мора скоро во секоја серија главниот лик да има несреќа, па да прави пластична операција, да си го смени идентитетот во изглед или името само итн.

    Прво и најголемо наравоучение е дека ако згрешиш некому, тој ќе најде начин да се врати и да се одмазди за се. :D
     
  20. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Да личи исто и на шпанскиот sin senos no hay paraiso оти нели проститутки на почетокот.Сега Хавин изглегува полу-проститутка :lol: Ни таму ни ваму.Татко му на Баран победи ли на тие изборите што беа тогаш?Може малку и на Анали потсетува па изгледа е мешавина од повеќе филмови.Интересен е ама некои сцени се чудни.Само да не заврши трагично