jupiter je planeta koja nosi zastita i sreka zavisi vo koja kuka se naoga i kakvi aspekti pravi obicno viekaat deka nosi golema zastita ako e vo prvoto dvanaestoto ili osmoto deka deluva kako angel cuvar a za prosperiranje i fanasii se gleda vtoroto pole jas so ova sto ti go kazuvas ne se soglasuvam
Јас не го извадив тоа од памет, пренесувам што имам читано. А во врска со покровителите и луѓето преку кои доаѓа финансиски бенефит и помош во кариерата, ако гледам од лично искуство, дури и морничаво точно е (за брак не знам, не сум омажена). Само што и не можам да кажам дека верувам нешто многу во овие работи.
Јупитер ми е во Рак, во седма куќа, значи Вага? Марс ми е во Вага, во четврта куќа , значи Рак?? Сконтав мислам
Ај сега , кој се разбира од ова нека ми протолкува овде . Јас ништо не сфатив Јупитер ми е во лав ? А маж ми е бик
Во стрелец го имаш Јупитер, лавот ти е празен, седма куќа. Ајде да пробам нешто да ти протолкувам, само не знам колку ќе биде точно. Отворена личност си, немаш проблем при комуникација со луѓето, а и партнерот е ист таков. Кај тебе врската започнала со пријателство, или партнерот ти е како другар...? Ја цениш независноста, својата и таа на избраникот, не патиш да му бидеш на прво место ти и само ти, битно ти е тој да си има свој живот и да се посвети на свои цели. Можно е здравјето да ти е кревко, ако не сега, понатаму во животот... Исто внимателност при правни прашања, можни се проблеми... Не ми замерувај ако не погодив, не сум експерт за овие паранормални работи
Мене ич не ме бива за ова фала ти што си се потрудила да ми протолкуваш го ценам трудот . Башка , повеќето работи си ги погодила . Отворена личност сум за комуникација , маж ми своевремено ми беше другар ( кај мене па сите врски така почнувале ) , а и ден денес пред се ми е другар , сакам да може да се потпре на мене за се исто така и јас да можам да се потпрам на него за се . Секако , сакам да сум му на прво место , но не постојано , мислам дека би ме гушело тоа да сум му постојано на прво место . Е сега , он не е стрелец , бик е . Можеби во подзнак е стрелец , не ми текнало да пресметам . За правни прашања и проблеми сум најголем антиталент , ќе треба да проучам нешто на таа тема , што велиш можеби ќе ми треба . Здравјето отсекогаш ми е на " стаклени нозе " , баш периодов имам проблеми со јајниците , иако на ехо покажува дека се е океј , сепак имам тапи болки повремено . Се надевам дека е само настинка , бидејќи сум многу паничарка кога се работи за цисти , израстоци итн ..
Епа баш тоа е присутно кај тебе, другарства кои се развиваат во љубов Убаво штом погодувам, значи на правилен пат сум. Само жал ми е што погодив дека си осетлива со здравјето. Наталнава вика дека си била и нежно дете, не знам... Би требало да бидеш претпазлива со документи, да не те изигра некој законски или да не се зезнеш самата и општо, почитувај ги законите, наводно не можеш нелегално да профитираш, би ти се одбило, што знам дали е така, ти кажувам што гледам. Инаку, генерално ќе си живееш хармонично и во радост Ако во младоста имаш или во детството си имала проблеми и кочници (според наталнава си ги имала), понатаму тие се средуваат. Биди посигурна во себе, професионално можеш да постигнеш повеќе одошто веруваш и жално е ако не се обидуваш.
Сатурнот во шкорпијата ќе да е лош... Hесогласувања со децата. Не сум сигурна дали од конфликтна природа, ама наталнава вика некаков проблем со твое дете. Романтична си, за партнер сакаш некој забавен, кој ти посветува внимание, не би можела со ладен, резервиран човек, себичен. Да не си била поповлечена како мала? Или другите така те доживувале. Денес умееш да ја управуваш таа сензитивност. Знаеш да самуваш, но одвреме-навреме тоа те прави нерасположена, во исчекување, чувствуваш неизвесност... Но таква си што грижите ги оставаш во минатото. Приходите доаѓаат од домот? Заработка од дома, наоѓање работа преку таткото или со помош на таткото, таткото добро те обезбедил, услуги... така некако. Добро се согласуваш со тие околу тебе. Некој или нешто те попречувал(о) во образовните цели, дали не ти дозволувале твоите да се запишеш каде што си сакала или... Внимавај на здравјето низ животот, редовно врши прегледи. Имаш харизма и јак карактер, впечатлива си (Венера и Марс ти се во конјункција, плус во Лав).
Сатурн е секаде лош и кочничар. Само што кај тебе е во Шкорпија и владее со седма куќа (седмата куќа одредува брак), а сместен е во петтата која ја поврзуваат со децата. Веројатно индицира на проблем со дете. Кавга.
@sjdgo На неколку различни страни правев, а ист датум на раѓање, време и место ставив, ама како да не излегува исто Ај види ти и кажи ми што гледаш
Не бе мила, Марс, Венера, Меркур ти се во трета куќа (Лав и Девица). Сатурн ти е во Шкорпија во петто поле, а ти владее со седмото (Јарец). Табелата те буни, ја толкуваш погрешно. Погледни го графикот. И не земај при срце, Сатурн некаде мора да прави проблем. Извини што не ти вратив побрзо, ме болеше главата и само ти го лајкнав мислењето, не можев да пишувам. Јас би ја зела предвид првата карта. Твојот натал ми е многу интересен. Воопшто не си за површни врски. Напротив, чувствата кај тебе се интензивни, ќе имаш стравови дали партнерот е лојален и ќе го ставаш на тест, претпазлива си, не даваш доверба лесно. Тебе ти е многу важно партнерот да ти претставува поддршка, секогаш ќе те привлекуваат луѓе кои можат да ти бидат од помош, на што си подготвена да возвратиш со иста мера колку што можеш и способна си да возвратиш, интелигентна си и добар советник, емотивно стабилна. Многу принципиелна личност, трезвена, цврста и одговорна. Имаш убави показатели за успех, ама малку е неизвесно. Можеш да се етаблираш во општеството, јас ти препорачувам да се бориш. Имаш шанси за добро работно место и ти следува наследство. Можни се имотно-правни спорови. Детството не ти било идеално. Имаш аспект кој укажува на домашни проблеми, болести на блиски (?), не знам дали ситуацијата во домот се подобрува, ама твојот социјален статус ќе напредува. Можеш дури и да станеш позната за јавноста, ама веројатно не во фокусот туку повеќе како позадински играч. Треба во подоцнежните фази многу да внимаваш да не ти тргне наопаку. Ако ова го реализираш се разбира, зашто нешто може да ти застане на патот, ама подобро не обѕрнувај се и вложувај труд.
Јупитер ми е во 3 куќа во Близнаци и јас префекно се согласувам со близнаците , и мн често воспоставувам кумуникација со нив
Ееј ајде помош малку како не сум ја видела темата значи јупитер ми е во 5та куќа во јарец, а марс во 6та куќа исто јарец Венера во 8ма куќа водолија како сега да комбинирам не сфаќам?
Во твојата натална карта види каде се наоѓа јупитер ( за твојот сопруг) во која куќа и во кој знак, потоа треба да комбинираш тоа и јас не го разбирам