@JollyGirl, порано ептен ги гледав и Морган и Рајленд, ама по некое време почнаа досадни да ми стануваат. Ептен ми делуваат ко да не им е ни најмалку интересно тоа што го прават, ама мора секоја недела да објават видео. А Триша е ептен блиска со сите нив. @Regina.Phalange, не ѝ беше намерно, ама покрај тој rant што изби на интерент за короната и кинезите, треба ептен смотан да си за да го објавиш тоа. @GirlRose, го гледав, интересно е но, мислам дека требало повеќе учесници да се одберат. Вака додека се запознаеш со сите, шоуто ќе заврши. Колку епизоди ќе има, пет? Бар првата епизода да немаше елиминација. Џејмс ептен се гледа дека глуми одредени реакции.
Искрено не направи нешто толку страшно и затоа не кренаа толку прашина луѓево, ама сепак уште има лути коментари. Не е Триша за неа...Триша е одвратна и расипана. Морган премногу е фина, добра, природна и затоа ја сакаат луѓево...Затоа и јас ја гледам. Некако ми делува ептен искрено Инаку да, Триша и Шејн се блиски и порано заедно снимаа, ама Шејн сега има попаметни работи па не верувам во иднина да снимаат. Може приватно повеќе се дружат. Триша има триста драми од порано. И јас не знам точно зошто со МНОГУ јутубери е скарана, ама знам дека сега има профил на OnlyFans па се слика гола (со сите интимни делови на изволте) и за одредена сума праќа видеа кај што мастурбира. @Ketchup Јас заборавам дека постојат тие двајца искрено Само кога ќе дадат ново видео ми текнува на нив, и одма го отворам со надеж дека Шејн ќе го видам...или Герет...или Ендру нешто ќе додаде во позадина. Многу ми фалат тие поранешни видеа на Шејн и дружината, кога одеа по хотели, или истражуваа и теории кажуваа, или Шејн и подготвува изненадување на мајка му... Ама Шејн сега јутубер над јутуберите стана Се дигна на ново и оригинално ниво, па тешко дека во такво издание ќе го видам.
@Ketchup мене Џејмс ми е многу смешен посебно кога изиграва некој авторитет. Па и критики деле кога и самиот беше обвинет дека ги фотошопира до степен на неможно сликите. Ма да интересна е. Ама шо знам, Џејмс не ми е за таа позиција.
Не знам дали е до мене, или Тати се повеќе ми е фејк и unrelatable. Скролам преку нејзините видеа, едноставно не ми е интредна и ја немам гледано веќе година дена можеби. Порано имаше искрени препораки, сеа ми е станата boujee Tom Ford mascara kind of bitch. Scott Barnes, Jessica Alba и кој веќе не го донесе да си се промовираат и да си шлапаат комплименти. Thanks, I'll pass. Џефри ми е најомилен! Има карактер, знае да ти задржи внимание со контентот, козметиката од она што имам користено му е меѓу најдобрите на пазарот. Интересно ми е што е дива и без влакна на јазик, или го сакаш или не, нема некоја средина. Има die hard фанови и тоа е неоспориво. Дези Перкинс ми е инспо од секогаш, девојката е преубава и прехаризматична. Еднаш ми лајкна коментар на инста, абе се испосрав. Со Кејти ми се најдобро дуо! Џејмс Чарлс ми е детиште кое не го заслужува вниманието кое го добива. Публика му се тинејџери и деца за кои е лош пример со многу постапки. Шејн е олд скул јутубер на кој сите му имаат гледано барем едно видео. Ми фалат теориите на заговор и видеата кои ги правеше порано. Последниот серијал со Џефри му беше masterpiece! Mar ја открив неодамна, хакс видеата и се signature content и ги гледам секогаш пред спиење. Многу е забавна SkincareWithHyram ми е откритие за 2019! Препораките, рецензиите, реакциите на рутини, дечкото ми е дневна доза позитива во комбинација со skincare едукација! Ги гледам и James Welsh и Susan Yara, меѓутоа повеќе се согласувам со skincare филозофијата на Хајрам. Во главно следам јутуб канали за шминка, а и драма канали богами
Мене ми е една од најдобрите за гледање, природна некако, но во последно се согласувам не е тоа тоа. И јас прескокнав некои видеа, што не било случај претходно. Мислам и дека инспирацијата не и е иста. Мене најинтересна ми е кога пробува нови производи а во последно имаше и друга содржина, може и тоа ми влијае. Agreed, и 40 минути да е видеото, го гледам. Плус, не објавува толку пречесто и одвај чекам да објави. Толку ти држи внимание и е интересен, има посебен однос, стил, баш што викаш или крајно ќе те нервира или ќе ти е преинтересен. Кај мене е второво. Се уште го следам ама ниту едно видео немам гледано. Видов дека почнал некое реалити шоу, немам ни малку желба да видам за што станува збор. За шминка навистина е добар но после драмата, некако ептен фејк ми е во последно. Леле како сум ги чекала епизодите, прејаки беа. Онака негови видеа не следам премногу ама со Џефри ми се баш комбо. @Kahlua извини што на твојот пост, пишувам мој, но морав да се надополнам. Инаку, ги следам и Jess and Gabriel, баш ми се слатки и интересни за гледање. Manny Mua го гледам од време на време, знае и тој да биде интересен и да задржи внимание. Има некој спешл хумор. Mia Maples ми се допаѓа кога испробува различни try-on hauls. AlexandrasGirlyTalk снима навистина добри видеа, не објавува често, но секое видео вреди да се изгледа. Milabu секогаш ми е инспирација за различни hairstyles. Ги следам и Teni Panosian, Amanda Ensing, saaammage но ептен ретко ги гледам нивните видеа.
Неодамна почнав да го гледам MrBeast. Секое видео му е хуманитарно и донира пари, храна или поклони, но тоа го прави на многу интересен начин преку игри или предизвици. Човекот е срце. 90% од заработката ја вложува во нови видеа.
Ја прати некој драмава со Тати? Јас искрено не можам да ја поднесам и на ниту еден збор не и верувам.
Јас слушав од Smokey Glow, имаше видео на темава. Повеќе ме изненади Jenna Marbles со нејзиното видео и што кажа. Не ја следев али ог е
Дека Тати е помалку виновна, не е. Меѓутоа не знам колку следевте изминативе месеци, Џефри целата вина на неа ја префрли. Кажа дека Шејн и он немале никаков удел, а и те како имале. Џефри давал информации на драма канали, што значи он највеќе бил во исчекување на видеото. А Шејн не добил одобрување за драмата во серијалот од никој. Така да може и сѐ беше испланирано за палетата. Џефри е манипулатор. 100%.
Тати до пред видеото Бај Систер ми беше една од омилените, да, малце е holier than thou и знае баш да биде неправдена во ривјуата (мислам, не е на ниво на Марк Џејкобс бронзеров на Револушн, ама не е ни 80 евра де) До ова видео, не гледав други нејзини, и иако ја сакам палетата не ја купував. Џејмс Чарлс не дека ми е нешто омилен, дете е и како такво го перцепирам, и полесно можам да му "простам" глупости пошто дете е де. Начинот на Тати беше дно, МАДА (тогаш мислев) ако јас продавам колачи, а другарка ми оди и препорачува други колачи и промовира... не знам дали баш ќе останеме другари. Веројатно нема видео да снимам, али па не сум јутјубер Како и да е, Џефри... не сум била некој фан негов никогаш, ама не ми бил ни одвратен. Сега после се' ми стана искрено. Не дека Тати е невина, и мислам дека е свесна дека не е, hence извинувањата. Знам како е да веруваш на погрешни луѓе - отровни луѓе. Мене и претходно не ми беше јасна поддршката нејзина кон него, ваљда за бизнис и' одговараше. А и мислам дека жената стварно има потреба да биде мајчинска фигура и бира неконвенционални ликови, како што е и самиот Џејмс. Не ги следам до детал, но после целава година, заклучокот ми е: 1. Неколку пати бев на раб да купувам производи на Џефри - дефинитивно нема 2. На Морфи со кои Џејмс соработува не купував и нема да купувам 3. Ќе ја купам палетата на Тати, прво пошто ми се свиѓа, а второ зашто од мене "простено" и' е, мада ѓавол ипол ќе ме кошта и веројатно ќе ме царинат.
Се сложувам. Покрај фактот дека има проблем со забременување, за кој што има зборено веќе, некои луѓе едноставно имаат тенденција да си фаќаат работа со личности на кои сакаат да им помогнат, да се сменат, да сфатат дека прават нешто погрешно итн. И верувам дека сакала да им помогне да „станат подобри луѓе“, можеби највеќе затоа што сум го правела тоа и јас за други луѓе. Ситуацијава е очигледно многу повеќе од јутуб драма, и во ова има замешано премногу луѓе и прееееееемногу долари. Не верувам дека Џефри ќе биде cancelled затоа што неговите фанови се опседнати со него и он си има изградено култ на личноста околу себе. Да, може ќе се намали заработката, ама за Џефри тоа е ситна пара со оглед на тоа дека заработува милионишта на годишно ниво, и веќе има пуштено корења во премногу различни бизниси од кои црпи пари. А, убедена сум дека бил љубоморен на Џејмс и неговата популарност и дека има буцкано да се деси ова за да не му биде конкуренција.
Тие што се опседнати нека бидат и понатаму, добро ќе е ако понормалните се дистанцираат. Само за еден јутјубер ќе жалам ако не се дистанцира - Ники. Премила ми е и сакам да ја гледам, се надевам дека и таа ќе престане да го поддржува. Знам дека имаа beef претходно, не е дека беа во супер односи.
^ мене ќе ми беше смешно, само што се вратат сериозни пари, па затоа не е смешно. Шејн секад ми бил тапа, не сфаќам зошто било кому било кога бил интересен. Уште помалку ми се јасни фановиве што се поубија да ја купат палетата, Conspiracy, кога е мех. Мислам верувам дека квалитетот е екстра, ок, ама самата палета нема поента. Посебно што Џефри има стварно подобро смислени палети. Дури виножитото на Џејмс со Морфи повеќе поента има. И тој па мини верзија од ИСТАТА направи Сериозно ми се чини дека Тати најнормален производ извади без мавање од земја. Баш ме интересира кај нас некој дали ја нарачал и како одело.
Ками, мислам дека тие што ги нарачуваат кај нас, не ги нарачуваат директно од сајтот, туку од некои европски онлајн продавници за шминка. Баш и еден јутјубер од Британија еднаш кажа дека така прави. На темава:
Јас нарачувам од Бјути Беј или купувам во Сефора во Солун, зборам за high end. Конспираси ја имаше на Бјути Беј. На Тати може да се купи само од на Тати страната нема ритејлери ни во САД ни во Европа.
Јас ја нарачав на првиот launch и чекав 2ипол саати за да успеам да внесам податоци. И воопшто не ми е криво, една од најдобрите палети кои ги поседувам. Палетите на Џефри се едни од најдобрите на пазарот, според мене. Од друга страна палетата на Тати е нешто што веќе имам и не ме инспирира. Да се надоврзам на темава, порано повеќе ме интересираа драмиве. Сега не следам толку, ако случајно ми искочи нешто може да читнам, ама drama channels веќе не следам. Работиве веќе имаат поголема позадина која треба судски да си ја решат. На никој не верувам, меѓутоа брендот на Џефри го поддржувам бидејќи добиваш value for money.
Да, тоа сум слушала и не се сомневам дека е така. Лично мене Конспираси палетата ми нема поента, за разлика од Blood Sugar, Blood Lust, Thirsty... новава Cremated исто ми фаќа око. Конспираси и Џаубрејкер ми немаат "тема"
Најчесто ја гледам Ivana Blazoti Mijoc од Хрватска. Интересни содржини има, неделни влогови, бјути совети, мејкап туториали и предобри комбинации коишто можеме и ние да си ги купиме и носиме од Зара, Бершка, Страдивариус.