Значи Џефри најверојатно е партнер у Морфи, и затоа увек има нешто убаво да каже. Затоа и скокна Џеклин Хил да ја брани коа ги продаваше палетите со чкљ квалитет, као демек не ја напаѓајте, има нарушено психичко здравје, да не си наштети сама на себе. И плус го мрази Џејмс оти и овој е со Морфи, и детето искрено партал напраи со палетата, и е попознат од Џефри, и помлад, конкуренција огромна. Друго, Шејн на почетокот коа топеше Барбики и коа правеше чудни рецепти, арен ми беше. Али од коа почна да му скока бројот на следачи, и од коа ЈуТуб ептен му даде ветер у грб, па и овој буквално почна да ги пере најконтроверзните ЈуТубери, као Тана, Триша, Џејк, Џефри, и да е очигледно пристрасен, као да е се тоа подржано од ЈуТуб за да ги оправда истиве пред овие шо се рекламираат таму, за да не се деси она као со Пјудипај да се повлечат рекламите. Оти реално, овие горе многу пари носат. А и плус доказ е оти Тати го симнала видеото за Џејмс, оти од ЈуТуб и рекле дека дава лошо светло за платформата. Али ок, може да стои видео каде Тана наоѓа мртов наркоман у веце и се моча од смеење, или па Логан коа го снимаше оној што се обесил у Јапан у шумата. Ма да за ова баш и не сум сигурна дали не беше исценирано, за да се заташка друга дешавка, али сеедно...
Баш преѓе гледав видео само ич не ми текнува кај кој, наводно не бил партнер само имал "тезга". Немало нигде инфо дека бил партнер или инвестор ( тој така спомна порано).
На почетокот у првите 2 3 минути има каде он изјавува дека е инволвиран, ма да кој да му верува, коа секоја втора му е лага. Него многу ми беше смешно коа некој го рече Џефри Стар, демек Џефри Епстијн, оти има инкриминирачки податоци со кои уценува луѓе, па баш ми текна дека и Ники некој ја уценуваше дека ќе ја издаде дека е транс. Јес да сите мислат дека е сестра му на газдата од ТуФејст, оти нели истиот и ја издаде и чкљ палетата и заработи милиони, а она ни динар не виде. Али кој кажа неповикан и издаде доверливи информации заштитениссо договор, и плус пријателка стави во незгодна ситуација, да не може ни да негира, ни да потврди, само за да наштети на ривал? Џефри Стар.
Џефри си има проблеми со сам себе. Треба да му светне дека не му се сите ривали. Нели е бјути ЗАЕДНИЦА? Тати 40 годишна жена, а со шо се замара. Мислам, нека порасне. Џејмс е дете, она не е. Џефри и расист и лажач и се. Сеа фали само Нејтан да се изјасне и се да е комплет.
Секако ќе негираат дека Џефри има удел во Морфи, посебно периодов. Неколку инфлуенсери се откажале од кодовите, вклучувајќи ги Џеки Ејна и Гебриел Замора. Верувам дека ќе се извлече он, имам кажано, роден е за пред екрани. А и да биде "cancelled", не верувам дека нешто ќе му се смени во животот, сигурно другите бизниси што не ги кажува му се исто така доста успешни, бидејќи се сомневам тој луксуз да доаѓа од бизнис вреден 75 милиони долари. Нека се плашат тие што од јутјуб живеат. Шејн од земја се треска додека Џефри на одмор си отишол по тоа што разбрав од драма каналиве.
Не не не бил инвестор @Gosh и јас знам видеото шо викаш, мсм и ова шо пушти го гледав ахахха, со зечени зучки кај шо вика дека е инвестор во Морфи, ама нигде нема инфо сем неговиот збор тогаш, и Тати шо вика дека е co-owner или шо и да рече. Се мислев кај Adam McIntyre го слушнав ова ама сега гледам шо имам гледано кај него и не мислам дека кај него е. Имам лоша навика да не лајкнувам видеа. Можи беше кај Def Noodles гледам и тој сум гледала вчера. А можи и кај Atozy ....
Travel Vlogs Доста често сум знаел да гледам јутјуб влогови од луѓе кои патуваат низ светот и ни го претставуваат на свој, уникатен начин покажувајќи ни ги скриените тајни на секојдневниот живот за места кои не сме чуле, природата која ги опкружува, како и приказните на локалните жители. Омилени такви ми беа Bald and Bunkrupt и Indigo Traveler. Сум прател повремено и некои други travel channels, но не ми пленеле со некоја уникатност и не ми го задржале вниманието на ниво на овие двата горе, каде што секое нивно видео го дочекувам со нетрпение и не го пропуштам. Во сите тие влогови, ми фалеше женски лик кој на свој уникатен начин ќе ми го покаже светот, и баш на таков налетав пред скоро време благодарение на јутјуб алгоритамот. Ви ја претставувам Eva zu Beck. ОУ МАЈ ГАЈ. Инстант краш имав кога го погледнав првото видео и не престанав додека не го изгледав цел серијал кој го снимала за време на Корона кризата, поради која била заглавена на пустински остров близу Јемен, викан Сокотра. Островот плени со својата недопрена природа, чистото море, уникатните дрва, како и одличните локални приказни. Девојката знае сето тоа да го пренесе на толку слаткоречлив начин, доловен со такви детали и позитивна енергија, па сето и надополнето со одлични кадри е право уживање да се гледа. Гледам дека сеуште не е до толку популарна на Јутјуб и не е широко позната што баш ме чуди зошто е така. Има повеќе серијали за арапските земји, како и за Азија, Алпите и останати помалку познати држави и места за кои никогаш не сме чуле. Тие ми се следни во план да ги гледам, после серијалот за Сирија. Ако сте љубители на овакви травел влогс, дајте и шанса, нема да ве разочара. Моето прво видео беше ова, па можете да почнете од таму. П.С Доколку знаете некои овакви други јутјуб канали кои вреди да се погледнат и се прави hidden gems, едвај чекам да ве прочитам и да си ја проширам листата.
Мене од целава драма најмногу ме нервираат тие што ја прават Тати светица, и лани кога се деси сè, а и сега со новото видео. Мило ми е што се пак во добри односи со Џејмс, ама жити сè сите вкупно 40 минути од видеото беа уствари Шејн и Џефри се криви. Ќе имав малце почит кон неа ако преземеше барем дел од вината имајќи предвид дека Џефри не и' држел пиштол на чело да се снима и да дава скандалозни изјави од прво лице. За Џефри кажав, во моментот кога се замеша во драмата лани (а сега видовме дека ја оркестрирал) со детските изливи на фрустрации, јасно ми беше сè. Просто таква личност е, malicious, сака да биде центар на внимание и досадно му е кога ништо не се случува. Што се однесува до Шејн, пресмешна ми е ситуацијава бидејќи ептен е испаничен и не знае на кај да фати. Не мислам дека има лоша душа, туку просто се залета малку, и со пријателството со Џефри и со серијалите негови. Како што кажа Гош, видеата со барбики и вриштење му се повеќе entertaining од озбилните документарци што треба да не натераат да имаме емпатија за фаци ко Џејк Пол. Спојлер: За Шејн Скандалите кои му испливаа сега се ништо ново, ама ете Твитер се зеде, ваљда поради осетливата ситуација во Америка последниов месец. Инаку мислам сите сме over it за педофилските и расистичките џоукови, барем јас, разбирам зошто ги има правено и разбирам дека сега сака да си пука во фаца поради тоа. Мене повеќе кај него ми е проблем што во последнава година-две се умисли дека е бог на јутуб и присвои некој си деус екс макина карактер. Ко, кој си ти да проучуваш туѓи скандали и грешки и животни стории, и зошто би требало да се палиме на тоа кога очигледно не е genuine бидејќи ги скинуваат од едитирање со Ендру, а и апла се познава дека Шејн во нив глуми збунето невино цветче. Најмногу ме извади од такт кога во трејлерот за Конспираси палетата ја стави драмата, и после не ја спомна. Буквално сака да е инволвиран ама сепак да може да каже дека е above it all. Бљак. You can't have your cake and eat it too. Одлучи се. Па и глумење шокови демек во видеото, циркус. Не го ни гледав тој серијал од што ептен ми беше скиснато од неговата нова фејк персона. Сепак иако најмногу го изругав, го сметам најневин во ситуацијава. Не верувам дека е способен да манипулира така, туку едноставно одел по паметот на Џефри. Џејмс од друга страна, не знам, алал да му е. Успеа во драмава да остане присебен и екшли да се издигне над овие што очигледно скроиле цела завера против него. И многу ме нервираат тие што заземаат страна одма. Како што рече Феликс, тие што сега им рипаат на Џефри и Шејн се истите лани што го ругаа Џејмс уште недослушнати. Се надевам интернетот си научи лекција да не рипа на сè што ќе слушне.
Најселјак Јутубер според мене е Бака Прасе а он има окулу 2 милиони следбеници значи да навредува жени во видеа е дно а он во секое видео скоро го прави тоа. После Леа Станковиќ, Кими, Чода и уште неколку имаат понекогаш добри видеа ама не сите особено Кими, а од овие македонските Марио Арангеловски има добри содржини ама начинот како се изразува не ми се допаѓа, Џипи е баш интересен ама за дечиња повеќе е он и овие Благица, Стефанатор, Пајак воопшто не ми се допаѓаат.
Ама ме нервираат вакви ликови, па морам да искоментирам. Првите неколку видеа што ги изгледов си реков супер, позитивна и интересна девојка се додека не го отворив видеото за како отишла во Малта. Толку неинформираност и плукање и жалење од работи кои што за сите важат така незнам.. испаѓа глупо на крај за оние кои знаат како одат работите во странство, а оние што немале искуство добиваат погрешна слика само. Не сакам да навлегувам во детали инаку на секоја реченица можам да и одговорам.
Порано ги следев Jenna Marbles, Whealth by Slaiman, Tati, Liza Koshy, Nicole Guerriero, Salice Rose, Expired n Fabulous... Од балканските само Slatko od Dunje. Некои ми се ок и сега ама некои се впуштија во измислени драми само да се спомнуваат
Странски не гледам од србски највеке Леа Станкович. И понекогаш јанко за да ме расположи кога ми е тешко од македонски, еве сега скоро пред некој ден почнав да го пратам Никола Тодороски(ликот од мак. Стари приказни), често и Стефан Лазаров
Од сите македонски јутубери само GP најпаметно пари си спечали лагана му е. Другиве само се брукаат пред камера за лајкови.