Да…. Катастрофа. Уште кога почна се со канселнѕвањата се прашував зашо она не е канселната као има и повеќе од доволно причини, ама секад некако се провлекуваше мислам дека ради тоа што стана фемили канал и дека ја врзуваат со балинџер фемили каналот. И сега кога почна ова си реков па редно е, башка и кога ги видов сите работи и врвот со видеото за “извинување”
Не се согласувам со т.н. cancel culture, но смета дека сите јавно треба да знаат за нејзиното однесување шо ден денес е непроменето и ужасно, а се потврди и со нејзиното многу морничаво “извинување”. Јас лично се стаписав од hi. видеото и колку само ги рационализира нејзините постапки со бедни изговори. Во сржта и е ваквото однесување, нема да се промени, а останатите ќе треба да прифатат дека е ужасен човек. п.с. Фановите и се претоксични.
Потполно се согласувам со тебе. Премногу морничаво, ужасно беше видеото. Исто така не знам дали виде видеото од дечкото кој и прв објави се, поточно неговото hi. видео?
Не следев баш сѐ за Колин ама прочитав нешто и го изгледав видеото(едвај). Колку треба да си будала да мислиш дека тоа е соодветно "извинување" кога те обвинуваат за груминг/педофилија? Многу ми е мило што никогаш не ми беше смешна, уште кога беше популарна пред десет години.
Мене ми беше омилена Миранда. Цела фамилија ги гледав ко помал, Миранда/Колин, Рејчел, бившиот маж на Колин - Џошуа, другарот на Колин - Кори. Инаку, имам можеби непопуларно мислење - не дека Колин/Миранда нема проблематични моменти кои легитимно се критикуваат, ама ама мислам дека целава ситуација е blown out of proportion и делува многу полошо од тоа што е. А извинувањето е едноставно смешно, не знам како возрасна жена седнала и си рекла *аха, е ова е видеото што ќе ме испере од глупостите што ги правев*. Кај и да е, ќе испадне сите јутјубери со кои израснавме да биле лоши луѓе.
Кога почна извинувањето, кога видов инструментот, викам барем на крај искористи го. Nope, почна со него Гледав само јутубериве што ги пратам како реагираат да бидам искрен. Многу јутубери заслужуваат да им избришат се, за Миранда не сум информиран малце е после мое време.
Искрено се шо е за Колин, се слагам, само една мала забелешка околу тоа шо ги има прашувано децава за прва менструација, мислам има собирано идеи за видеата, оти кој ја глеал Миранда ко ја знае секое второ беше поентата дека она лупа глупости за абортус, бременост, менструации ко мало дете, ко недорасната.
Мислам дека улогата на Миранда ја користи да прави работи кои инаку не би поминале без “доза на заебанција”.