Заборавив да ви ја споменам Carli Bybel нејзините видеа се за мода, шминка итн.. и многу му е прекраснаа да не зборувам за дечко е со кој прави видеа понекогаш Секогаш пробувам да копирам некој нејзин изглед ама некако тешко ми оди тоа со шминката https://www.youtube.com/channel/UC21yq4sq8uxTcfgIxxyE9VQ
Јас сум малку пребрлива на јутубери, а и оние што се за шминки и коси ме нервираат. Вечно омилениот, најдобриот CrazyRussianHacker, просто го обожавам. Има прекрасен акцент кога зборува, секогаш прави нешто интересно, дали некој лајфхак, експеримент или нешто сосема трето. Втори на листата ми се BrooklynAndBaily, тие спаѓаат во групата на не-толку-лигави американки, и затоа ми се многу интересни, многу се слатки и видеата воопшто не им се досадни, секогаш прават на различни теми. Тука би го додала и CuteGirlsHairstyles - мајката на близначките погоре, таа пак им прави навистина убави фризури на ќерќите, а има 4 и 2 посвоени. И овде ќе ја додадам и elleandish//Janelle. Девојката прави прекрасни минималистички видеа без непотребни лигавења. Каналот и’ е за нокти, и морам да признаам, си ја знае работата девојката. Има одлични туторијали за кои не се потребни недостапни тракатанци, а и дава совети за нокти исто така. Овие се моите фаворити, има уште неколку кои ми се допаѓаат и ги следам чат пат, ама од овие три никогаш не ми бега некое видео. П.С. Има и македонски јутубери, како не. Марјан Ѓоргиевски е јутубер секако, многу беше популарен порано, ама гледам сега не става повеќе видеа за жал. А има и други како она Духовит на Тони Михајловски, Розето наша има некои видеа, исто и една друга членка има правено видеа за шминка, само што не се многу популарни овие, а и таа популарност што ја имаат само во Македонија е.
Еве некои од моите омилени јутубери Рајан од nigahiga Дечково е на јутуб веќе 9 години и секогаш ми е интересен. Тој е единствениот комичар што го следам и многу му се интересни неговите виде. Без пцуење, без некои срамни сцени прави одлични видеа. Хуморот не му е за сите. користи многу puns, и хуморот за некои би бил детски,ама мене ми е надобар.. Порано го следев и Shane Dawson, тој беше обратен од Рајан, видеата му се се со некој црн хумор, со сцени што му се на работ од забранување од јутуб, ама мене сепак ми беше интересен. Сега снимаше филм, помалку видеа става и глупи му се и не го следам. Од влогерите не следам, не ми се интересни, а од тие за убавина само , Michelle Phan колку нешто да научам за шминкање, а и интересно ми е да ја гледам. The Fine bros се двајца браќа кои прават видеа од деца, тинејџери, јутубери и стари како реагираат на познати работи, видеа, песни, пејачи. игри и слично. Секога ги гледам тие, прават и некои како мали серии ама тие не ми се интересни Следам и доста јутубери за образование. Тие се навистина интересни и многу можеш да научиш, и повеќе да засакаш и да се заинтересираш за некоја наука. . Мајкл од Vsauce прави деветминутни интересни виде од кои можеш да научиш многу интересни работи. Хенри има канали minutescience и minuteearth, каде за две-три минути можеш да научиш и да се заинтересираш многу за физиката и биологијата. Браќата Хенк и Џон Грин имаат канали како crash course, sci show и vlog brothers, Имаат десетминутни видеа каде што објаснуваат за историја, психологија, литература, биологија, хемија. Најнов образовен канал ми е kurzgesagt. Таму со интересна анимација се објаснети многу рабои од науката. И плус гласот на тој што чита е многу интересен. Има и други, вие се некои од најомилените Следами канали каде што има рецензии за филмови, серии и цртани Rebeltaxi прегледува цртани, и стари и нови, секогаш ми е интересен да го гледам. League of Supercritics е составен од повеќе филмски критичари, таму се зборува за разни филмови, серии и слично. Јас ги гледам Nostalgia Critic, Nostalgia Chick и Tod's pop song review. Cinemasins од филмови ги бараат грешките, дури и малите истници и сето тос го ставаат во видео Screen Junkies имаат ко посебно шоу Honest Trailers, таму за популарни серии и филмови се прават искрени трејлер, сето тоа го кажува еден тип со многу интересен глас.
И јас следам доста од овие а другите сите ќе ги побарам сега, гледам дека следиш доста научни канал би ти ја препорачала AsapSCIENCE тие прават кратки видеа каде научно објаснуваат некои секојдневни прашања.. доста се интересни ако не ги следиш би ти ги препорачала да ги разгледаш
Еее и нив ги следaм, зaрaди нив петкa хемијa имaм CGPgrey, rudthespud, vhart, ted-ed истo тaкa се дoбри Инaче дa се дoпoлнaм. Акo сте љубители нa суперхерoи, мaрвел, дс, дoбaр кaнaл е variantcomics. А зa сите fanboys и fangirls ви гo препoрaчувaм onlyleight
Чиста хипстерска глупост и идиотизам на тој типичен лигавски англиски сленг. Не знам како би го дефинирал овој тренд. Што е тука смешно и комично во нивните видеа? Кратки секвенци, лигавење, но за девојчиња од 13 години можеби е интересно. Во Македонија нормално е да нема вакви youbute блогери, затоа што кај нас компјутерската и интернет технологија стигна и многу подоцна отколку во Европа и Америка. Сеуште кај нас добар дел од популацијата ги совладува основните информатички технологии и како да користи компјутер, а за youtube видеа треба и квалитетна камера, анимација, дизајн за да изгледа убаво и привлечно, но се е во прашање времето. Еден да го скрши мразот и оп сите како овци по него цел ден ќе снимаат видеа. Ако станува збор за блогери коишто исклучиво споделуваат и снимаат видеа поврзани со наука и технологија тогаш тоа е сосем во ред. Нон-стоп гледам документарни филмови на youtube, но многу повеќе тоа го практикувам на Vimeo заради добриот квалитет на сликата. Се дур не воведат 4К резолуција на youtube ( тоа треба уште многу) не мислам да си го напуштам Vimeo.
Superwoman ми е нај јака Не ги сакам оние за шминки, игри и сл, комичарите ми се омилени ConnorFranta, Jennxpenn, Superwoman, LeendaDproductions и уште неколку се оние што им ги гледам видеата редовно Царица!
И, што е тука смешно нешто? Глумење дебил со цело време секвенцирани видеа од 5 секунди? Има некоја поента, издржаност, лирика, драма во овие видеа?
Види вака Петре, многу е едноставно ако нешто не ти се допаѓа немора да го гледаш и крај на приказната немора да ги хејташ тие што гледаат нешто тебе што не ти е интересно а посебно не оние кои ги прават видеава бидејќи не ги знаеш нивните приказни.. ако не ти се допаѓа едноставно не ги гледај и уживај во работите тебе што ти се интересни
Следам и јас неколку. Cameron Dallas, Nash Grier, PewDiePie.. Овие имаат смешни видеа. Така наречени vines и ги ставаат на јутуб. Исто така бидејќи гледам утрински и ноќни рутини следам повеќе девојки. Ме мрзи да им ги барам имињата, друг пат ќе пишам.
Јас цел ден висам на јутуб.Гледам се и сешто и за шминка,и за насмевка... Омилена ми е Superwoman заедно со нејзините родители Парамџит и Манџит Мислам дека девојкава се навистина труди за нејзиниот канал,и е многу добра особа. Потоа го гледам PewDiePie,знае здраво да ме насмее со неговите видеа,откачен е многу.Исто така Rachel (RclBeauty). Исто така ги следам британските јутубери тоа всушност е група на пријатели: Zoella,PointlessBlog,ThatcherJoe,CasparLee итн. Следам и неколку „бјути гуруа“ но многу ми се лигави и не обожавам да ги гледам.
Superwoman е најјака. Ја обожавам. Еве некои видеа кои и по 100 пат да ги гледам, пак ќе се смеам. Shane Dawson баш и не го гледам, воопшто не ми се допаѓа. Но, ова видео е навистина смешно. Иии уште многу други. Премногу се Скоро почнав да ги гледам и Good Mythical Morning, забавни се. Ја гледам и Awesome Alanna, не е позната. Малку е crazy, ахах, ама мене ми е интересна. Ги обожавам британските јутубери. Особено Zoella и Tanya Burr. A, од машките: Marcus Butler, Thacher Joe. Од влог каналите кои поставуваат видеа секојдневно ги следам само itsjudyslife, сега ги гледам поретко. И MakeupbyMandy24 има убави видеа. Има 15 години, а изгледа многу постаро. И THE KING OF YOUTUBE , за мене најдобар. PEWDIEPIE. Го обожавам. Ја гледам и девојка му, CutiePieMarzia. Прекрасен пар се, а заедничките видеа им се особено слатки и смешни.
Утринска комбинација ми е кафе, цигара и youtube. Порано следев повеќе, сега само одредени канали што се претежно филмски критики, наука, и тук таму некој канал за книги, гејмање и мода. Најомилени ми се се следниве: Научните: AsapSCIENCE, CrashCourse, It's Okay To Be Smart, PBS Idea Channel, SciShow, vlogbrothers, Vsauce. Поврзани со филмови и серии: comicbookgirl19, Emergency Awesome, JeremyJahns, Post Show Recaps, Screen Junkies, What The Flick?! Следам и неколку канали со рецензии за книги: The Readables, Little Book Owl, Charley Reads, Ariel Bissett, booksandquills Од гејмерските ги следам само The Game Theorists и theRadBrad Другите ми се од различни категории и некои што неможам да ги вметнам никаде а тие се: albinwonderland, essiebuttonvlogs, Good Mythical Morning, LewToons OnlyLeigh, TheFineBros и мислам дека тоа е тоа. Шминкерските ги откачив одамна, тоа си отварам по потреба, бидејки ептен ми го полнеа subscription box со видеа, што неможев да пронајдам ништо друго во хаосот. Од сите овие погоре, број еден и вечно омилен ми е срцкава :
Без сомнение најдобра според мене јутјуберка за шминка е Desi Perkins. Не е лигава и одвратна како другите, малку е откаченка, и е огромен талент и артист. Јас висам постојано на мејкап каналите и се занимавам и самата со шминкање, и многу голема желба имам и јас да почнам со туторијали ама никако да соберам храброст. Ама пред да соберам храброст треба да соберам скапи марки на шминки да купам добра камера... Итн.
IISuperwomanII ми е најомилена девојка од сите што ги знам. Едноставно - идол ми е типката! Толку е луда, суперинтелигентна, убава, позитивна.. Ја обожавам! Сега немам многу време да ја следам секој ден, има и daily vlogs ама кога имам можност ги изгледувам сите одеднаш.. Би сакала да издвојам омилено видео, но премногу се.. Еве неколку од омилените: Последново најјако “Lily make sure you don't scare him!!!"