Предлози за некои помали јутубери, кои не се толку познати? Безразлика дали се шминка/мода/хумор итн.
iiSuperwomanii e номинирана во две категории на Teen Choice Awards. Отворам на страната да гласам и... http://vote.teenchoice.com/ Не знам на кого повеќе сум бесна, на државава глупава кај што паднав или на овии од TCA што не дозволуваат цел свет да гласа. Или пак на Американциве што сè им е дозволено
Јас во последно време многу ги сакам Gabriella Lindley,Caspar,Joe Sugg и Anna Akana.Следам многу ју тјубери ама на овие многу им се радувам кога ќе имаат нови видеа. Каспар и Џо многу напреднаа од тоа што беа,стварно заслужуваат голем број на субскрајбери и знаат како да ги направат видеата интересни.Не знам дали ги гледате нивните влогови,јас ги следам влоговите на Џо,повеќето се од патувања. Ана Акана-прави кратки видеа ама со поучна содржина и мислам дека секој може да се пронајде во нив,исто така прави и кратки филмчиња,интересни се,се гледа дека се труди. Габриела Линдли-не е нешто многу позната,а многу убави видеа прави,на исто ниво како Зоела би рекла,а многу е потценета,се надевам дека ќе добие повеќе субскрајбери со тек на времето. Зоела-многу ми е досадна во последно време освен кога прави collaborations со Тајлер Окли,Спринклофглитерс па дури и Алфие. Бетани Мота-многу ретко прави видеа во последнов време,стана многу позната и почна да посветува повеќе време на други проекти и многу го запостави тоа што и донесе слава,правењето ју тјуб видеа. Мисгламораци-исто така ми е многу интересна,многу е позитивна и мерак ми е да ја гледам.Само сакам да кажам дека многу плачев на видеото кога призна дека е геј и кога кажување колку долго го криела тоа во себе и се обидувала да биде некој друг,никогаш не би помислила дека она е геј и многу се изненадив,кога го прочитав насловот мислев дека е шала. Стила бејб-Мередит едно време престанав да ја гледам не знам ни јас зашто,после почнав пак да ја гледам и сега си ја следам редовно. Пјудипај и Супервоман не ги гледам во последно време, не знам зашто,не ми се интересни нивните видеа како што ми беа. За другите ју тјубери што ги гледам ме мрзи да пишувам ама многу ми е мило што гледам луѓе кои што посветуваат многу време и љубов на она што го прават и она што ги исполнува.Убаво е да се види дека има вакви креативни луѓе кои што сакаат да направат нешто добро за себе.
Гледам неколку ама омилена IISuperwomanII <3 Сакам да можев да му сум другарка. Ми требаат такви луѓе во животот посебно баш сега.
Многу ја сакам Essie (Estée Lalonde). Премногу позитивна и харизматична, ужасно слатка, секогаш успева да ме изненади позитивно со нешто ново и неочекувано. Без разлика дали рецензира козметика, храна, филмови или книги - ја обожавам, eдинствена е. Патем, мајка ми не пропушта прилика за да ми каже колку многу јас и дечко ми ѝ личиме на Еси и Аслан.
Повеќе сакам да гледам т.н. „влогери“. Некои од омилените ми се KickThePj, Tyler Oakley, danisnotfire, catrific, Joey Graceffa, AmazingPhil, Onision, OnisionArchive, OnisionSpeaks, UhOhBro, Meghan Rienks. Исто така Misha Collins понекогаш објавува многу смешни видеа.
Гледам дека речиси сите викаме „влогови“. Тоа има сосема друго значење на македонски, ама јас не можам да најдам поприфатлив збор за vlogs. Еднаш добро ми се изнасмеаја на чет за „влоговите“. Патем, дојдов за да ви покажам нешто. Не знаев кај да го ставам, ептен лесен и брз начин за врзување чевли. Алал да му е. (Не знам зошто не ми работи да почне во одредено време, како и да е, гледајте на 5:50)
Има некои што ги следам, но најинтересни ми се некако BfVsGf, каде што ставаат сеојдневни влогови, понекогаш се досадни, ама затоа нивниот друг канал PrankVsPrank, каде ги постираат пранковите ми се многу интересни. ViralBrothers имаат многу интересни пранкови исто, најинтересен може ми е тој кога го излжаа дека изел отровни габи и за 15 минути ќе умре А и Виталиј го гледав ама после почнаа пранковите да му стануват досадни и едни те исти.
Не знам дали приметивте, PewDiePie почна со daily vlogs пред неколку дена, додека е во ЛА. Искрено, многу се израдував, досега неговите ми се најинтересни, ги гледам и на Марција. Ептен се слатки. Само се загрижив што му е бидејќи ептен беше потресен по докторскиот преглед, а не смееше да каже. Еве го последниот. Интересно е бидејќи Марција е еден ден понапред од него, веројатно вечерта ги става, а PewDiePie другиот ден.
Таман за ова сакав и јас да напишам. Кога одам на јутуб најпрво го барам влогот на Марција, a потоа и неговиот. Во последно време гледам многу влогови. Последни кои ги гледав беа на shaaanxo и Estee.
http://www.forbes.com/sites/maddieberg/2015/10/14/the-worlds-highest-paid-youtube-stars-2015/ Го сретнав линкот на тумблр, па решив да го споделам овде. Феликс најверојатно не бил достапен во тоа време да оди на снимањето. Според мене, сите што се на оваа листа, заслужуваат да бидат. + Во последно време Marcus Butler ми станува се поомилен. Едвај чекам ново видео. Последното е 17 voices everyone uses.
Дали некој ја има порачано The amazing book is not on fire од Danisnotonfire и Amazingphil и ако да, дали ви стаса?
Во последно време се напнав со Pewdiepie си ги следам сите, ама Феликс почесто. Рутина ми е навечер коа ќе се приберам од надвор и да ги глеам сите шо стаиле видео тој ден. Си ги гледам Zoe & Joe Sugg, Casper Lee, Superwoman, Tyler, Miranda Sings, Jenna, Bunny(GraveYardGirl), SacconeJoly, Marcia,Meghan Rienks, Tanya & Jim Chapman и многу други. Кој од вас друг ги глеа SacconeJoly's мене многу и се мили за гледање, особено Емилија и Едуардо Спојлер иначе еве ви јутубери што не се познати толку многу https://www.youtube.com/channel/UCkThRocg0xM1dV7hTDecckw https://www.youtube.com/channel/UCqP8HosuK1VRD60wBaEEFtA https://www.youtube.com/channel/UCwCbYTgwmGwwIXbsUcS_Yhw