joeconza и Tatjanna ☆, има и други ама највеќе тие ги гледам не се многу 'помали' ама не се ни celebrities
Ми се погоди темава https://www.youtube.com/channel/UCRer1DEf96snhYg5IIeqoNg https://www.youtube.com/channel/UChqxssadIWV94dWR4Jq7qGw https://www.youtube.com/channel/UCkfTm3HfC4Fqr5dTPJHc9Fg https://www.youtube.com/channel/UCENlpfLjMFvJ43Ix877PXHQ https://www.youtube.com/channel/UCLCaSEN1oZt1k7jRtHixQXg https://www.youtube.com/channel/UCuVHOs0H5hvAHGr8O4yIBNQ еве неколку следам многу јутубери, сакам да гледам интересни ми се DIY, шминка и др работи
Jas pravam videa na youtube ako sakate pogledente go mojot kanal: https://www.youtube.com/user/OddiiTV
Можеби ова не е за тука, но не можев да најдам таква тема.. од Велес сум, и мнмнмн сакам да станам јутубер, имам се: квалитетна камера, дарба.. ама се плашам што ќе кажат децата нашколо и самиот град...некој совет што да правам??Како да се соочам со луѓето што ќе ме исмеваат?
Можеби ова не е за тука, но не можев да најдам таква тема.. од Велес сум, и мнмнмн сакам да станам јутубер, имам се: квалитетна камера, дарба.. ама се плашам што ќе кажат децата нашколо и самиот град...некој совет што да правам??Како да се соочам со луѓето што ќе ме исмеваат?
Утринска навика ми се Rhett&Link со Good Mythical Morning, и потоа продолжувам со Good Mythical More. Потоа обично продолжувам со Lily. Исто така во омилените ми се ASAPScience, SciShow, Vsause, Just Kidding Party, Ask the Feels, Yoga with Adriane, Bethany Mota и rclbeauty101.
Така убаво се изнасмеав, ми се продолжи животов. Во Наш Свет го видов ова. Влогери, инспиративни мисли бе. Ако му изгледале едно видео па еве.
Ако имаш идеја за што да правиш и како да се изразуваш, зошто да ти е грижа за другите што ќе кажат, има и други македонски јутубери. Ако видеата ти бидат оригинални и во добар квалитет би станала една од најдобрите јутубери во Македонија, а можеби и надвор од Македонија. Jас исто така сум јутубер, но јас само правам видеа не се снимам, пошто немам квалитетна камера https://www.youtube.com/channel/UCxY5DGIgJJOAxmCQofZ1E8A
Морам да те пофалам, ми се допаѓаат многу твоите видеа, едитирањето ти е фантастично, а и гледам на некои видеа имаш повеќе од милион прегледи. Браво!
Изненаден сум што никој не ги спомна Smosh досега. Легенди ми се тие. Со ова видео почнав да ги пратам. Со ова видео почнав да ги пратам.
Само да го ставам ова овде. Растури во видеово, ме наежи, ме натера да размислувам, колку е само во право, особено со последната песна. Stop praying, solve the problems. My role model, my idol... ја обожавам.
Некој ќе се мачи за парче леб , а некој само ќе седат пред камера и ќе собираат повише него љуѓето кој умираат.. Никогаш не би гледала јутубери, ги мразам.
Really?! Аман бе Кет, зошто вакви муабети, златна? Ми се чини како да си го ѕирнала само HowToBasic од јутјубери... Точно е дека има некои што се лигават и глупираат (најмногу горенаведениов), ама вака генерализирачки ако гледаме - би требало цел шоу бизнис да го мразиме. Superwoman ми е омилена без конкуренција, освен заради hilarious видеата во кои глуми реакции на родителите и оние ултра relatable (types of..., how I, аnnoying people итн итн...) што секој може да се пронајде во нив - најмногу заради оние позитивните, мотивирачки и со навистина добра поента. Прекрасна личност е, несомнено го заслужува целиот успех што го постигнала и не за џабе им е spirit animal на многумина.
Не е во ред вака површно да гледаш на работите. Повеќето јутубери прават vlogs (видеа каде што со камера в рака го претставуваат нивниот секојдневен ден), гледај неколку од тие и ќе видиш колку многу работат. Спец веќе ти кажа за Superwoman, се гледа, буквално не спие, по цел ден работи на разноразни проекти, станува во пет, состаноци, повици, снимања, кога доаѓа дома мора да седне, да смисли видео, да го снима, да го едитира и да го прикачи. Поради тоа си легнува во околу 4 сабајле. И сега некој ќе се најде да рече дека лесно заработувале толку пари. Остави ја неа, веројатно си слушнала за Pewdiepie, најбогатиот јутубер. Тој прави по две видеа да ден кои воопшто не се лесни за едитирање. Можам само да замислам колку е исцрпувачко. Lilly еднаш имаше кажано: Јутјуб нам ни е работа, иста како вашата. Вие станувате и одите на работа, јас станувам, и јас работам, само што тоа го правам дома, на мојот компјутер. Да не спомнувам колку луѓе инспирираат и насмеваат секој ден, ги вадат од депресии. Дефинитивно им е заслужен секој долар, не им е работата толку лесна како што изгледа.
TriSha paytas безвезално интересна ми е...Врска немам зашто,ама навика ми е видеата да и ги глеам,другари се со Shane, па и него чат пат го гледам ))
Јас гледам голем број на јутубери од PointlessBlog,Thatcher Joe,Zoella,Caspar Lee до Tyler Oakley i Troye Sivan,а најомилен ми е Marcus Butler значи срцка ми е дечково,скоро сите овие што ги наведов имаат и нивни книги што многу ми се допаѓа ,но за жал,овде во Мкд само за на Zoella книгата знам дека ја има,а толку многу сакам од Marcus да ја купам,можеби од Амазон ќе ја порачам..
Jas imam golema lista na onie sto poveke si gi pratam Zoella Thatcher Joe Caspar Lee SaconneJolys Oli White Jack Maynard Conor Maynard Alisha Marie Anna Saccone Ashley Nicole Bethany Mota Carlie Bybel EveryDayJim IISuperwomanII Josh Pieters Tara Michelle Wassabi Productions WhatsUpMoms