https://www.youtube.com/channel/UCC6ue7UYt1yeS621xmTMKrQ Rachel Oates. Дури скоро ѝ обрнав повеќе внимание, а criminally underrated e. Зборува воглавно за феминизам и родова еднаквост во здрава форма и против токсични појави како incels и сл., религија и псевдонаука/мистицизам, прави book reviews, а и по некој мејк-ап туторијал. Има и преслатко кутре Доста е искрена и за личниот живот, дека не планира да раѓа, а сепак има многу емпатија кон деца и во неколку видеа се спротивставува на строгото патријархално воспитување, казнување и малтретирање на деца. Девојкава кога ја слушам со ставови и рационалност плус сензибилитет, исто како себеси да се слушам, плус некоја година и храброст за пред камера Изгледа како емотивна, позитивна и многу мила личност, дури и премногу е фина кон хејтери. https://www.youtube.com/user/alonzolerone За grammar nazis посебно, обавезно Alonzo Lerone. Бев заборавила колку е hilarious човеков Во постарите видеа читаше обично фејлови во статуси/твитови и општо смешни ствари од интернет, сега му гледам од најновите 2-3 со некои експерименти за проверување квалитет на продукти... Ама мислам дека што и да збори/чита, со хуморот и заразното смеење може секогаш да ме пресмее
Кликнав и го гледав интро видеото. Уште во првата минута се осеќа дека нема основни познавања од наука (освен тоа што научила неколку научни термини, ама чисто лексички). Затоа гуглав да видам што образование има. Го најдов нејзиниот сајт. Видов дека почнала една година биомедицински студии (значи имала желба за наука), арно ама очигледно дека не и одело, заглавила, па го откажала факултетот и се префрлила на менаџмент, маркетинг, финансии, психологија на муштерии... гревче си ги реди предметите што ги слушала за да и изгледа поголемо научното „CV“. Како и да е, ништо од ова нема директна врска со природни науки. Значи типка со средно и еден неуспешен обид да студира биомедицински науки, сега нас ќе ни држи лекции за тоа што е наука, а што псевдонаука А бе специ специ, од шминкерки реши ли да учиш наука што е?
Па најмалку пола деценија ги пратам Rhett & Link, без претерување колку и да звучи банално, ми го праат животот поубав. Главниот канал им е Good Mythical Morning каде што праат секакви глупости, стигнати се до 15-т сезона! После секоја епизода на GGM следи Good Mythical More, каде што исто така праат еден куп глупости само на поопуштен начин и понекогаш овие more епизоди знаат да бидат поинтересни од главните. Им ја обожавам и екипата, иако често им се менуваат членовите, оние најстарите се се' уште тука. Stevie си има и своја емисија LTAT (Let's Talk About That), во текот на годината оди секоја сабота на главниот GMM канал. Пошто сега сме лето и иде Good Mythical Summer, регуларната програма им е сменета, односно Рет и Линк имаат емисии само во понеделник и среда, во петок емисијата ја прави некој од екипата, а во сабота шефот Џош си има своја кај шо готви нешто чудно. И уште побитно, имаат свој подкаст Ear Biscuits!! Подкастот ми е лек ми се чини, оооообоооожавам да ги слушам како раскажуваат. Во моментов се на две неделна пауза од се', па едвај чекам септември! Пред некои 2 месеца почнав полека да го слушам Joe Rogan и се опседнав со муабетите со Graham Hancock и Randall Carlson. Ако ве интересираат археологија, антропологија, историја, стари цивилизации и што се случувало на планетава, погледнете ги. Раскажуваат дека 11.600 пред н.е. постоеле развиени цивилизации, но удрил метеор кој стопил огромен мраз кој ја покривал површината на денешна Северна Америка и голем дел од Европа и создал неопислива огромна глобална поплава. И многу многу други работи. Иако се стари повеќето подкастови 4-5 години и веројатно во меѓувреме откриени се уште повеќе работи, одличен приказ на многу нешта за кои речиси и да не се зборува. Еве ви ги по редослед: - - - - - - https://www.youtube.com/watch?v=aDejwCGdUV8&list=PL4rbiciyBoSSASTJOnoQh7xhrF95B3QhG&index=8&t=0s - https://www.youtube.com/watch?v=0H5LCLljJho&list=PL4rbiciyBoSSASTJOnoQh7xhrF95B3QhG&index=9&t=1s - https://www.youtube.com/watch?v=tFlAFo78xoQ&list=PL4rbiciyBoSSASTJOnoQh7xhrF95B3QhG&index=10&t=14s - https://www.youtube.com/watch?v=Rxmw9eizOAo&list=PL4rbiciyBoSSASTJOnoQh7xhrF95B3QhG&index=11&t=8038s
Најгледани ми се се' уште GMM и JRE, ама во последниов месец се опседнав со Matt D'Avella. Прво и основно, се пронајдов скроз у тематиките, се' што зборува го мислам и се трудам да го правам јас. Второ, кинематографијата му е врв! Немам најдено некој со боља. Трето, хумористичен е, харизматичен и добро изгледа. Дефинитивно омилен канал за октромври.
Пиши тука. И јас ја гледав Ники и бев шокирана. Е за Џефри и Нејт, има многу скептицизам дека го користел за пари само, ама и многу зборат дека ова е само за фама правење...
Сакав да споделам нешто, мн ми остави впечаток. Сакам да кажам, не ни моравме да го знаеме тој дел од неа за да биде тоа што е. На Бјутуб има толку ликови што збираат следачи со плачење, дали се пикаат под лгбт+ чадорот, дали се обоени и обесправени... На Ники никогаш не и' требало драма за да ја знаат. А очигледно во ракав имала "детал" што несомнено ќе и' донесе нов бран на следачи. Лани кога брат и' почина, колку достоинствено се понесе со се', некои други на таа сметка ќе правеа серија, нели, for the clout. Еден куп инфлуенсери ја поддржаа, а ми е мило и за Офра и ЈуТјуб Џефри.. е Џефри. Скоро сум сигурна дека ликот на Џефри Стар му е персона, карактер, кој буквално "го глуми". Не глума во смисла да го залажува светот, едноставно да го наречам нешто како "псевдоним" на некој писател. Мислам дека приватно не е толку нападен и груб, само ликов му е "браник" за надворешниот свет, а и мислам дека во себе уште ги влече траумите од дете, од тотално дисфункционално семејство, до општо осудите кои ги доживувал како геј маж итн. Тој воопшто не е и не се идентификува како транс. Други што пробуваат да го глумат него не им успева, затоа што Џефри е малку понапред од сите, похрабар е и ризикува. Може треба да имаме тема баш за бјутубериве.
Инаку што се однесува на Џефри и Нејт, не мислам дека било баш за пари само, оти Нејт одамна веќе има свои пари (затоа што бизнисот со марихуана и др. работи се и на негово име) и сепак беа заедно 5 години.
Too faced неа беа тие што и напраиле некој лош договор на Ники со фиксна цена од 50к долари? За палета? Инаку, се сложувам со се што пиша погоре. Само едно ме нервира, оние кои што дознаа дека е транс и сега ја гледаат со поинакви очи. Кога ќе го дознаат тој факт ко некое копче да се притиска во нив и одат на хејт моуд. Не знам, не можам да го разберам тоа никако. Како до вчера им била нормална, а денес им станува ненормална... Тажно и жално искрено. А за Ники, секоја чест. Преголема тајна и дури ми е чудно што до сега останала неоткриена во овој свет. А за Џефри.. не знам што да кажам. Не го гледам премногу, некогаш ми е неподнослив, некогаш гледам делчиња од видеа, зависи што ме интересира. Несомнено е дека има направено империја, и за тоа секогаш ќе му се воодушевувам.
Тие се. Мене ми се како бренд за деца, можам да замислам да и' купувам нивни работи на внука ми. Џефри знае да биде многу подмолен, ама пак мислам дека му е тоа одбранбен механизам, бира да напаѓа наместо да се брани. Иначе не видов хејт за Ники, прилично поддршка и' даваат секаде.
Не знам, мене Џефри ме изнервира во драмата со Џејмс и од тогаш па наваму ми е одмилен. Кога исполажа све живо и диво и го направи манијак, дека се пуштал на брат на Нејт, пораки праќал итн. Демек ќе покажеше со докази, па на крај кога зезнаа работа се повлече демек он не паѓал веќе на тоа ниво.
Џефри ми е интересен за гледање, ама не мислам дека е најреалната личност на јутјуб ко он што се претставува. За Ники пред некое време имаше кажано дека не е искрена кога прави reviews, сега му било мило што можел да ја нарече другарка? За ситуацијата со Нејт не сум сигурен. Не им ја ни разбрав целосно врската никогаш. Прво они сами си кажаа дека Нејт е стрејт, потоа Џефри збореше за 69 со Нејт, што дефинитивно не го прави стрејт. Не ја сфатив ни причината за раскинувањето. Можеби Нејт навистина го изварал, имаше такви муабети уште пред неколку месеци, не е од сега тоа.
Нејт не бил стрејт, немал дечковци само претходно Мене ми делува доста срамежливо и затворено, можеби навистина немал прилика да се опушти
Браво за Ники! Јас мислев дека ќе каже дека е би, најреално. После пола саат ми светна дека некогаш била машко. Женава изгради бренд од ништо. За Џефри сум така-така. Интересен лик, sassy, дива. Стварно е многу добродушен како што го гледам спрема другари и со Шејн се goals. Посебно во серијалот како зборува за Шејн.. Ама, има многу збрики и со тие мистериозните пакети за Халоувин. За Тати, ја следам, арна е што знам. Со палетата растур направи жената браво. За Џејмс Чарлс.... мех. Ништо посебно. Само драми. Мене ме интересира ваше мислење за Бретман Рок?
Јас Ники три и пол години јас следам и немаше шанса да погодам дека е транс. Уште се чудам како толку долго е во бјути светот и не се разбрало за неа. Џефри го следев повеќе пред две години, течните мат кармини ми беа сон, сега гледав видеа дека раскинале со Нејт. Искрено не ми е толку интересен како претходно премногу ми е ексцентричен.