Ептен ми е екстра и хиперактивен за гледање, посебно во комбинација со Никита. Ма да мислам дека не е лош, нема некоја драма зад него...
Ja sledam Niki, podolgo vreme zasto obozavam sminka. Odsekogas nesto mi bese cudno kaj nea. Ama ne mi bese gajle. Iskreno ne mi e bitno dali e trans, gay, strejt. Toa si e nejzina intima. Neka pravi onakvi remek dela od sminka i mene mi e dovolno.
И јас ги следам одамна и niki i Carli Bybel, jacklyn hill кај беа тогаш кај се денес браво Немаат ни образование а заработуваат повеќе од најдобро платените доктори кај нас Штета што овде не е развиено тоа
Ники ја сретнав неколку пати, ги гледав тие видеата кај што шминка познати личности и ептен срцкаста ми беше. Ми се појави рандом видеото на твитер и бев као, еј Ники е геј, кул. Сепак го отворив и бев изненаден скроз коа кажа дека е транс. Прежално ми падна шо 10 пати повтори дека нејќе никој да го смени мислењето за неа, дека уште е истата Ники. Колку и да е славна и успешна, мечтае за прифатеност оти добро знаеме дека транс лицата не се баш општоприфатени. Џефри Стар ми е врв кога станува збор за бизнис. Му се восхитувам максимално за тоа што успеал да го изгради почнувајќи од 0. Ме нервира што се меша во туѓи драми, особено со драмата со Џејмс. Уште ми е интересен за гледање, ама после драмата само серијата на Шејн за него ја гледав. Џејмс е летнат скроз у облаци, ама криво ми е шо уште го ругаат беспотребно за драмата со Тати иако се докажа дека не е тоа што го претставуваа, и му бараат ситници за да го распнат пак. Бретман Рок ми е iconic со сестра му Срцката од сите драми настрана е, го боли уво Најнепроблематичен е од сите. Мене ме интересира Brad Mondo дали го гледа некој?
Ники е првата која ја запознав и многу ми е мило за неа. Се согласувам дека е најнепроблематична, нејзините видеа си ги пуштам како терапија, многу се смирувачки. Од Џефри се плашев на почеток. Ама ми стана преинтересен после, многу е драматичен во ривјуата и тоа го обожавам. Сепак во Џејмс Чарлс драмата изгубив секаква почит за него и не го гледам редовно. Како што кажа во риспонс видеото има некоја дарк верзија од него што излегува на површина некогаш, ама тоа не е оправдување. И нему мислам му тргна во надолна линија животот по тој скандал, кучињата му умреа, дечкото го остави... Жално. Тати ми беше нешто слично ко Ники, само што не ја гледав бидејќи не ми беше толку интересна. Во моментот кога го стави видеото Bye Sister изгубив и за неа секаква почит, се покажа колку подла личност е. Не би купила нејзина палета па и најдобра на свет да е. Мени МУА ми е исто така интересен, ама видеата му се предолги па затоа го избегнувам. Омилен дефинитивно ми е Џејмс Чарлс. Го следам од самите почетоци кога немаше лип филери, веѓите кога му беа хорор и кога уште го мачкаше носот на почеток. Сметам дека успехот му се должи на фактот што има personality и е рилејтабл. Барем јас затоа го гледам најмногу. Плус најмал е од сите таму а најмногу хејт има изедено и тоа скоро секогаш без причина. Сам Господ знае со колку луѓе се имам убедувано кога цел интернет беше против него поради Тати. Сè што знам од шминкање од него ми е научено.
Ниеден не го следам религиозно, да му ги знам сите видеа, меѓутоа има некои што ги гледам почесто или одвреме-навреме. За шминка не познавам толку јутјубери (иако се веројатно најголемата заедница), ама неодамна го открив Robert Welsh и премногу ми се допаѓа, пристапот кон шминката, објаснувањата, навистина како „понаучно" пристапува. Ми се допаѓа тоа што сака поприроден изглед на лицето кога се работи за тоа колку, што и каде ќе се стави на лицето, и премногу ми се допаѓа колку е професионален кога има react videos, без разлика за кој се работи, никогаш не го коментира карактерот и не навлегува во драми, објективно ја коментира исклучиво шминката и техниката. Многу ми е интересен неговиот серијал Ghost stories and make up . Иако поретко ја следам, ми се допаѓа и Ali Andrea. Никогаш немаше да погодам дека е Романка ! Од останатото поле на јутјуб, за нега на лице ги пратам Hyram, Mixed Makeup (Susan Yara, претежно реакциите на видеата од рутината на познатите од Harper's Bazaar), понекогаш Liah Yoo, Dr. Dray, Beauty Within, Lab muffin, James Welsh... Од останатите понекогаш The react channel (FBE, како и да се викаат, премногу нови канали отворија), Doctor Mike, Brad Mondo, некогаш од Jeffree Star и Nikkie Tutorials... Имам слушано и неколку подкасти од серијалот Making sense with Sam Harris, има интересни теми. Во последно, мислам дека малку им е сменет форматот и мора да се претплатиш на неговата веб-страна за да продолжиш да ги слушаш подкастите, ама мислам дека пак може и бесплатно . Во глобала гледам предложени видеа, тие што ќе ми изгледат на почетна .
Ај нека не се умилкува овој. Тогаш прв се леташе и јадеше гомна, сега пофалби ми дели. Лицемерно створење.
Темава за мене никој не следам од beauty gurus (популарните) редовно, ама прва сум за теа спил да слушнам Фасцинантно е како за луѓе што се шминкаат има толку драми али бесплатен ентертаинмент нели? Иначе оваа Чарли од кај излезе? Ја видов во видеото каде што пееја од HSM и во коментари сите ја хејтаа. Јас следам неколку периодов и би ја препорачала Amber Scholl, малку е купохоличарка али толку ми е позитивна, самостојна и баш своја. AlexandrasGirlyTalk не постира често, али кога ќе пушти видео секогаш е врвно, со доста информации. Неделава ја најдов и Tara Michelle, има цела листа на видеа, storytime за новата сосетка, ми дојде многу забавно. Lauren Giraldo ми привлече исто внимание, некако ми е баш своја, не е fake на камера. Следам и други за мода, вежбање, минимализам али овие ми се за чисто релаксација и забава.
Мислев дека сум единствена што си пратам редовно јутубери. Незнам зошто но омилените ми се менуваат од период на период. Еве на пример ја имаш спомнато Тара. Пребарај и незнам сега дали беше во влоговите , но има многу интересни видеа од периодот кога беше на факултет исто и фамилијарните патувања и се предобри за гледање. Сега си ги пратам : АlishaMarieVlogs , Aspyn and Parker, RemLife, Page Kaiser и David Dobrik.
И ги следам и влоговите, баш ќе идам поназад да видам Ако ги гледаш Алиша и Реми, би ти ги препорачала и Ники и Габи. Имаат со awesomeness tv као реалити шоу, најновото е на Бахамите, за превртување очи и чисто смеење е топ. Многу има лигавење и first world problems али не очекувам и ништо повеќе
Ги следев еден период пошто имаше драми со дечковците, со слабеење и слични бесмислени ствари. Сега веќе не ми се интересни. Што пратиш највеќе? Баш сакам да си муабетам за јутубери .
Исто Хахаха пак имаат драми, Габи зема да плаче бидејќи немало iced кафе, како и да е на македонски. Порано многу ги гледав Macbarbie07, Stilababe09, и Ева, не памтам како и беше презимето, али кога идеа видеа за декорирање собата, рутини за сабајле, за вечер, за школо, во тренд беше многу нападни неон бои. Други што следев беа сестрите Fowler, едната беше мислам Еlle?, DulceCandy, Zoella и Тhats heart. Мишел Фан видов се врати али не сум веќе заинтересирана. Ја следев неколку години и Bubzbeauty, никогаш не беше премногу популарна али ја гледав од кога беше со дечко и во Хонг конг, па ја запроси, свадба, меден месец, прво дете, па се преселија, второ дете и тука негде ми стана mum јутубер и ја отследив. Најново дознав дека се разведува, а заедно беа од средно ако не се лажам. Никој од овие не ги гледам, онака проверувам одвреме на време, освен Fancy vlogs by Gab, за чудо повеќето и ги имам видено и незнам како ми е забавна. Главно гледам на Tea spill и Spill, и зависно што ми фати око барам плус видеа. Исто сакам и commentary канали како Tiffany Ferg, Jordan Theresa, Angelika Oles. И сериите што ги вади Shane, ги обожавам
По најновото видео на Џефри, преочигледно е дека не се во најдобри односи со Нејт. На некој tea канал, гледав видео во кое се збореше дека во Америка постоел закон, иако не си во брак со некој, но сте биле во врска подолго време и сте живееле заедно, по разделбата едниот партнер треба да добие дел од имањето. Ептен нелогично, плус 5 години не е долг период за да делиш било што со некој што речиси нема никаков удел во заработката. Но, од друга страна, кои други legal issues би ги имале? Не верувам дека нешто било на име на Нејт, за Џефри да сака да си го врати назад. Една кола не била на негово име, не па цел бизнис, ко што се збореше. Сте ги спомнале Ники и Габи. Едно време ги гледав, поточно Ники, но за брзо ми здосади. Не ми е јасно, како во 2020 можеш да си дозволиш расистички скандал. Габи мислам дека следи Кардашијанс тактика и прави драми за поголема популарност. Иначе, јас во последно време ја следам Jackie Aina. Поточно видеата кај што искажува свој став за одредени теми и ми се допаѓа како размислува.
Снимила тикток на кој ја покажува девојката што ѝ ги прави ноктите, која е кинезинка веројатно, со песничката "It's corona time" во позадина.
Мене ме изнервира Морган Адамс што снимала со Триша Морган (sister in law му е на Шејн) ја гледам понекогаш пошто во сите нејзини видеа ги има Шејн и Рајан. Во последно време слабо остава и сега баш нашла со факинг Триша да сними. Убаво ја подбраа во коментари, па се извини ама пак лути и се фановите. Па на thumbnail ги ставила Рајан и Шејн и ме излажа Малку пуштив, ѕирнав некоја минута и исклучив. Инаку премногу ми се свиѓа нивниот однос...На Шејн и маж му со Морган...посебно врската помеѓу братот и сестрата. Јака врска имаат иако се голема разлика во години. Многу и помогнаа да се снајде во Лос Анџелес. За се и помогнаа. За Џефри и Нејт ептен се изненадив кога видов дека не се заедно ама такви се јутуберите. Само убави моменти снимаат, и мислиш мед и млеко им тече, а тие си знаат како им е вистина. Шејн и Џефри кога се заедно ми се јаки, пошто Џефри се расфрла многу со пари а Шејн е скормен па кои фаци ги прави кога ќе дознае колку пари Џефри потрошил пример за ташничка мала
Имаше и видео за извинување. Јас првин не ни сватив зошто е проблематично и морав по коментарите да видам. Мислам дека не и беше намерно, несакајќи, али може и грешам. За внимание се прават некои Ама Триша и Шејн не се многу добри пријатели? Знам имаше нешо драма Триша со Габи Хана, али немам видено друго. Морган ми беше срцка кога кажа колку чуствува притисок за да биде ваква или таква и многу доби поддршка, ретко има такви моменти кај други