Фала, Mishela, знам, кај пластичарите, те сфатив, само мене ни на крај памет не ми доаѓаше за таму, а има логика. Ај ќе видам утре баш. Фала многу
@Mishela , сакам уште еднаш да ти се заблагодарам, најдов баш таму каде што ме посочи ти. За ова те частам јуфки, хахаха
Бев во тие дуќаните во чаршија (во Битола) каде што продаваат пластичарски и кујнски работи (столици пластични, маси пластични, саксии, тенџериња, модли итн...)... такви дуќани ги има во секој град. Човекот ми понуди два типа, еден 900 денари, и еден 2300 денари. На изглед слични, ама металот и се друго каде каде различни. Оваа што ја купив беше италијанска, а другата кинеска. продавачот ми рече, имаат разлика во квалитет оти нели оваа другава била многу цврста, а кинеската се расипувала брзо. Значи јас ја купив оваа (2300 ден): Другата беше ваква (900ден): После гледав на нет, добри коментари има за Титаниа.
Супер, фала ти. Се надевам дека јас тука во Скопје ќе најдам баш на Титаниа. Мајка ми има таква, одамна е, уште ја користи.
Види на плстичарска улица... или тие дуќанчињата на зелено пазарче што се, знам имаше неколку што продаваа вакви работи.
Женски баба ми ја има баш оваа на Титаниа, ја користиме сигурно 10тина години, може и повеќе. Инаку мислам дека ги има и низ дуќаните за бела техника. Рај е за рацете, нит сукаш ништо. Секоја година и ја вадиме маста со баба ми и мајка, нит е 'рѓосена, нит разлабавена. Ако ги јадете често, баш е инвестиција која ќе ви се исплати. Кај нас за тестото задолжена е баба ми, за се друго помладите членови.
Веќе кога ја отворив темата и јас да ви кажам дека машинката за правење јуфки не се мие Се чисти убаво со некоја четкичка и крпа затоа што ако се мие може да 'рѓоса за краток период и да ви се расипе
Пoвеќе ги сaкaм купечките јуфки, некaкo пoвкусни ми се. Инaку бaбa ми прaви и дoмaшни јуфки и ни прaќa пo целa вреќa, еве јa уште мaлку имa. Кoгa прaвaм oд дoмaшните јуфки ги вaрaм, a пoсле вo еднo тaвче сo зaгреaнo мaслo кршaм некoлку јуфки и ги пржaм, пa пoсле ги стaвaм вo тенџеретo сo другите јуфки.
Еве по некој рецепт и од мене со јуфки Предлог рецепт: Јуфки со сирење и павлака За денешниот ручек ви предложуваме да си направите вкусни јуфки во рерна со сирење и павлака. Рецептот покрај тоа што е лесен, нема да ви одземе многу време Потребни состојки: 100 мл масло за јадење 200 гр кисела павлака 1 кг Јувки 2 јајца 250 гр сирење Начин на подготовка: Сварете ги јуфките во солена вода, а потоа измијте ги со ладна вода, исцедете ги убаво а потоа прелијте ги со врело масло. Пропржете ги кратко и во поголем огноотпорен сад ставете ред јуфки ред кисела павлака измешана со јајца и ред сирење. Откако ќе завршите ставете ги во рерна на 200 целзиусови степени околу 20-тина минути. Потоа послужете со кисело млеко или јогурт. Домашни јуфки во крем сос 1. Во тенџере на оган се става вода, 2 лажички сол и 2 лажици масло. Откако водата ќе зоврие внатре се ставаат јуфките. 2. Црвените пиперки се чистат од семките и ситно се сецкаат па и тие се додаваат во тенџерето со јуфките. 3. Кога јуфките се варени се полеваат со крем или течна павлака за солени јадења, се зачинуваат со куркума и босилек, убаво се промешуваат и се тргаат од оган. * Кога подготвувам поголема количина на јуфки ги варам во широко тенџере за да се убаво распоредени и да не се залепат во текот на варењето и со метална лажица одвреме-навреме поминувам од краевите на тенџерето кон средината. Потпечени кори (јуфки) со јајца 1. Корите (јуфките) се распоредуваат во тава бр.32, се ставаат во загреана рерна на 200 степени, повремено се мешаат со дрвена лажица додека поруменат, но да не изгорат. 2. За тоа време се загрева водата со солта до вриење и штом корите поруменат, се вадат од рерна, многу внимателно им се тура врелата солена вода, се става малку масло, се меша и се враќаат во рерна. Се промешува од време на време. 3. Се матат јајцата, млекото и малку сол, се потураат корите и се враќаат да се допечат уште 15-20 минути пак со повремено мешање. Забелешка Корите (јуфките) секогаш ги приготвувам на овој начин во рерна, така ни се повкусни. Претежно ги приготвувам без јајца, но понекогаш и вака со јајца или пак со сирење/урда. Брзи за појадок или за вечера со јогурт или сирење. Овие кори се малку подебели бидејќи се купечки за разлика од домашните. На здравје !
Ние правиме домашни сукани јуфки со сукало, не со машина. Тие ни се многу повкусни. Оние со машина некако како живи бегаат од вилушката кога ги јадеш една година само направивме со машина и никогаш повеќе, на никого дома не им се бендисаа, така ос сила ги дојадовме колку да не се фрлаат.
Ме замисли за ова со машината. Имам таква машина и се мислев деновиве да ја искористам, ама не знам какви ќе бидат јуфките. Свекрва ми прави домашни јуфки баш се вкусни. Вкусни ми се и купечките. Не правам разлика помеѓу домашни и купечки јуфки.
Незнам што да кажам, тоа е моето искуство, ама... вкус и вкус... како сакаш. Додека не пробаш нема да знаеш .
Ќе пробам и ако ми се вкусни ќе ги правам и понатака. Ако не ти е тешко, напиши како ги правеше јуфките.
Tестото мајка ми го меси, јас учествувам во сечење и поставување надвор на терасата да се сушат, ама ке ја прашам и ке ти кажам ако те интересира за тестото.