Вака- на 30 јајца се става еден литар млеко и брашно по потреба и сол по потреба Се меси малку повеќе додека не стане тестото мазно и да не се лепи. Тука се набиваат малце мускули Тоа е рецептата за тестото. А после се сукаат колку може потенко, се сушат така цели, ама не да се пресушат, малце само, не треба да се направат корки.... е сега зависи какво е времето, потопло - поладно .... од тоа зависи колку стојат. После јас ги виткам како ролат и ги сечам со нож. Сакам исти да бидат, не ги сакаме кршени. И ги растураме на некој чаршав да се сушат покриени со ЗАВЕСА за да не ги лазаат муви Некои ги прават кршени- ако сакаш така остави ги онака цели убаво да се потсушат, да се направат корки, а после искрши ги и ке бидат со неправилна форма (што мене не ми се допаѓа). Тоа е
Bas utre ke pravam jufki Jas prvo seckam piperka (pikantno luta) i potpekuvam so malku jufki pa koga ke se potpece toa dodavam uste jufki i vrela voda. Pri kraj dodavam jogurt i jajce (izmateno). Gi obozavam so rendano sirenje
30 јајца Еден грст сол Литар млеко Околу 5.5 кг брашно Се матат јајцата со солта, да се направи убава каша, па се додава млекото и се меша. Потоа постепено се додава брашното (отприлика за 30 јајца е пет, пет и пол кила, ама ќе си видиш колку ти треба) и се меси да се добие појако тесто. Ако не сакаш толкава количина, ќе замесиш половина или третина од дозата. Откако ќе добиеш убаво измесено мазно тесто, го делиш на топчиња големи колку што ти собира во дланката. Ги редиш во подмачкан плех за да не се залепат и ги покриваш со влажна крпа да не се исушат. Од секое топче се сука кора, дали со сукало, дали со машина. Ако го тегнеш на машина, прво одиш со бр.1 дебелина, сите топчиња да ги поминеш, па на дебелина бр.3, пак сите да ги поминеш и на крај со најтенкото, бр.6. На машинава што ја имам тие се бројчињата. Значи прво сите топчиња ги поминуваш на бр.1, ги редиш на чаршав да се потсушат, па на бр.3, пак ги редиш, и на крај на бр.6. После ги сечеш на машината и ги растураш на чаршави да се исушат. Се надевам бев јасна.
И мене ми се омилени јуфките, а и малата многу ги јаде. Јас прво ги ставам во тавче живи, ги попрскувам со зејтин и ги ставам малку да заруменат. После ги вадам, ставам сол и вода и пак во рерна. По желба ставам и сиренце или урда меѓу нив. Ептен се вкусни и крцкави.
Совет плус Прво направи со 10јајца,да не ти дојде многу напорно наеднаш со 30. Тестото е тврдо и треба добро да се измеси
Последен пат раце ми паднаа месејќи.. прво една недела во теретана би ти препорачала да одиш Инаку и јас ставам само 10 јајца наеднаш...30 се ту мач Со 10 ќе се препотиш а не па со 30
Само ако си купам онаква машинка за да го исплеска тестото и исецка, само тогаш.. инаку, големи дози ко мајка ми што правеше нема шанси во овој живот. Мали... ко за тањир-два за сега ради де-стресација океј. Јака ти душа Симонке Со тањир ќе ти дојдам. И сирење ќе си носам
Со сукало сукани се милион пати подобри отколку со машинка, онака тенко, па кога се суши само се распукува
Па добро, со 30 јајца се добива доза за цела сезона за едно семејство. Мајка ми меси по 30 јајца наеднаш, ако таа може на 70 години, значи можеме и ние на 30 Инаку имам уште од ланските, годинава не правам.
Ама ако ти ги правиш. За мене едно мало вреќиче ако може. Ќе ти купам се' што треба и за тебе и за мене
Јас не знам да сукам, така да сигурно со машинка ќе ги биде, какви-такви... И најверојатно со 10,па ако се малку уште еднаш