1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовен триаголник

Дискусија во 'Канта' започната од Squirrels, 24 јануари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Squirrels

    Squirrels Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    Ќе се почнам од почеток....
    Бевме на име и искрено мене ми се допадна машкото. Ми кажаа дека има женска. Малку бев пијана и не обрнав внимание на тоа,игравме и после му реков да излезиме надвор демек лошо ми е!
    Се смувавме! Другиот ден му бевме на кафе си една другарка(тогаш не се мувавме) и се договоривме другио ден кај мене на кафе! Е тогаш се смувавме :) Праефме муабет и го прашав колку пати ја име изневерено женската! Еданаш, така ми кажа,само со мене. Вечерта излеговме и очајно си поминафме,пошто јас паднаф си ја скршив штиклата :D Откако си дојдов дома се изнапраевме муабет на телефон. Јас се имав закарано со една другарка оти му се јавував а тој беше со женската,признавам можи не требае,ама тоа сум јас!!
    Јас го прашав до каде планира да оди ова и искрено му кажав дека не ми се допаѓа ситуацијата!!!!!!
    Рече дека ќе се скарал со женската но му требало време да најде рачка бидејќи сега брзо се смирени!
    Вчера се видовме пак....беше едноствно магично....бевме кај еден другар дома....легната на неговата нога,каминчето до нас топли...немам зборови..

    ЗНАМ дека не постапувам правилно и дека доколку се скара со женсата таа ќе биди повредена,но пак немам ли јас еднаш за промена да бидам среќна??!
    Незнам дали да се борам или да оставам на времето?! Искрено верувам дека ќе и се скара и планирам потоа тајно да одиме за да не пукнат одма муабети ,но....несакам да сум на незино место ...
    ВЕ МОЛАМ ЗА СОВЕТ!!
     
  2. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Како прво не сакам да се навредиш ама ми стои дека ти повеќе се пикаш овде одошто тој те бара! Како друго шо бараш во нечија врска, плус му се јавуваш додека е со женската.Не те јаде ни малку совест? Како трето не е лошо да повториш кај се користи Ф а кај В во реченица место да бркаш туѓи дечковци! Не се гради среќа на туѓа несреќа! :!: И уште нешто, од кај си сигурна дека нема и тебе да ти го направи ова што сега и го прави нејзе?
     
    На svetlana-74 и Ani.ta им се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Не гази по туѓата несреќа за да бидеш ти среќна. Ако тој ја остави девојката, биди со него. Ама вака, ти да си втора... Мислиш дека е тоа добро ???
    А како би се чувствувала ти ако некоја сака да ти го земе дечкото ??? Машко како машко, сака да шара наоколу :) па сега на тебе е дали ќе дозволиш сето тоа да премине во поголеми страдања или да се повлечеш и да почекаш тој да си раскрсти со девојката.
     
  4. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Како прво јас не сакам да сум на твое место а не на нејзино. Бидејќи очигледно ти си таа која е во заблуда. И ти имаш право на среќа како и сите, но среќа не се гради на туѓа несреќа. Не знам дали сега си заљубена, но кога прв пат се смува со дечкото само ти се допаѓаше. Не знам колку години си,но според напишаново мене ми изгледа дека немаш повеќе од 14-15, и може на тие години се е дозволено ама неможе да се муваш со секој што ќе ти се допадне. Мислам можеш, ама тоа не значи дека си нешто повеќе од тие што не го прават тоа, туку само си прилика што мажите најчесто не ја одбиваат.
     
  5. Addicted

    Addicted Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Squirrels Многу ме изиритира твојот пост, па затоа пишувам. Откако го прочитав за миг се ставив на местото на таа девојка.. си тргнала по многу погрешен пат за да ја бараш среќата! Прекини на време затоа што ти си единствена која во овој случај нема така да ја најде среќата! Секој заслужува среќа, но не по цена на друга несреќа!
     
    На svetlana-74 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    И мене ми личиш како да си 14-15 години, и баш да ти кажам искрено мене тоа ме изиритира уште повеќе. За момент да ги забаталиме сите други фактори, ти имаш 14 години (или колку и да е) и успеваш од себе да направиш смешка. Да се компромитираш, да згазиш на вредности кои на таа возраст барем треба да ти е шубе да ги прекршиш, немаш некоја силна емотивна позадина зад ова глупост па..ај да се подзамислиме, можда не те разбираме, љубовта е глупа слепа и слично.
    Ова твоево е класичен панаѓур, а ти мала моја си главниот кловн.
     
  7. sweetybarby

    sweetybarby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    8
    Навистина многу неубаво од твоја страна знаеш дека има женска и си го викнала надвор па сте се смувале оти си била малку пијана, дека си била во пијана состојба не е никакво оправдување бидејќи сепак си свесна што правиш оти во таква состојба не си ја чукниш главата од ѕид туку си го викнала надвор ејјј..... и сакаш да градиш среќа на туѓа несреќа... А замисли се ти на местото на девојчето и викаш тој сакал да и се скара ама не знаел како ако навистина осеќа нешто за тебе без размислување ќе и се скара а и викаш тие сега брзо се смириле значи биле скарани и тој ако не осеќал ништо кон неа немало ни да се смири со неа, затоа најубаво е да отстапиш па ако тој е за тебе ќе биде кога тогаш, и не заборавај дека во тој триаголникот ти си третата... Дали би ти било убаво твојот дечко да се мува со други девојки?.....
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Си направила што си направила, се случило што се случило, ај сега кажи му дека следен пат ќе се видите кога ќе биде слободен, зашто вака верувај ми, многу му е убаво на две столици и никогаш нема да прекине ни со едната, па ти како сакаш.
     
  9. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Не е убаво од твоја страна да се пикаш во туѓи врски и да му ја расипуваш среќата....да и ти имаш право на среќа и да бидиш сакана но не и во овај случај затоа што ти повредуваш некого за да бидиш ти среќна па нели е тоа себично...сепак како што кажа девојката пред мене се случило што се случило сега кажи му дека ќе бидите во врска кога ќе биди слободен...а и не сакам да те разочарам ама тој кога ја изневерил женска му со тебе верувај и тебе ќе те изневери и ќе те повреди со некоја друга
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Само ќе ти кажам...Тоа што го правиш подоцна ќе ти го прават.Како што милуваат некои форумџики да кажат...Karma is a bitch!Па сега ти размисли што сакаш.
     
  11. Squirrels

    Squirrels Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    Несакам да се правдам ЗНАМ ДЕКА ЗГРЕИВ!
    Само можам да ви ветам дека додека не се скара со женската нема да бидам со него!
     
    На macence85 и blond им се допаѓа ова.
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Е така може. Иако мислам дека на ваква личност не треба да и даваш можност и тебе да те излаже.
    Барај некој слободен дечко ! Некој што би те заслужил. На крај краева, не барај дечко, кога најмалку ќе очекуваш, тогаш ќе го најдеш. :* Уживај си сега на излегувања со другарките.
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    А мене ми се чини, или ти го напнуваш ептен? :^)
    Таков впечаток добив, дека тој глава не може да крене од тебе.
    Ѕвониш додека е со девојката, го прашуваш што, како, зошто, кога....
    Па си се смувала со него, си згрешила додуша (свесна си, т.е пред нас кажуваш дека си свесна, кој знае)... Иииии доста е! Ако треба да биде нешто, ќе биде, остави го, што си го напнала, го пикаш носот кај што најмалку има место за тебе |(
    Ептен очајно се претставуваш!
    Изгледа мислиш дека ако се смуваш со некој, треба за маж да го земеш |(
     
  14. stronggirl636

    stronggirl636 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    дечкото нема срце подобро откачи го навреме пред да бидеш повредена!!
     
  15. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Па добро бе и да биде еден ден со тебе, и да не е повеќе со девојката, мислиш ќе ти биде верен?
    Очекуваше да ти каже дека ја утепал од варање? Фала богу дека ќе ти каже дека само со тебе. Чим ја изневерил нејзе ќе те изневери и тебе, ако еден ден бидете заедно. Размисли малце утре може да бидеш во скроз иста ситуација како неговата девојка сега.
    Може не си имала дечко во кој што си била заљубена, ама еден ден кога ќе имаш ќе сфатиш колку боли некој да ти се меша во врската. Не го кажувам ова од лично искуство, меѓутоа околу мене има еден куп луѓе што некогаш се нашле во слична ситуација.
    Најди си некој слободен, сигурно има многу слободни машки околу тебе. :)
     
    На stronggirl636 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. popcorn

    popcorn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Срце..искрено не го оправдувам ова твоево Триаголниче.. Бидејќе јас настрадав од девојче кое што му се ''упикуваше'' на Тогашниот мој дечко.. Сега се разделивме.. врска година ипол.. Уште првата недела се фати со неа.. Замисли идат сеуште 3 месеци.. Тешко ми беше да го преболам.. Ама животот иде понатака!! ;)))))
     
  17. IndependentGirl

    IndependentGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Замисли ја ситуацијава:
    Тој ќе се скара со девојчето и ќе се фати со тебе.....нема ли постојано да те копка сомнежот дека додека ти дома мирно спиеш тој не и вели на некоја друга "ќе ја оставам само ми треба малку време" ???? :?:

    Искрено верувам дека луѓето се менуваат но сепак....не го знаеш доволно..
    Како и да е....Гуд Лак
     
  18. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Така така упикувај му се ти слободно, мешај се во туѓа врска зошто ти ко што си рече имаш право да бидеш среќна еднаш во животот, тоа е тоа мото што се бара ;) Инаку не знам дали знаеш дека среќа врз туѓа несреќа не се гради :) А да... и тоа што нема да правиш ништо со него додека не раскине со девојката не те прави подобра. Ти више си правела нешто со него, свесна, дека тој има девојка. Од девојче со слично размислување пропадна мојата врска, и види чудо мојот бивши не остана со неа туку трча по мене во секоја доба од денот 7 дена во неделата. Не те познавам, немам намера да те напаѓам ама не се мешај во туѓа врска, тоа носи само несреќа и проблеми.
     
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ахх колку паметни биле овие од машки род, или не колку девојки се наивни и дозволуваат некој да ги врти на 101 начин :headbang: Алооо чукнете си ги малце главичките и размислете добро што правите.

    Не се почитувате сами себе и после барате друг да ве почитува, т.е. ваквиот потенцијален почеток на врска = пост после неколку недели ДЕЧКО МИ МЕ ИЗНЕВЕРУВА ;( . :D Па нормално дека ќе те изневерува ај сети се како вие започнавте :x

    Како што споменаа тие пред мене најверојатно имаш 14-15 години, ма и колку да имаш не се мешај каде што не ти е местото.Се надевам дека навистина си ја сфати грешката а и јас на твое место воопшто не би била со некој таков а не кога ќе биде слободен :?: , едноставно ваквата постапка, со тебе да ја изневерува неговата сегашна девојка мене лично уште од старт би влевала недоверба. :doh:
     
  20. fenu

    fenu Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Абе знаеш како оди тоа, се додека има кој да лажат, ќе лажат.
    Девојче, тој ако ја изневерува неа, еден ден ќе те изневерува и тебе. Ако не сакал да биде со неа, ќе и раскинел пред да оди со тебе. :fubar:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.