Љубовен хороскоп

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од gami, 25 декември 2010.

  1. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Kаква иднина има вашата врска?Сетете се на датумот кога почнавте да се забавувате со партнерот и одредете во кој хороскопски знак е родена вашата врска.Врз основа на денот на годишнината ќе откриете каква иднина ве очекува.
    Ја започнавте врската во знакот...

    ОВЕН (21.03. – 20.04)

    Ова е период на првиот знак на хороскопот, а Овенот го претставува детето во секој од нас. Тоа е тврдоглав и страстен знак, сака да се расправа и мисли само на себе. Овенот спаѓа во огнените знаци, така што врската ќе ви биде страстна, но бидејќи со овој знак владее планетата Марс - раскинувањата и смирувањата ќе бидат чести во оваа врска.

    Добри страни - Никогаш нема да ви биде досадно.

    Лоши страни - Темна страна на Овенот се себичноста и егото со кои не е лесно да се справите, па подгответе ги вашите нерви.

    Позитивно - Спортувајте заедно бидејќи овој знак пука од енергија. Ако добро ја насочите ќе уживате. И во соблекувалната може да биде интересно...


    БИК (21.04 – 21.05.)

    Блажени се оние кои се заљубиле во знакот на Бик. Ова е најсензуалниот знак во хороскопот, едноставно ужива во се. Ако вашата врска започнала во знакот на Бик, ќе биде исполнета со многу допири, бакнежи, секси масажи и други уживања. Ќе уживате и во излегувања, излети и многу танцување.

    Добри страни - Со знакот Бик владее Венера, планетата на љубовта, па ве очекува уживање на секој чекор.

    Лоши страни - Штедливоста на Бикот сигурно ќе ви пречи.

    Позитивно - Биковите се одлични танчари - уживајте!



    БЛИЗНАЦИ (22.05 – 21.06.)

    Ова време е вистински погодок. Близнакот е знак на комуникација, па затоа оваа врска ќе потрае, сите проблеми ќе ги решавате со разговор. Може ќе ви требаат неколку капки романтика да го засладите тој разговор.

    Добри страни - Секогаш имате за што да зборувате, па макар тоа да се и трачеви.

    Лоши страни - Недостатокот на романтика ќе биде надоместен со разговор, па малку повеќе бакнежи нема да ви наштетат.

    Позитивно - Врската ќе опстојува од меилови, СМС пораки и секси писменца!

    РАК (22.06 – 22.07.)

    Честито, сте одбрале вистински тајминг за започнување на врска. Ракот е знак на семејството и домот, а оваа врска има големи шанси да прерасне во нешто посериозно. Раковите уживаат во храната - патот до љубовта води преку желудникот.

    Добри страни - Ќе ви биде лесно да ги изразите своите чувства, особено кога сте во кревет и гледате филмови.

    Лоши страни - Раковите се познати по своите изливи на емоции, понекогаш може да почувствувате дека тоа ве гуши.

    Позитивно - Сигурно ќе уживате во добрите излегувања.


    ЛАВ (23.07. – 22.08.)

    Оваа врска ќе започне бурно и најверојатно така и ќе исчезне. Лавот е огнен знак, па затоа врската ќе ви биде исполнета со интересни настани. Никогаш и никаде нема да ви биде здодевно. За жал, обично таквата страст не трае долго, но доколку некој од вас е земјен знак (Девица, Бик, Јарец) работите ќе ги спушти на земја.

    Добри страни - Бурни и драматични секси мигови.

    Лоши страни - Драматични падови!

    Позитивно - Лавот е најразиграниот знак, искористете го тоа, уживајте во водните спортови, трчањето... Да бидете дете во оваа врска е неизбежно!


    ДЕВИЦА (23.08 – 22.09.)

    Девицата е знак кој обожава да се оптоварува со детали, па најверојатно, освен на датумот на запознавањето, ќе се сеќавате и на облеката која сте ја носеле на себе. Овој знак понекогаш е премногу опседнат со детали што не им обрнува внимание на големите работи. Но и Девиците знаат да им се препуштат на страстите, кога никој не гледа...

    Добри страни - Ќе мислите на сите важни датуми, а околу вас се ќе блеска од уредност.

    Лоши страни - Ситничарството може да ви пречи.

    Позитивно - Во оваа врска ќе имате план за секоја заедничка активност.


    ВАГА (23.09 – 22.10.)

    Вагата е добар знак за почеток на нова врска, така што имате големи шанси за успех. Хармонијата, заедништвото и грижата за партенрот се темели на врската, доколку е започната во овој период. Понекогаш Вагите ја напуштаат врската без зборови, и тука нема помош.

    Добри страни - Венера, планетата на љубовта внимава на вас.

    Лоши страни - Вагите се често неодлучни, па можеби долго ќе размислувате каде да одите во дискотека или во кино.

    Позитивно - Ќе уживате масирајќи се еден со друг.


    ШКОРПИЈА (23.10 – 21.11.)

    Шкорпијата е знак со која владее страста, така што ќе уживате во се. Уште една работа е карактеристична за Шкорпијата, тоа е мистичноста, а и осветата им оди од рака, затоа внимавајте што правите.

    Добри страни - Мораме ли да зборуваме за тоа што започнува на С...

    Лоши страни - Доколку нешто тргне наопаку, работите може да станат опасни.

    Позитивно - Врската во знакот на Шкорпија ќе ви открие работи кои не сте ги знаеле за себе.


    СТРЕЛЕЦ (22.11 – 21.12.)

    Добредојдовте во светот на авантурата! Ќе уживате во жешките моменти од својата нова врска. Можеби нема да трае долго, бидејќи Стрелците секогаш сакаат нови работи.

    Добри страни - Оваа врска ќе биде полна со пресврти, раскинувања и смирувања.

    Лоши страни - За Стрелецот тревата секогаш е позелена на некое друго место.

    Позитивно - Стрелецот е знак кој обожава патувања, па доколку сте ја започнале врската во овој знак, искористете го тоа и отидете на некое заедничко патување.


    ЈАРЕЦ (22.12. – 20.01.)

    Ако сакате долга врска, онаа која е започната во ова време има добри шанси за тоа. Може да останете заедно со партнерот се додека смртта не ве раздели. Но, таквата врска носи и многу одговорности.

    Добри страни - Можете да остварите се што сте замислиле, и тоа заедно.

    Лоши страни - Јарецот е многу ладен знак, така што, доколку не сте припадник на некој огнен знак, работите може да бидат премногу смрзнати.

    Позитивно - Поминувајте го заедно целото слободно време, па вашата врска ќе цвета.


    ВОДОЛИЈА (21.01- 18.02.)

    Од сите знаци кои владеат во Зодијакот, Водолијата најмногу ужива во својата оригиналност и различност. Ако вашата врска е започната во знакот на Водолија, ќе трае онолку колку што еден на друг ќе си дадете слобода.

    Добри страни - Заедно можете да го освоите светот - ако ја цените слободата на партнерот.

    Лоши страни - Ова и не е баш најстраствениот знак, но ако се потрудите можете да успеете.

    Позитивно - Водолијата е секогаш подготвена за лудории.



    РИБИ (19.02 – 20.03.)

    Кога се сретнавте сигурно почувствувавте дека сте создадени еден за друг. Оние кои се заљубуваат во знакот на Риби уживаат во времето поминато заедно, бидејќи Рибите се најромантичниот и најемоционалниот знак. Вие и вашиот партнер ќе создадете свој свет.

    Добри страни - Креативна и романтична заедница во која ќе уживате.

    Лоши страни - Ќе имате проблем при средба со реалноста

    Позитивно - Најдрага активност на Рибите е уживање во дегустација на разни пијалаци и добра музика. Во секој случај, знаат да уживаат.
     
    На Queen.S, 2468 и nedzma им се допаѓа ова.
  2. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Точно, точно! Ми се падна знакот близнаци :)
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Мене ми се падна стрелец и искрено не ми се погоди ;). Нема баш ништо такво во нашата врска
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Близнаци :bow:
    Ама тоа за романтиката :^) Ја има доволно, повеќе од негова страна отколку од моја :lol:
     
  5. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    23.618
    Пол:
    Женски
    Мојата врска е родена во знакот на Вага и можам да кажам дека поголем дел од работите се поклопуваат ... :)
     
  6. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Шкорпија . . . само колку многу е точно
     
  7. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    ЈАРЕЦ (22.12. – 20.01.)

    Ако сакате долга врска, онаа која е започната во ова време има добри шанси за тоа. Може да останете заедно со партнерот се додека смртта не ве раздели. Но, таквата врска носи и многу одговорности.

    Добри страни - Можете да остварите се што сте замислиле, и тоа заедно.

    Лоши страни - Јарецот е многу ладен знак, така што, доколку не сте припадник на некој огнен знак, работите може да бидат премногу смрзнати.

    Позитивно - Поминувајте го заедно целото слободно време, па вашата врска ќе цвета.

    Има нешто точно, и јас имав еден таков извадок, ако го најдам ке го постирам.
     
  8. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    јарец и се е точно :)
     
  9. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Се е точно за мене (водолија) а за дечко ми (вага) има нешто точно нешто не
     
  10. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Нешто си згрешила ти.. Како за тебе водолија за дечко ти вага?
     
  11. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Па лубовниов хороскоп мене се ми погоди а јас сум водолија а пак за дечко ми нешто е точно а нешто не а тој е вага ова го мислев иако не написав јасно зато не ме разбра :D
     
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Мојон шкорпија, јас коза -фино си се слагаме.
    Он лава, јас карпа...
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Близнаци...
    Траеше 7 год. со доста разговори и не премногу романтика ...
    Значи има големо преклопување на овој хороскоп со мојата врска!!!
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.052
    Ова е хороскоп за вашата врска..поточно во кој перид е почната, дали во месецот на Овен,дали во Бик...итн.
    Не е за поединечно,за тебе или партнерот
     
  15. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    ТОЧНО!! Баш ваква ни е врската! :clap:
     
  16. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Да да сега ми се разјаснија работите аха ова е хороскоп за врската ... фала nedzma ;)
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Wиби :)
    Па има нешто точно, само не е толку претерано со романтиката :)
    Активностите се сасвим тачни! ;)
     
  18. Snezana0404

    Snezana0404 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    ОВЕН (21.03. – 20.04)

    Ова е период на првиот знак на хороскопот, а Овенот го претставува детето во секој од нас. Тоа е тврдоглав и страстен знак, сака да се расправа и мисли само на себе. Овенот спаѓа во огнените знаци, така што врската ќе ви биде страстна, но бидејќи со овој знак владее планетата Марс - раскинувањата и смирувањата ќе бидат чести во оваа врска.

    Добри страни - Никогаш нема да ви биде досадно.

    Лоши страни - Темна страна на Овенот се себичноста и егото со кои не е лесно да се справите, па подгответе ги вашите нерви.

    Позитивно - Спортувајте заедно бидејќи овој знак пука од енергија. Ако добро ја насочите ќе уживате. И во соблекувалната може да биде интересно...


    Kolku sve e tocno, duri ne mi se veruva....:)
     
  19. Kylie

    Kylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Се е погоденоо :D
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    “Тоа е тврдоглав и страстен знак, сака да се расправа и мисли само на себе.“

    не, прво за себе па за другите, а само за себе никогаш, до скоро бев: прво за сите па за себе, воопшто себе си не се ставав на прво место, сега се опаметив, но себична никога не сум била, баш напротив и не сакам расправија најубаво се чувствувам во мир и хармонија.

    Друго се е точно.