Еве како реагираат хороскопските знаци, доколку им раскинете *Доколку знаете нешто поврзано со љубовен хороскоп, пишете тука * Овен Болно го доживува раскинувањето, иако се труди на остави впечаток на неодолив срцекршач. Иако е огнен знак, не му е сеедно кога доаѓа до раскинување на врска. Бидејќи верува дека во љубовта и војната се е дозволено, тој ќе се обиде да ја придобие личноста која ја сака на сите можни начини. Бик Иако делува опуштено, како да нема никакви проблеми, тешко поднесува раскинување со саканата личност, па макар и кога некој од нив мора да отпатува. Ако станува збор за дефинитивна разделба со саканата, емотивниот бик ќе се заклучи дома и ќе пати во тишина, евентуално ќе поразговара со најдобриот пријател кој тешко дека ќе го измотивира да се помрдне од кревет. Утеха наоѓа во стихови од песни кои го потсетуваат на партнерот. Близнаци Тие глумат дека раскинувањето го доживуваат спортски, на принцип – не е тој/таа единствен на светот, но вистината е дека не им е лесно. Близнакот е навикнат да биде сакан, потребен, па никако не може да им стане јасно зошто некој би ги оставил. А ако тоа се случи, тој ќе праќа смс пораки, ќе ја бара, ќе ја чека пред куќа... Рак Ракот тешко го преболува прекинот на врската, па во очајот се нафрла на јадење и пиење по кафани, а често и наоѓаат нов партнер во кој ќе бараат утеха, а е под нивно ниво. Но, ракот од почеток ќе се надева на моментот кога ќе ја сретне љубовта на својот живот, и ништо друго не им е важно! Лав Гордиот лав пати драматично, отворено па сите дознаваат дека тој е повреден. Тешко го поднесуваат прекинот на врската, па често размислуваат дали причината е повреда на суета или пак скршено срце или и едно и друго. Девица Избувлива но трпелива Девица кога станува збор за раскинување, дава се од себе само да ја открие причината за тоа. Ќе се дави во својата омилена чоколада, и ќе смислува што пораки да праќа на својот сакан партнер. Во случај таа да посака да ја раскине врската, ќе направи да личи дека е таа (Девица) оставената. Вага Воздржана и суетна Вага, како родена глумица, нема на никој на му го пружи тоа задоволство да гледа како таа пати и како нејзиниот свет е срушен. Пред другите ќе се смешка и ќе се прави дека таа го оставила партнерот, а не тој неа, се додека дома ќе плаче и ќе се буди на јастукот кој сеуште ќе мириса на парфемот на саканата личност која Вагата ја сака до болка. Шкорпија Таа пати како ниеден друг знак, посебно кога е заљубена и оставена од личноста која искрено ја сака. Нема да знае на кого прв да се јави, со кого да разговара за нејзината тага, затоа што со Шкорпиите е најтешко да се разговара за љубовните проблеми. Тие се неподносливи и дефинитивно најтешко ја прифаќаат разделбата со партнерот. Стрелец За да го преболи раскинувањето Стрелецот ќе избега од суровата реалност. Секако ќе се обиде некаде да отпатува, но ако тоа не е возможно, ќе замине во омилениот ресторан или ќе се вози низ градот, а по пат ќе го изнајми филмот кој сакал да го гледа со саканата личност. Јарец Практичен, но чувствителниот Јарец нема никогаш да му биде јасно кој би бил толку луд баш него да го остави, затоа што нема нешто што тој не би направил за партнерот. Кога е тој оставен, пробува да го премота филмот наназад, и да види што тоа на партнерот не му одговарало. Тој пати сам и сам си се теши. Водолија Оставената Водолија ќе трча од пријател до пријател неможејќи да сфати дека партнерот ја оставил затоа што никогаш не била на чисто со неговите намери, плано и чувства. Се што таа ќе посака да му каже на својот партнер, ќе го исфрли на своите пријатели. Но, сепак, ќе направи се што може и неможе за да ја врати саканата личност. Риби Рибите се родени за патење, сожалување и бол. Тагата во нивните очи е поголема од сите можни зборови, а со осаменоста и солзите се справуваат во тотална излолација. И така во сопствено сожалување, несфатени и отфрлени од партнерот, Рибите во својата емотивна конфузија ќе се потсетуваат на некои други љубовни раскинувања, за кои мислеле дека по нив, светот запрел.
Протестирам!То није истина! Риба сум,па што!Плачам два дена,после третиот сум како нова,четвртиот веќе смислувам начин како да го срозам в корен,петиот се откажувам од идејата и се помирувам,шестиот пак приплачувам,седмиот веќе сум спремна со ќотек да го најадам,осмиот ако ми налета на пат може и стварно ќе го најадам,а ако не друго мушко биче го јаде стапот,деветиот правам женска збиранка,десетиот мислам на нов дечко!Попросто амин!
Jas sum oven, se zaljubuvam mnogu brgu...uste pobrzo se odljubuvam...tesko pagam vo depresija...lesno se izvlekuvam..potrebno e covek mnogu da mi zgresi za da ne posakam muabet da mu napravam a ne pa da go vidam...i taka
Мене ми е погодено за Бик.. отиде тој што го сакав у друга земја, се скинав од плачење.. сите искачаа по дискотеки, јас нејќев да искочам од дома, ама сеа коа ќе ми текне, си се смеам ^^
Jас сум шкорпија и не ми е воопшто погодено. Не патам после никоја разделба, во моментот на раскинување ми прекинуваат сите чувства , и можам да ги контролирам понекогаш. Тоа е тоа
Има вистина во напишаното за Јарец Всушност, бев таква.. веќе НЕ. Не се убивам мислејќи дека јас сум згрешила. Е*ате машките. тешко тој што ме изгубил
јас сум вага и да ви кажам искрено 2 години поминаа од кога раскинав последно со бившиот и бев баш ваква (само што ние не раскинавме, туку се одделивме, бидејќи тој немаше лице да ме погледне в очи )
Да се разбереме ,Ние сме премноооооогу горди па затоа никој не дознава дека патиме , Облекуваме штикли , најсекси фустан и ставаме од парфемот , и одиме во лов за нови
Хммм,за рак ...не баш,само тоа дека секогаш ја чекаат љубовта на својот живот.Барем кај мене воопшто не е така!
Девица Избувлива но трпелива Девица кога станува збор за раскинување, дава се од себе само да ја открие причината за тоа. Ќе се дави во својата омилена чоколада, и ќе смислува што пораки да праќа на својот сакан партнер. Во случај таа да посака да ја раскине врската, ќе направи да личи дека е таа (Девица) оставената. Вистина !!
Taka e i jas sum takva kolku i da patam nesakam nikoj da doznae za toa mnogu sum gorda i koga mi e najtesko kako sto kaza ti se doteruvam i odma u lov da go napravam ljubomoren
Ah kolku e tocno za vagite samo, znaci kompletno me opisuva mene,koga decko mi otide na rab vo stranstvo znaci ne se razdelivme bukvalno tuku se gledavme na 4 ili 5 meseci i jas posle sekoe negovo odenje bev golema placka zasto ednostavno premnogu mi falese,a mi fali i sega
Риби Рибите се родени за патење, сожалување и бол. Тагата во нивните очи е поголема од сите можни зборови, а со осаменоста и солзите се справуваат во тотална излолација. И така во сопствено сожалување, несфатени и отфрлени од партнерот, Рибите во својата емотивна конфузија ќе се потсетуваат на некои други љубовни раскинувања, за кои мислеле дека по нив, светот запрел.[/quote] ее сега не сме до толку плачки