1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовна комбинација Овен и Јарец

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од SanjaKirchner, 5 мај 2011.

  1. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Имам доста читано дека оваа љубовна комбинација воопшто не е добра. Дека овие два хороскопски знаци воопшто не си одговараат и дека нема да успеат да останат заедно. Какво е вашето мислење за ова.

    П.С го пишувам ова бидејќи за 1 месец се мажам со Јарец а јас сум Овен :lol: :inlove:
     
  2. blackdeath

    blackdeath Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    45

    pa da ti kazam pravo deka ne si odgovaraat so toa sto se mnogu sprotivni i za da uspee treba mnogu da se raboti.ovenot treba da ne raboti protiv svoj partner a jareco da ne ja ubiva energijata na ovenot.:)
     
  3. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Кога овен и јарец се заедно, тие мораат да работат напорно за да ја одржат нивната љубовна врска на цврста подлога. Нивните погледи кон животот се речиси спротивни. Овенот секогаш е во насока на реализирање на неговите планови, без да се замара со целта што сака да ја постигне со нивното остварување. Од друга страна, јарецот постојано некого или нешто осудува, без разлика колку ќе има корист од тоа. Овните се брзи, енергични и преземаат иницијативи. Јарецот сака да презема ризици, но никогаш не избрзува во дефинирањето на неговите цели, туку неуморно работи во насока на нивна реализација. Неговите амбиции најчесто се насочени кон напредок на кариерата или статусот во општеството. Двајцата партнери секогаш знаат кон што целат, но нивните интереси се најчесто тотално спротивни. Јарецот генерално е тивок, воздржан и скромен, додека овенот е зборлест, бучен и наметлив. И двата знака се многу тврдоглави и мислат дека нивниот начин е најдобар, па затоа за да можат добро да функционираат заедно, мораат да го прифатат фактот дека честопати ќе имаат несогласувања во нивната врска. Тоа е така, бидејќи тие имаат навистина различни животни филозофии. Овенот работи кон реализирање на плановите на краток рок, додека јарецот инсистира да ги следи правилата на игра и да чекори по веќе испробан, безбеден и вистински пат кон успехот.

    Се прашувате како овие различни карактери би се искомбинирале во една љубовна врска? Еве како: овенот е импулсивен, страстен, брз и бурен и никогаш не престанува да мисли дали љубовниот партнер кој го избрал е вистинскиот за него. Јарецот пак сака да анализира и испита колку неговиот потенцијален партнер ќе биде способен да му помогне да напредува во животот и резултатот од тоа „истражување“ ќе го искористи за да одлучи дали вреди да продолжи да се бори за таа врска или не. Ако овенот и јарецот подобро се запознаат и решат да ја одржуваат нивната врска на долг рок, тие можат меѓусебно да се научат на многу работи, кои не би успеале да ги сфатат сами.

    Овенот е управуван од планетата Марс, која е симбол на страста, додека јарецот е предводен од Сатурн, кој симболизира карма. Овие две планети обично работат една против друга, освен ако овенот и јарецот не решат заеднички да се изборат за пронаоѓање на еден заеднички јазик. Овие два знака можат дефинитивно да си помагаат еден на друг, особено кога станува збор за професионални работни задачи. Јарецот има голема моќ на издржливост, упорност и истрајност, но овенот ја има потребната енергичност за да ја заврши работата до крај. Овие партнери можат да бидат подобро дуо на работното место, отколку во спалната соба. Двата партнери се решителни и ниеден од нив не се откажува брзо.

    Ако нивната заедничка енергија не е насочена во позитивна насока, овие двајца партнери можат да бидат сурови, груби, дури и насилни еден кон друг или во најдобар случај меѓусебно да си предизвикаат потиснување на нивните емоции. Овенот мора да води сметка да не работи против својот партнер, додека јарецот мора да се грижи да не ја убива огнената енергија која ја поседува овенот. Додека овенот е динамичен и активен, јарецот е поприземен и практичен. Јарецот во поглед на дефинирање на неговите цели си го поставува прашањето: „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите најголеми животни планови“, додека на овенот едноставно му текнува што му се прави во моментот и трга во акција без изготвен план во мислите.

    (превземено од http://www.kafepauza.mk)
     
  4. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Aјде па и ти за еден месец се мажиш ако не си го проценила до сега, сигурно ти одговара штом ќе го земеш за маж. Ич да не се замараш, секое правило си има и исклучок. Јас имам другарка таа е јарец тој овен 5 години се заедно и одлично функционираат. Со среќа :)
     
  5. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Фала ти лена за опширното објаснување собра позитивна енергија од тоа :)
    стар: ање така си е ке се мажам ама те ај да си питам цело време читам тука по форумо за знаците па да видам стварно ли до толку е лоша комбинација :D
    Чудно ми беше оти не сме имала голема кавга до сега пу пу :D :$
    Само ногу е инат незнае да попуште се треба да му се објаснува :)
    Сепак фала на сите што пишате :*
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е така е :) Јарците се тешки инаети...Инаку ако те интересира за нив нешто еве тема тука имаш...
    drugata-nauka/kako-so-masko-jarec-t1597/
     
    На SanjaKirchner му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Сакам да питам дали подзнаците влијаат на знакот :)
    Јас сум Овен подзнак Јарец, а тој е Јарец а подзнак Овен :?:
     
  8. sike

    sike Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    :lol: немој да се секираш овен и јарец е добитна комбинација, доказ за тоа сме јас и маж ми 17 години во брак и претходно долга врска. е сега не дека се тече како подмачкано ама ако анализирам и се споредувам со други и не е така лошо. Поздрав и со среќа нека ти е
     
    На SanjaKirchner му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    лелее јарец и овен мислам дека не си одговараат :^)
     
  10. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    јас сум јарец а имав дечко овен :D за жал навистина тешко ни одеше и се разделивме,едноставно свативме дека не си одговараме и секој по својот пат :lol:
     
  11. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    не си одговараат воопшто ;)
     
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ја одвај другарство можам со нив да оддржам а камо ли врска ...
    Не ги мирисам многу реално ..
    Секад ми се покажувани ко себичен знак, гледајќи првин за себе ..
     
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Некој да каже нешто повеќе за комбинацијава?
    Колку навистина би успеала ваква врска?
    Јас мислам двата знака се многу ,,тешки" карактери и тешко би се спогодиле. :?:
     
    Последна измена: 11 декември 2017
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Овие никогаш нема да успеат ... Можи само трета светска војна да настане
     
    На Me_Beatrix му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    ;(
     
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се зависи колку сте спремни за да го задржете тоа што го имате.
    Можеби вашите подзнаци се комаптибилни или Венера и Марс.
    Не се оптоварувај толку со астрологија, не барај маана само затоа што Сонцето е во некомпатибилни знаци.
    Повеќе влијае подзнакот и месечината според мене. :)
     
    На IM.TMKQ и Justicija им се допаѓа ова.
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ова не оди во мислења кои треба да се запомнат. :!:(y)