Оваа тема е последна..но единствена љубов што ја имам јас се моторите..... ме интересира дали вие би се качиле на мотор да возите или пак некој да ве вози... јас најискрено имам 15 години и сега во август кје полагам и сакам мотор да си купам само незнам каков. Ваше мислење за моторите... и дали би сакале момче кое има мотор <3
ljubov kon motori Јас искрено не ги сакам. Ако се одлучиш да купиш и да возиш,најдобро намерно ти кажувам многу да внимаваш при возењето.Па и 50 кубика нека е,сепак треба 4 очи да отвориш. За жал сум имала неколку непријатни случки со мотор,и имам страв многу.Да не зборувам за колку несреќи сум слушнала за кои е виновно ова "средство" на две тркала Нашите шофери не се толку концентрирани на моторите како превозни средства во сообраќајот. Моторџиите се лепат до колите како некои комарци на кои ретко кој им обрнува внимание колку што навистина треба.Немаме возачка култура,и затоа треба многу пазење. Јас не би возела,ниту пак би му купила на моето дете мотор.Колку сака нека е модерно и тренди,не доаѓа во обзир.Против сум во секој случај.Не треба меракот и задоволството да се ставаат на прво место во некои моменти.Подобро селектирај ги негативните работи пред се,за да видиш колку позитивни ќе ти останат За тоа дали сакам дечковци со мотори,ќе ти кажам дека воопшто не ми е важно.Нека биде добар спрема мене и искрено нека ме сака,се друго не ми е важно.
ljubov kon motori Е жими се не ја сфаќам оваа љубов .. Нема нити да ја сфатам, ама како и да е кој си сака нека си сака немам ништо против
ljubov kon motori Многу ги сакам моторите. Планирам да си купам и јас една веспичка, па да си се возам низ град.
ljubov kon motori Јас се научив оште од седмо да возам ... ги обожавам тие на брзини што се , а посебно спорташите! И да ви кажам друга љубов немам оти подобро ќје си го повредамтелото неголи срцето .. у секој случај тоа нема да случе. Момците ми викат дека сум била единствена што виделе девојка да возе мотор во брзини ... сите сакат да ги возат и има такви слиучаеви и кога се молат, а јас кјеф голееема Љубов <3
Јас пак имам мерак за мотори Ме зарази дечко ми, тој обожава мотори ме научи и да возам па го убедив татко ми да ми купи и мене едно скутерче и еве возам веќе три години, имам скутер 50цц по документи, а во суштина е 80цц и супер ми е вака кога е топло времето преку ден наместо со колата, а некогаш и навечер, го земам скутерот ставам и кацига ради моја безбедност и шибам
Обожавам мотори многу сакам, уште од малечка, а сега уште повеќе ги сакам, не дека сега сум нешто многу голема. Hamachi од македонскиве марки ми се свиѓаат. Baotian скутерите исто не се лоши. А kawasaki се знае number 1 Aма знам моите нема да ми дозоволат никогаш да возам мотор, не личело за женско ова она... Тато во младоста возел па што, да не му фали сега нешто. Имам возено мотор, одма се научив, не е воопшто тешко, ама без дозвола и со кацига секако. И да сакам мотори и дечки со мотори.
aуу абе ногу сакам и дечки со мотори и мотори , се научив да возам сакам онака голем кавасаки ихх да му дадам гасссс лелел
Како прво - јас не сум обожавател на мотори!!! Но, имам еден многу близок човек кој неможе да си го замисли животот без мотор!!! Порано не верував дека таа љубов може да биде толку „длабока“!!! Но, сега кога толку многу години сум со тој човек се уверив дека во неговото срце има еден голем дел исполнет со љубов кон звукот и брзината на моторите т.е. љубов за пријателот на две тркала!!!
Дали има девојки што возат мотори од Скопје заинтересирани за вожња деновиве? Ми треба друштво за возење, сама ми е досадно а со мажи не ми се вози