Скокнав на гугл за превод и наводно го имаме зборот "лимеренција" и не знам зошто ми звучи грешно ама ќе продолжам да го користам. Limerence/лимеренција е (романтична) опсесија со идејата на која човек можи да биди. Желбата за некој е огромна, еуфорична, неконтролирана, и често пати delusional. Покрај дискусија, темава сакам да биди отворена доколку некој има и лични проблеми/дилеми со разграничување дали се работи за љубов, опсесија или симпатија. Пошто трите се различни. Откако тоа е кажано: Која е разликата меѓу трите? Прашања кои можат да се искористат во дискусија: Зошто доаѓа до лимеренција? Поврзаноста на претходна траума со лимеренција; поврзаноста на атачмент со лимеренција; и поврзаноста на хиперфиксација со личност и лимеренција, се само дел фактори кои ми текнаа. Комотно дополнете листава и релевантноста према вас. Колку сме свесни дека сме опсесивни? Како би си помогнале себеси или на некој кој има потреба?
Сега да дам и мое мислење. Која е разликата меѓу трите (љубов, опсесија и симпатија)? Симпатија = crush. Кога некој ни се допаѓа, пропратено со силно романтично чувство, и краток рок. Доколку реагираме на тоа/ ни е возвратено можи да прерасни во љубов, или сепак да го надминиме. Љубов. Кога развиваме длабоко романтично чувство за некој, се осеќаме комотни и носиме зрели одлуки во врска со истото. Лимеренција. Слично како краш, но трае подолго и често ги вадиме работите од контекст за да продолжи опсесијата, а не да преќини при судир со реалноста. Зошто доаѓа до лимеренција? - Ниска самодоверба и ниски нивоа на серотонин, зошто човек кој вака се опсесира уствари ја бара валидацијата надвор од себе и своето бидување зависи од тоа колку е уважен од некој од спротивен (или ист) пол. Ниските нивоа на серотонин кои често се споредливи како кај луѓе со OCD па лимеренцијата е во форма на напаѓачки мисли. - Проблеми со атачмент како одговор на траума, односно несигурен, анксиозен атачмент, каде се држиме блиску до особа која сега ни дава внимание зошто има ризик да не напушти (clingy). - Неуродивергеност, поради можност за моментална хиперфиксација на човек, место на нешто друго. Колку сме свесни дека сме опсесивни? Не мислам дека повеќето сме свесни. Иако апсолутно има луѓе кои се. Ќе тргнам од себе, јас сум апсолутно сведна дека се хиперфиксирам и на луѓе, најчесто е краткорочно, не ми треба нивна валидација туку на мозокот му треба free entertainment. Ама пак, мислам дека limerence во форма каде некој е емотивно, физички недостапен за нас, упорно не го вадиме од гла и не се обидуваме со други со години ради идејата дека можеби некогаш ќе не сака - е далеку подлабоко од хиперфиксација и поќе е одговор на траума и атачмент. И мислам дека тука е многу потешко да биди свесен некој. Ќе ископам после едни видеа каде луѓе пишуваат писма на една јутуберка која ги анализира. Неќев да ги вклопам во воведот оти не сум фан на советување кога другата страна само еднаш можи да кажи нешто и секое нахнадно прашање не можи да ни биди одговорено па зборуваме базирано на претпоставка. Исто не ми личи како Ана да е стручна туку како да збора базирано на искуство. Ама како примери да чуете за лимеренција - мислам дека се одлични. А, за последното прашање, без конкретен пример мислам дека ќе е многу апстрактно. Така да ако дочекаме темава да има пример мислам дека ќе можеме да одговориме и на: Како би си помогнале себеси или на некој кој има потреба?
Според мене, има разлика помеѓу новото limerence и класичното "obsessive love" во психологијата. Limerence ми е нешто како erotomania, односно кога се опседнеме со некој згоден селебрити Од неодамна таква опсесивност имам видено од фан страните што ги прават тинејџерки. Односно, малку забегуваат со фотографирање на ѕвездата, следење на неговата локација, па прават забегани едитс итн Ама тоа поминува кога веќе ќе потпораснат. Од друга страна, класичното опседување во љубовна врска мислам дека е првично поврзано со ниска самодоверба или некој психички недостаток (како OCD, манијакалност итн). Од друга страна, неретко тие со ниска самодоверба паѓаат на нарциси. Па така нарцисите користејќи ја тактиката на push-n-pull го потикнуваат партнерот да биде како опседнат со нив. И оттука партнерот ем чека валидација од нарцисот, ем мисли ќе умре без истиот. За ова има решение, за роден манијак баш и не знам.
Убава, интересна тема Демон4е. Од каде инспирација иначе за темава? Дали конкретен пример можеби имаш да посочиш кој те тригна за да ја отвориш да дискутираме? Знам дека креативна си и пуна со идеи, стварно капа доле. Но дали од личен пример или од пример на друга личност ја црпеше инспирацијата? Сум сакала и за другите теми баш да те прашам за идеите, ама еве сеа дошол моментот за тоа. Имам и едно прашање до тебе, како ти како психолог или психотерапевт, не знам што точно беше, им помагаш на луѓето да знаат правилно да ја изанализираат својата ситуација во која се наоѓаат со цел нели да ги поттикнеш правилно да се насочат сами себе си? И да разграничат дали нивното е љубов или се опседнати мислејќи дека тоа е љубов, а не е? Знаеш, некад знае да те збунат чувствата па и ти да не знаеш точно на што си, почесто знае да се дешава тоа. И примери може да ни дадеш поконкретни, онака попластично да доловиш и објасниш коа ќе си у можност. Сакам некој постручен и покомпетентен да ни разјасни околу ова. Делува едноставно ама воопшто не е, баш знае збунувачки да е и тешко сам човек да се справи со тие чувства кои знаат да бидат многу силни.