Незнам дали постои ваква тема,но би сакала совет од вас...Одсекогаш сум сакала да живеам во странство,да го продолжам факултетот таму,да живеам таму,далеку од ова наше многу убаво,ама за жал многу не средено државиче...и уште од минатото лето планирав да заминам оваа година во септември,се беше убаво испланирано,но се заљубив...на почеток на врската не и придавав некое големо значење,мислејки дека ништо не може да го смени моето мислење за заминување од тука и дека ништо не може да ме спречи,но работите не излегоа така како што планирав...оваа врска е најубавото нешто што ми се случило во животот,иако не сме многу долго во врска со дечко ми,можам да кажам дека тој е тој вистинскиот,љубовта на мојот живот (а не се заљубувам така лесно)...но,имав други планови за мојот живот...ако заминам-ќе го изгубам,ако не заминам-ќе се откажам од сите мои соништа...незнам што да направам,имам уште 10 дена за размислување,мислам дека ке полудам,неможам да спијам,неможам да јадам,неможам да бидам паметна во ситуацијата...незнам што да направам...ке полудам
Ти најдобро си знаеш.Јас мислам да си го оствариш сонот,а ако тој те сака вистински ќе те чека.Знам дека ти е и ќе ти биде многу тешко.Но еве јас имам уште 1 година од средното образование и потоа мене и на мојот дечко ќе ни бидат различни патиштата.Тој секако ќе замине странство,а јас во Скопје.Отприлика слична ситуација како твојата. Но никогаш јас нема да го спречам да не го оствари неговиот сон.Ако е судено да се скараме значи не бил тој вистинскиот. И искрено премногу го сакам...но ете тоа е моето мислење,а ти добро размисли што ќе правиш.
А многу ли далеку треба да заминеш?Имаш ли веќе таму најдено работа или одиш онака на слепо па ќе се снаоѓаш таму?За ова треба убаво да си размислиш...многу би ти кажале следи си го сонот,млада си ќе најдеш друга прилика,но не е секогаш така.Постои ли можност тој да дојде со тебе таму во странство?
Јас од искуство можам да кажам дека досега 2 пати ми се случило да си направам планови лично за себе, слично како твојот и мојот вклучуваше заминување во странство и токму тогаш да запознаам некој кој "ќе ми го сврти мозочето" и да баталам се' заради љубов, или да си ги оставам МОИТЕ планови на стенд бај, направени долго пред да го запознаам дотичниот. Два пати сум погрешила така, два пати сум се покајала. И оттогаш си имам ветено сама на себе - кога ќе направам план за себе, ќе го спроведам без оглед кој ќе ми се испречи на патот. Си знаеш најубаво, од друга страна велиш дека е вистинскиот ... ама, да сум јас, ќе си ја остварам долгогодишната желба и ќе заминам.
Веке еднаш ми се има случено да направам план и да баталам се поради некој и од тогаш си ветив дека нема никој да ме спречи во ништо,исто ко ти,но...пак истата ситуација Ако не отидам,мислам дека цел живот ке бидам несрекна,затоа што сум имала шанса да си го исполнам сонот,а не сум отишла...ако отидам,ке го изгубам засекогаш...незнам што да правам...мислам дека ако не отидам,ке биде крај за мене,едноставно ке се помирам со проклетството да останам тука засекогаш,а тој несака ни да помисли да замине некаде надвор од државава,а и нема зошто,има убав живот и овде,за разлика од мене...но мислам дека сепак ке отидам,па ако е тој тој вистинскиот,ке бидеме заедно пак,верувам во судбина(или само се тешам со тоа во моментов )...имам уште неколку дена до мојата конечна одлука...ако не полудам до тогаш
Марге..и мој совет или предлог како сакаш, штом толку посакуваш да одиш оди..немој да се покаеш.Не пропуштај шанса.Оди, а дечкото ако вистински те сака ќе те чека.Ако ви е дадено да сте цел живот заедно ќе бидете без разлика на се.Ти оди, види, пробај...па можеби нема да сакаш да останеш.Важно е да си ја исполниш желбата.Со него разговарај отворено и како ќе решите зависи од вас двајца.Good luck!
Истото мислење го делам со останатите членки,кога веќе ја имаш таа желба да заминеш во странство,кога сакаш да ти се оствари сонот,мое мислење е би било подобро да заминеш,затоа што еднаш или можеби два пати ти се дава шанса да заминеш од тука,а не се знае и колкави се шансите за тоа,затоа кога веќе ти се дава можност,искористи ја,не чекај,затоа што ако се откажеш,може да ти биде криво.Дечкото ако те сака,ќе најде начин и време за да биде со тебе,викаш дека тој вистинскиот,но јас ќе те прашам од каде знаеш? Затоа што кога девојката за некој дечко смета дека е тој вистинскиот,тогаш излегува сосем обратното,не секогаш,но во глабала е така,неможеш да бидеш сигурна за тоа,дали е вистинскиот или не,тоа времето ќе си го покаже и сметам дека не би требало да мислиш за тоа,воопшто да не мислиш,затоа што може и да си грешка за тоа што мислиш дека е вистинскиот.Исто како и Трендафилка, доколку ја имав истата ситуација,во која сега ти се наоѓаш,јас сигурно би заминала,затоа што денес се големи можностите да бидеш во контакт со некој што е во странство,самите услови тоа го овозможуваат.Незнаеш животот што носи,затоа размисли си,тоа што го напишав е моето мислење,на тебе останува да одлучиш што е најдобро за тебе,ние еве те советуваме,но сепак твое е дали ќе прифатиш нечиво мислење или не.Поздрав,се најубаво
И јас се сложувам со другите девојки. Оди. Кај мене пак дечко ми треба да замине во странство т.е. во Америка, да студира. И ме има прашано дали да оди, му реков оди, сепак за тоа сонувва цел живот и неможам да му ги срушам соништата туку така. Страв ми е дека може врската ќе ни се уништи, ама премногу го сакам за да му забранам да си го исполни тоа што го сака.
По мое мислење најдобро е да си разговарате. Дали знаеш какво е неговото мислење за тоа што ете ти планираш да одиш во странство? дали воопшно можете да функционирате на т.н. long distance?... јас препорачувам да си го следиш сонот, меѓутоа сепак тоа е до тебе. Најдобро ти си знаеш. Јас еве веќе 4 години сум во врска, од кои 3 во т.н "врска на далечина". 1 година поминавме заедно во Македонија, а еве веќе 3 години работам во странство. Секој пат кога доаѓам во Македонија заедно сме, но искрено кажано, не би можела да кажам дека цветаат рози и дека перфектно може да функционира врска на далечина. На крај на краиштата знаеш како се вели "далеку од очи, далеку од срце". Го следев и сеуште следам својот сон и можам да кажам дека сум среќна и горда на самата себеси. Се најдобро!!!
Се согласувам со другите.Следи си го сонот,затоа што ваква прилика најверојатно нема да имаш пак.Дечкото ако те сака ќе те чека и ќе те пушти да одиш да си го оствариш сонот.Никогаш не можеш да бидеш сигурна дека оваа врска ќе успее.Не можеш да си сигурна дека тој е вистинскиот.Ако раскинете после ќе ти е криво зошто не си заминала.Ако не си го исполниш сонот и да останеш со него цел живот сепак ќе жалиш,сега или за 10 години.Затоа гоу фор ит.Ако те сака,ќе те чека.
Дечковци доаѓаат и си одат. Она што сега ти се чини како совршенство за кратко време може да исчезне. Можностите за одење во странство се ретки. Така да само напред, шетај, студирај, оствари си го сонот... Можеби таму ќе запознаеш некој, па ќе ги имаш и двете.
Девојки фала на советите...да ви ја соопштам мојата одлука,после многу неспиени ноќи и многу размислување одлучив да останам...цел живот е пред мене,па и да не заврши оваа врска како што треба,ке имам уште многу шанси во животот,а и да немам,сум го направила ова за љубов...а можеби еден ден ке заминеме двајцата...фала ви многу
Треба да си го оствариш сонот...па ако е вистински ќе те чека..јас да сум на твое место би одела..па од кај знаеш мож таму ке имаш некој подобар...
Вечната дилема, љубов или кариера. Од оваа перспектива би одбрала кариера, бидејки кога ќе си реализирана жена со добри примања, ќе можеш да си приуштиш добра облека, нега, едноставно ќе блескаш и љубовта ќе си дојде сама. Кога ти си на едно повисоко ниво, нормално е и партнерот да е на соодветно ниво. Верувајте ми дека е подобро да се справиш со интелектуалец, отколку исфрустриран нереализиран љубоморен тип, кој има општа работа и на секој начин гледа да ти не си над него бидејки ако си на повисоко ниво, и по дифолт ти ќе го изневеруваш, бидејки тој не е сигурен во себе. Мој совет, глејте си кариера, да си имате пари, не се залетувајте да жртвувате кариера за нешто што ви се чини дека е љубов, затоа што потоа цел живот ќе се каете.