Леле колку ме нервираат вака што ги кратат епизодиве. Ни пола не е од тоа што гледав на нет. Иначе овој Ахмет Моран ми е нешто неописливо. Татко да си убави ќерка. Алооо! Ама добро, жива е Само ми беше жал кога дојде Јасмин во болницата, па Саваш. Сиротка Чичек!
Spoiler крајот ич не ме бендиса.......ништо за никој нема да кажат како завршија нити свадбата ќе ја кажат.....само после 10 години подоцна и ќе ги кажат демек среќно 4 члено семејство...толку се изнагледав за крајот на крај да ме разочара
Ич не сум по ова турскиве серии, ама како што си кажав на темава, ја загледав на интернет,се навлеков и цела ја изгледав. Spoiler Во последните 10 -тина епизоди очигледно е дека буџетот им бил ама ептен на чкрги што би се рекло...Кога ги гледав последните епизоди, цело време имав впечаток дека само гледале брзо,брзо, по кратка постапка све да заврши...на крај нема веке раскош, нема костимографија,децата-глумци во сред школска година во село на одмор,ситуации брзопотезно решени...и нормално, блуткав крај. А, впрочем и серијата е сапуница,што може да се очекува?
добра ќе биде епизодата кога саваш ќе дознае за детето ќе отиде во бодрум лут но кога ќе види како спие детето ќе си легне до него.Кога ќе стигне јасмин и она ќе си легне до него.Сите ќе си спијат среќно а шахнур балдар може да си гризне од газот
А кога ќе дознае Саваш? Отекоа веќе, ај пола филм нека помине ако не пак. Глупа серија, ама ај колку да си пополнам време.
Замислете пред да одете кај вашиот дечко дома тој ви вели мојата мајка е авторитетна госпоѓа Потоа пристигнувате кај него а тамо цела мала се збрала со се кучиња и мачиња,од први до четври братучеди сите на број... Значи последната епизода ми беше врв.Доага Јасмин и сите телохранители,возачи,слугинки,роднини ја пречекуваат пред врата
Mи иде оваа Jасмин, и таа мајка ми да ги рашутирам што се умишљаваат бре тие бре??? црвен тепих да не сакаат случајно персиските принцези
Кој знае што купила мајка и од Јасмин.. а оваа лошотијава Шахнур дијамантски обетки. Демек е од повисока класа да се докаже, да ги засрами..
Бабе Шахнур,некаква тактика има,мати нешто лукава е или пак стварно одеднаш ја прифати Јасминка а Надја пак многу е ладнокрвна спрема Џем, ич не покажува емоции
Искрено не знам која е поглупава и понаивна од Севги и Назан. Бора ги врти на малиот прст. Со еден збор успева да ги прелаже. Дефинитивно треба да добие титула за лажење. А Мустафа чисто скренал од вистинскиот пат. Саваш и со ќотек да го претепа паметот нема да му дојде. Сакам да прашам од тие што ја гледале серијата Дали ќе умре мајка и на Јасмин?
Леле овој Бора! Еднаш на едната многу те сакам,не можам без тебе,еднаш на другата.А пак тие две наивни,овчички за стрижење. Сега им беше јако.Сите под маса.