не не, сега има, ама не знам дали е реприза во 19 и 40 ќе го има тој квизот се или ништо едит-да да сега пишува во 19 и 30 па квизот кој знае кога ќе биде
Освен Саваш што е убав убав е, ама и глуми во убави серии освен оваа серија много ми се допадна во серијата Аси (ја нема емитувано на мк канали ,јас ја гледав на бугарски а ја имаше и на обн. сега ја има на natabanu.com ) и таму жалниот при крајот на серијата , неговото дете го кријат од него срце само во такви серии глуми
И јас ги гледав на natabanu каде се преземени од dailymotion ама ги тргнаа. Сега ги најдов на тој бугарскиот сајт vbox7.com Само напишете ask ve ceza и бројот на епизодата. Малце ќе се мачите на блгарски, ама не е страшно
оваа Јасмин веќе не е интересна кај а снема сеа пак?? оди на викенд и ја снемува па боже мој, разбуди го кажи му во што е проблемот итн итн..
Оваа нема три чисти Нека се удави в море, ми скурче од идимидојдими Па и тој муте, пак појди моли се после, смотко еден, а бе седи мадро, ќе си најдеш поубава од неа и попаметна Знае некој кај е акната? Вреди да го гледам утре? Не!
Отидоа во еден хотел,вечераа,спиеја и оваа пак ја снема утредента. Саваш ја бараше по хотелот и така заврши.
Сите се попаливте по Саваш а ако ви кажам дека во мојот град има човек ист како него цела фемина ќе ми дојде на гости.И да знаете во живо не е толку убав Spoiler Ај, ај ставам патент на уста не ви кажувам како се "избрукав" па и во саботата го видов тој човек по втор пат на исто место.Прво мислев дека скренувам ама дефинитивно не ц..ц.ц абе плукнат на Саваш ист ејј
Јас имам чувство дека кога ќе остарам ќе бидам како оваа старава Шахнур. Озбилно сега, сапуницава не е ништо посебно. Серијава е префорсирана исто како што беше онаа 1001 ноќ. Таму беше Шехерезада, овде Пепелашка , глупости... Се на се 15 до 30 минути имав гледано и од таа и од оваа серија (и тоа кога немам друга работа освен денгубење и ми е мака да го побарам далечинскиот да менам канал или да исклучам ТВ) и пак речиси се знам шо се дешавало, што значи дека уствари во суштина ништо и не се дешава и дека народот е опседнат со турски серии и само за тоа збори, па сакаш-нејќеш мора да знаеш. Сепак, како што ја фалеа оваа, очекував нешто повеќе, ама само некоја минута од првата епизода и знаев дека нема да ја пратам Како и да е од она шо го имам фатено... Шахнур, демек приврзаничка на патријархалните вредности, а уствари ТАА е глава на семејството и сите конци ги влече, ахам, убаво си ги наредила работите ) Мехмед мислам се викаше, можеби е демнач и досаден, ама го разбирам до негде, оваа Јасмин беше свршена со него со години и не му даваше... ОК нејзин избор, тоа разбирам. Па овој беше толку напален дојде до степен да ја изневери со таа колешката нејзина што му се нудеше на тацна, Јасмин го остави, добро, нормално, и тоа ја разбирам, ама после толку време чување и не знам какви други обичаи и аманети, отишла и легнала со првиот што го начекала, а со свршеникот не сакаше да има односи? Па после роди дете и не му кажува на таткото и покрај тоа што е во врска со него? Хелоу, нормална ли е оваа или јас сепак не знам како точно стојат работиве во серијава зашто и онака не ја пратам Не, бе, па не е ни за пратење, боза, сапуњара... Ах, и она Мустафа, детиштено е пореметено, треба да го носат во некоја установа. Spoiler Не ми се верува дека пишувам олкави постови за серии што не ги пратам, изгледа дождот ми влијае.
Полоша и попроста серија јас немам видено. Затоа и сме такви какви што сме, од тоа што гледаме како народ прости серии во кој нема грам размислување и вредност.
Ааа многу се нервирам. Само шо се смирија Саваш и Јасмин, одма пак караница. Вака ли ќе биде цела серија?
Oваа мајка и на Jасмин, со нож за лупење краставица ќе ја лупам уф ми иде да ја тепамммммм !! ц, ко јасмин 10 годинки да има, ја команда
Моментот кога Јасмин и Саваш се скаруваат и ја гледам целата серија од почеток. Сите убави моменти кои ѓи поминале заедно ги повторуваат секоја епизода.И кога ќе видиш поминала епизодата во потсетување на минатото.А како минуваат епизодите така бројот на спомени пораснува. Секогаш кога ќе се разделат се молам да не ја даваат од почеток цела серија