Ја гледав вчера прв пат. Па, не е лоша. Интересна е. Традиција- да не се враќала невеста од куќата. И го убиле мажот, сега да се мажи со братот. Глупост. Што традиција ќе беше ова? Пак, за да ја запрат крвната одмазда, тој морало да ја земе, ако не ја земел, ќе продолжела. Сепак, интересна си е серијава. Можеби ќе ја гледам за да тепам време. Само Али Риза го гледав, сега и тој заврши дека...
Ја загледав серијата не од 1вата ама од 2рата епизода ..некако интересна ми се виде, случувањата брзо се одвиваат, а тука се и традициите во склоп со современоста, баш ме интересира што понатаму ќе се случува. Во план сум да ја гледам, се додека не ми стае досадна Серијата можеби во Турција да има 60-тина епизоди, ама кај нас дупло ќе ги направат со кратењето.. Македонија - Турција не е исто
Серијата е многу убава, но сител нема да бидат сител ако не ја уништат со сихронизацијата. Саваш(или како и да се вика) ми е е преубав, згоден, и многу ми одговараат со Јасемин, понатаму во серијата ќе се види хемијата помеѓу нив. Прекрасен актерски пар се. Серијата има околу 60 епизоди, ама нашиве ќе направат околу 150
Mногу фер искочи Саваш кога инсистираше Чичек да продолжи со факултетот, премногу ми се допадна тој потег, изгледа само тој не се понаша со неа како со жртвено јагне. Ах, само се надевам дека нема да се заљуби во него, сега кога и детето му е на пат.
Ха ха, убаво пишал еден коментар на youtube вика а шо праеле ако починатиот сопруг немал брат Не дека традицијата е лоша, не постои лоша традиција туку ете постои вистински начин да се почитува без да се биде слеп при здрави очи.
А зошто толку оваа сестрата на Саваш ја мрази Чичек? Нешто разбрав ама не доразбрав.Од каде Чичек да е виновна за смртта на сопругот на оваа другава? И не не го загледувам. Ова го разбрав случајно ако сум зафатила и баш ме заинтересира.
Братот на Чичек го има убиено нејзиниот маж. А иначе баш во оваа епизода сестрата на Саваш и спомнуваше на слугинката дека толку ја мразела Чичек зошто многу личела на нејзиниот брат.
Жал ми е за Чичек. А и татко и’ како ја тепаше. Патем, што сега Јасмин се предомислува да абортира? Кога веќе направила грешка, нека си го изгледа бебенцето. А традицијата ми е чиста глупост. Ајде бе.
Ќе се затреска Чичек во Саваш еден период Ќе им вршат сите притисок за да имаат бебе, посебно мајка му од Саваш.
Решив више да не гледам турски серии, ама вчера бев кај другарка ми, сите гледаа па и јас гледав. Вака како за почеток интересна е. Не знам дали ќе ја догледам. Зависи од слободното време
Леле, таа па, таа па...тежок контрол фрик еееееј Многу ми е жал за девојчето, и' го уништија животот ни криво, ни должно. Претпоставував дека ќе се заљуби барем еден период во него, мислам тотална спротивност од брат му. Единствен помлад машки лик од турска серија кој ми оставил позитивен впечаток: изживеан, без фрустрации, воздржан, со широки видици, а не Шефкет или Али Кемал шо се понашаа ко да не виделе жена.... Едит Овој Бора почна да напиња, ама малце ја кривам и Јасемин. Не знам дали на Сител дотаму е стигнато, ама по мое, Spoiler малце е неумесно сама жена да му се качи во кола на шефот, ај коа се цел колектив, друго е. Ако ти е лошо и сакаш порано да си одиш, едноставно земи такси и спиј мирно. Ова вака како да даваш лажна надеж некому. Башка не беше фер шо ја издаде Севги на Бора шо му рекла за него. Тоа ли е фала за другарството, Севги толку заштитнички се постави кон неа, ја бранеше секад. Ама па од друга страна, ако поставиш многу остри граници сигурно нема да имаш привилегии од типот на : доаѓање на работа коа ќе ти текне, зимање одмор од месец дена пошо си разочарана од бившиот вереник и тн.
Филмот е убав ама до кога ќе биде така не се знае. Ако биде како бунтовничка на крајот без врска да завршува поубаво и да не се гледа. Иначе вака убаво си почна. Има и поучни работи е онака како со Јасмин се чуваше за на крајот да му даде на првиот што ќе и се најде на патот. Нешто пак испреплетување на модерното и традицијата. Со тоа баш доближуваат до реалноста и е доста добро а од друга страна пак не преплавија со ваквите серии и не знаеме некогаш колку тие можат и штетно да влијаат врз нас. Малку мие глупаво со тоа што настојува мајката на Јасмин да го задржи тоа бебе ама сепак како на филм од некаде нешто мора да започне.