леле оваа Лејла ја умре Јасмин ти велев ја, ја се знам да да мене ми здосади а не пак на јасмин. Чичек солза не пушти, а Јасмин езеро направи. хехе А чек...штом ја преведоа Назан како сестра и Бора како зет, зашто Чичек не ја приведоа? А за шлаканицата-ако му е! Требаше саваш да му дотера паметот како на мехемед што му направи!
Јас почнав проблеми да си имам заради врекање на телевизорот.. То ест на Лејла и Јасмин. Какво било тоа однесување, сум имала ли култура, како ме воспитале...... А да, исто така ми прават проблеми поради пре-гласното навивање за Јавуз, Чичек, Шахнур и Мустафа. Кога Шахнур му плесна шамар на Бора јас легнав на земјата и почнав да се поклонувам. Spoiler http://images4.fanpop.com/image/photos/23400000/HaHa-even-SpongeBob-worships-To-Justin-Bieber-justin-bieber-23488740-500-341.gif Баш вака. Само потенцирам, на ШАХНУР, не на Бибер. Едит; Господинот Бора се срамел!!!!!!
Ај што ми е смешки серијава, ми е Кутра Јасмин, во кома ќе падне уште малце Бора го изеде ќотекот - Па и си заслужи, ќе оделе они кај баба му, не чинело без машка глава во фамилијата, хахахахаха Али најзабегано ми е како моиве се соживуваат и како се нервираат и они ради серијава Сега нагаѓаат од кој е пуштена дрогата!
Досаден ми стана веќе. Само проблеми, само тајни аман веќе. И Саваш ме нервира оти не и каже се на Јасмин што е како е да знае а не вака од телевизија да дознава за што е уапсен таткото на нејзиното дете. BTW ја видовте ли Нас колку пораснала?
Јас мислам дека за дрогата пријави Јагуз, многу смирено делуваше, а и се подсмевнуваше под мустаќи. + тој види кога татко му го викна Орхан , па и така слугите се му кажуваат што прави татко му. А од Орхан ни О нема, им отвори работа на Балдарови и избега. Бора изгледа попрв ќе се покае што се омажи со Назан, отколку таа со него. А Мустафа кога му кажаа дека сега тој е глава на семејството, ама се исцибри.
Spoiler И јас мислам дека Јагуз стои зад целта збрка. Татко му не ни знаеше дека полиција ќе ги фати он среди да ја пуштат дроогата, а на полицијата сигурно некој и јавил дека во тој камион ќе има дрога, така да сигурна сум дека е Јагуз. А и Чичек почна многу да ме нервира, многу лигава ми е во последно време. Од како излезе брат и од затвор многу сила си зема.
Јас мислам дека случајно беше зошто главниот дилер му кажа на Моран дека мора да ја испрати дрогата на Бугарите, а тој мораше да го послуша за да не биде убиен. Ќе гледаме се ќе се дознае
Spoiler Тој е. Нели тој што работи за Ахмет сега се му кажува на Јагуз. И ајде некој нека каже ке ги ослободат ли, кого ке обвинат?
Ама Моран не му кажа на никој за тоа само на Урхан што ја пренесуваше дрогата. Мислам дека никој друг не знаеше
Леле досадна мајка и` на Јасмин. Оваа се тресе, таа запнала се дери ли се дери без осет! Е, многу ме нервира мајка и бе! Иначе, поубава и е Чичек како за главна улога, отколку Јасмин.
Ај некоја ако ја има гледано серијава нека пише во споилер што се случува понатаму јас не можам да ја гледам на http://www.natabanu.com не ми отвора не знам зошто
Почнаа да работат гените кај Чичек . Сепак му е ќерка на Моран. Јас како што знам Чичек и Саваш беа договорени за 9 месеци да се разведат, што сега изведува. Што сака таа, брат и го убил мажот на Назан, да не сака црвен тепих да му постелат . Инаку брат и го намести Саваш, речиси сум сигурна дека е он. Туку оваа Јасмин како малечката невеста е, нон - стоп плаче. А мајка и е прича сама за себе. Јас да бев Јасмин, ќе и мавнав еден бокс, не се трпи бе . И чудна е оваа Јасмин, Саваш го уапсија, а она дома си седи, ни да оди и да го види, да дознае зошто го уапсиле, седнала и квичи ко некоја квачка, додека мајка и у меѓувреме го озборува зетот со пријателките на телефон. Уста не затвори, како не ја заболе од толку зборување .
Оваа Јасемин ко изгубена во свемирот е, на почеток делуваше како многу цврста личност со став, тутурутка.. ништо не можела да прави, само квичи Оваа мајка и, јас да бев на местото на јасемин ко ке и мавнам еден шамар, ма без разлика што ми е мајка... Почна да ме нервира ...
Чичек на почеток не ја поднесував ама сега ми стана омилена. Конечно „покажа заби“, доста Саваш ја потценуваше ! И зошто таа да се жртвува за јасмин ? Што направила таа за неа ?
Полека,но сигурно почнува да ми здосадува серијава!Се најлошо им се случува,проблеми до гуша.... А во таа ситуација Јасмин и Саваш пред неколку епизоди избегаа од реалноста пет дена без контакти со надворешниот свет Ако имаш толку проблеми,во случајов незнаеш каде е сестра ти,имаш фирма што треба да ја водиш а тоа не е лесно,имаш агенција и мораш некои клиенти да придобиеш,ама ти се јавил дечко ти да се видите,не можел без тебе ни ти без него и затоа не одиш на презентацијата....тогаш не можеш да си дозволиш да избегаш пет дена и да не знаеш што се случува во реалноста. Кој нормален го прави тоа?Стварно ми е глупа серијава.Сега проблеми,проблеми колку сакаш,ама на крајот се ќе се среди