жими се телевизорот ќе настрада ради мајка и на јасмин (лејла мислам дека се викаше)само трча по јасмин и само и вика е женет човек има син ја има јасмин и со дрога и сега го уапсија бла бла бла дрн дрн дрн ама жими се како ме нервира...(ама да признаам иста е ко мајка ми) ама оваа јасмин ќе се опијани и само кога се буди се наоѓа негде де кај саваш де кај таа од 5х5 па ради саваш пред куќа си (чучнува) брише подови мехет ја брука пред сите и после ќе влезе у куќата и право у соба па добро бе жено ти имаш дете не треба постојано да е со баба му кога тука е и мајка му и оваа па мајка и наместо јадење и носи чај од липа боже сачувај иначе јас на место на саваш одма исплескај ја по газо јасмин еден убав ќотек удри а онаа шахнур подобро да почне да си копа гроб се прашувам како живците не и откажале до сега
леле оваа чичек одвратна кучка,заборавила на сета помош од саваш,идиотка се покажа права моранова, а оној брат и јабус, поодвратен лик амин а на оној мустафа не му иде памет
Која помош? Јас го оправдувам однесувањето на Чичек. И јас да бев на нејзино место така би се однесувала. Ако не друго барем можеше да остане со неа ноќта во Ван кога беше погребот на брат и. Додека таа тагуваше тој си уживаше со Јасмин ниеднаш не се јави да праша како е дали и треба нешто.
Како бе во право е? Кој и пружи образование? -Саваж! Кој и дозволи да работи што сака? -Саваж! Кој и даде слобода да живее како сака? -Саваж! Кој беше со неа искрен и и кажа дека таа му е снаа од брат, а не жена? -Саваж! Кој ја праша фино лепо дали сака да се разведе? -Саваж! Таа беше таа која на Шахнур и кажа дека убавина со сила не бидува и дека ќе се разведе бидејки Саваж никогаш нема да ја сака. А сега, сега дојде брат и Јавуз и таа зеде сила со него. Почна да се однесува како кучка. А не се сети порано дека ако се разведе Саваж од неа ќе се ожени со Јасмин, а таа можеби ќе настрада? Да, сега има позадина па ќе се однесува како сака. Требаше братчето од затвор да излезе, за таа да сфати што ќе се случи ако прифати развод. И била во право. Да, како да не!
Јас мислам дека е она свесна оти татко и го уби Ибрахим. И сега знае дека на стариот толку му чукаат и многу лесно може да ја снајде таа судбина и неа.
А не беше доволна нејзината жртва? Ги лажеше нејзините дека се во брак т.е. нормален брак за да не почне пак крвната одмазда меѓу двете семејства. Доби куршум од татко и за да го одбрани Саваш и ништо не рече. Знаше дека нејзиниот живот ке биде изложен на опасност ако се разведат од Саваш и пак се согласи на развод. Точно е дека и тој доста се заложи за нејзе ама сепак во најтешките моменти го немаше. Ако не тој зошто барем другите не се јавија да прашаат како е, Шахнур, Фидан, Назан, Пала...? И јас да бев на нејзино место немаше веднаш да му дадам развод.
Доби куршум, а кој ја натера да молчи? Саваж беше прв кој сакаше да ја каже вистината! Од страв од татко и премолча! Саваж во ниеден момент не ја натера да лаже, Шахнур почна се. Таа прва кажа за наводната бременост! И не, не се согласи на развод. Сега кога треба да потпишат не се согласува! Не си стои на зборот кој го дала, значи не се согласува! Живееше убав и мирен живот, беше почитувана благодарение на Саваж и вака му враќа! Секоја и чест! А тоа дали Шахнур, Назан или не знам кој не се јавиле, Саваж не е крив. Јасно и гласно и кажа дека не ја сака, јасен е дека Ахмет му е непријател, а уште појасен е кога вели дека Јавуз не го сака во својата куќа! Госпоѓа Чичек и тоа не го почитува!
Добро, и јас до некаде не можам да го дефинирам однесувањето на Чичек,како правилно или не,но сепак малку треба да ја погледнеме и другата страна.Таа сега има огромна болка во неа (сепак братот го загуби),а сите знаеме како се однесуваме да сме малку повредени,а не уште тоа...
кој и е крив дека има ненормален и болен татко?тоа е нивни проблем ,не е на никој друг ,јас почнав да ја мразам одвратна ми стана,за цела нејзина жртва е крив татко и
Убаво и` кажа се Севги.Конечно! Ако нејзе не и оди во животот не значи дека треба да им ја уништува иднината на другите. Па добро бре,ако не си способна да работиш,кажи со убаво,одкажи се и од работа и од се,не им туркај маса на тие што вложиле труд. Spoiler Пала ќе има швалерка млада,убава. (Новата Џанан).Фидан кога ќе дознае ќе биде многу лута и ќе бидат разделени со Пала,а тој ќе живее на друго место во тој период.После ќе ја откачи швалерката,а таа многу ќе му се лути.
Јасмин е иритирачка. И мајка и ја повеќе сакам од неа. Дај боже да ја убијат, деф таму. "Ми е гајле за работата, јас се уништувам себеси." Зошто? Поради тоа што го приведоа Саваш без тој да и каже зошто...
Аман више.. цел саат даваат тоа што се случило во минатата епизода а 15 мин од новава ... Преку глава и од филм и од се да ти дојде
Не го пратам филмот зошто јас сакам, го пратам поради мајка ми ... Оваа Јасмин ми е ужасно иритирачка, ме нервира.. Ептен се замислува бе.. Па ни Саваш не ми е којзнае што.. Многу млатат.. Се лутат сите за без врска.. Едино Чичек ми е срцка, и тој брат и, Јавуз ли се вика не знам точно... Ама он ми е бољи од Саваш
Не ја следам од почеток, но еден период ја загледав и пратев серијава но од ден на ден се помалку, дури ми е досадна, неможам ништо интересно да најдам во неа, ми се смачи да гледам мафии, сплетки и толку караници од ден на ден, ништо не ми се свиѓа во оваа серија, само се врти во круг, навуци натегни е работава.