Посебична мајка во серииве не сум видела. Освен, оние што ги оставаат децата во домови како Ферхунде што ја имаа оставено и слично така. Значи на женава само до Саваш и е дојдено, и до никој друг еј! Ни до Омер, ни до мајка и, ни до работата и Севги... само за нејзе си гледа Јасмин. Се нејзе и се случува, се околу неа мисли дека се врти, ако е она тажна светот се распаднал. Море, убаво им праат со скандаливе и све лошо нека им се случува за памет и ништо друго, мене и мерак ми е да ви кажам. Ако, ако. Ма мајка и будала што и го чува Омер ама па пустата го сака детенцето повеќе од мајката што си го сака. Саваш и само Саваш постои во нејзиното себично и малодушно срце. И сите се во право што ја опоменуваат, ама таа не сака да сфати. Саваш си го тера бизнисот, си ја тера и фирмата, и со фамилијата наоѓа време да средува проблеми, си има он многу карти на располагање. Туку, таа освен него кого има? Свое дете ти така да игнорираш и после како да не ја сака баба му повеќе од мајка му, го чува, го расте буквално, а ти само го посетуваш и кога ќе најдеш малку време откако ќе си размениш романтики и све по ред со Саваш, откако ќе те истеши фино лепо бла бла бла, тогаш ти текнува дека имаш син. Будала. Такви мајки не се мајки!
Ало луѓе зарем заборавивте дека оваа е серија и таква и е глумата Само што лош пример е оваа за идните мајки.
"Оди" на работа за да изиграва независна госпоѓа,а уствари ни работа ја интересира,ни ништо,си знае Саваш ќе ја издржува.Не и е гајле за ништо и за никого освен Саваш. А воопшто не е толку наивна како што се претставува.
Е Саваш ама баш е ага тој, а таа обична девојка од град, улогите им се типично така наместени. Тој си гледа за фамилијата, за работата и фирмата, за проблемите што ги има со Ахмед Моран и мафијашите, се справува со своите проблеми и посветува внимание на сите, па и на неа. А таа што прави? Кутра седи сама, го праќа Омер кај мајка и да не и смета во патењето, ја игнорира Севги и кај што таа не се појавува на работа па и на тие што работат ги зезна сега ради скандалите нејзини им уништи и проекти и договори, буквално ги осакати и нив ради своите проблеми, на мајка и се гледа дека не може да ја трпи само поради тоа што и збори против Саваш... е аман бе. Светот околу Саваш и се врти, а другите проблеми сама ги создава и погодете што? Не ги решава. Не се ни соочува бре, не и е гајле. Само за Саваш и е гајле. Абе ај. Срамота! Ко спонзоруша и богаташ ми се.
Зошто, зошто сценаристот вметнал уште едно дете на Јасмин и Саваж??? Зошто уште едно дете ќе малтретираат на снимања и слични глупости??? И морам да кажам дека, иако мајка и на Јасмин ми лази по живциве, е баба на место. Се што прави за Омер, алал да и е. Каква таква, го сака повеќе и од Јасмин! И се грижи за него во права смисла на зборот. За разлика од мајката, па и таткото.
Па таа е буквално неспособна. При најмал проблем таа готово умира,се предава. Друг да и' го чува детето,друг да и' ја води работата,друг да и' ги решава проблемите, а за што служи таа се чудам.Освен да се дрецка од земја како мало дете. Посмотан и полабелен лик немам сретнато. И Назан е поспособна од неа.
И мене Јасмин во последниве епизоди почна да ме нервира, убаво и рече вчера мајка и детето како ни мајка ни татко да нема (нешто во таа смисла) Вечерва ли Мустафа ќе го убие Ахмет Моран? Мустафа “ага“ опасен бил.
Spoiler Абе Јасминkа близначе ли ке има :geek: ма бремена е бре чим повраќа и се онесвестува ќе бидне Spoiler И на крај чичек ке си заврши срекно
хммм единствена турска серија што ја гледам , јасмин почнува да одлепува ме нервира а саваш некако многу ми е претставен како совршен маж .Меѓутоа како и да е серијата има некоја идеа , не е многу лоша ...
И што сега Јагус да не го убие Саваш Мустафа избрза не требаше да го убие Моран со тоа само ќе продолжи крвната одмазда
Mустафа е распрдено дериште! Сега ќе биде филмов Ко ќе ја рашират, ко на ѓупка приказната има да биде А синоќа не ја гледав, и не сфатив, Јасминче трудно е?
Мустафа rules! Е дури сега има надолго нашироко да се влечка приказнава. А јас ќе си продолжам да си мрчам и нема да ме послушаат. И уште 300 епизоди да има филмот ќе се гледа. До крај!
Абе па мене малце жал ми падна за Моран хахаах таман во затвор требаше да оди, а знае некој зошто го уби или