Ја пак тоа со Јасемин не го сфатив како традиција. Нели она имала сестра која починала од крварење кога отишла на абортус на само 23 години, таткото од детето киднал и не сакал да превзема никаква одговорност. И татко и' од тие секирации после закачил и рак и починал. Е пред да почине ја натерал Јасемин да му вети дека нема да ризикува да раѓа деца до брак некому со кого не поминала доволно време, не го познава доволно и не го заслужува тоа за да не дојде во ситуација на сестра и'. Ако е за тоа, иако моите никогаш не ми бранеле такви работи, татко ми порано на таа тема само едно ќе ми кажеше: „Ништо не ти забранувам, само не се ставај во ситуација од која излез нема“.
Серијата има убав крај, гледајте ја нема да зажалите. Дефинитвно ќе ја гледам на нет ова на сител со синхронизацијава не можам да го поднесам
Се надевам нема да биде ептен хепи-хепи за главните ликови, планирам да се трогнам, па и некоја солза да падне тогаш
Досега што можев да забележам е дека серијава е доста интересна, но малкуцка ми е нереална...не верувам дека е толку силна раката на судбината...
Јас ја имам гледано серијава на интернет и е доста добра гледајте ја нема да зажалите. Мене ми се бендиса ептен. Посебно главниве актери се погодени скрос.
Кога имам слободно време ја гледам серијава, вака интересна ми изгледа. Актерката во главна улога ми е многу убава, ми личи на Аishwarya rai Аishwarya rai Nurgul Yesilcay Нели се слични
Јас колку што разбрав, лузната и е зошто имала долга врска со некој и поради него си ги исекла вените... Ќе му раскажува на Саваш покасно во серијата. Епа двете семејства и Балдар и она на татко и од Чичек си имаат како посебни заедници во тоа селото Ван од кај што потекнуваат, и секое семејство си ги издржува финансиски своите луѓе.
И јас поцнав на нет да ја гледам и многу ми е убава серијава.е сеа гледам некои одд вас веке ја имате гледано и сте ептен по напред од други,затоа би ве замолила ако мозе да коментирате со спојлер или ако веке казувате несто од содрзината ставете го во сокриен текст,за да ни биде интересна и на нас сто сега поцнуваме да гледаме.е сега за глумците,поединецно ми се убави ,ама јасемин и типот му го заборавам името сарас ли бесе?иц не ми се пар таа некако ко многу по стара ми изгледа од него П.С.писувам од телефон и затоа толку грески имам во текстот
Убав ми е филмов и го загледав уште од првата епизода,па до сега немам пропуштено ниедна епизода .И најмногу ми се допаѓа тоа што филмов има среќен крај .
серијата не планирав да ја гледам но ми се виде интересна и така почнав да ја гледам навистина добра серија посебно глумецот саваш
многу е убава серијата.Во епизодата денеска пак се видоа и се шлогираа срциња се.Едвај чекам утре пак да ги гледам
Значи Јасемин не го остави детето зошто сакаше.. ја чуваше нејзината невиност за човекот што ке се земеше и 7 дена пред нивната венчавка го фати со друга.. послем отиде со првиот што го сретна и му ја даде нејзината невиност!! Многу нормално дека нема да сака да го роди тоа дете без татко посебно некој што ни името нема да му го знае.. Јас па многу сакам Чичек и Саваш да се заљубат ептен ми се слатки. ама знам дека нема да се случи