Антила, факт е дека турскиве серии се доста гледани и нормално е да ги стават во ударен термин. Гледачите на ваков тип се серии се луѓе над 30 годишна возраст и се побројна група која седи и гледа ТВ. Младите се поретко гледаат ТВ, па затоа тие се неинтересна група за телевизиите. И мене ме чудеше од каде таа цела фама со турскиве серии, ама ете од каде. Американскитесерии се поскапи, а немаат толкав рејтинг кај нас баш поради овој факт, но и поради достапноста на сериите на интернет и на останатите кабловски телевизии. Не им се исплатува. Вака ем ефтино ги плакаат турскиве, ем имаат гледаност, ем реклами. Чиста сметка.
^ ОК јасно ми е тоа, само мене токму оваа серија не ми е баш за во ударен термин, тоа сакав да кажам. Примерот со Нова што го дадов, поентата ми беше, барем обратно да беа. На која основа Љубов и казна е погледана од Лисјата? Ајде, кога веќе мора да биде турска серија, ете за Кога лисјата паѓаат разбирам до некаде, ама ова што го даваат во 20.00 ми е ту мач.
а шо тоа слушам муабети дека саваш ќе умрел негде при крај на серијава ...знае некој колку е вистинито ова да не барам по нет ?
Прочитав некаде, да не те лажам, не знам колку е вистина- Spoiler Нема да умре, само ќе мислат дека е мртов, а тој ќе биде во Иран да го фати тој главниот со дрогата.
Spoiler мене ми кажа едно девојче што го глеала на нет и ми кажадека ке бидат срекни о крајот на зивотот а јабус ке умре ке го утепа полиција
Јасмин - многу ја нападнавте бе женава, ама ете заљубена е, Саваш, Саваш си вика цело време. Вие кога сте заљубени по кого викате? Не сакате да ве разгалува дечкото, да трча по вас, не сакате да си седите и да ве држи за рака? Тоа ми е сфатливо. Ама не ми е сфатливо негрижата околу Омер.. Оди во барот, се пијани, трча наоколу, како да нема дете. Недолично за мајка. Детето го сака само на зборови: Омер душо, мамино, што ќе правам јас без тебе. Незрела како личност. Лејла - (мајка и` на Јасмин) - женава е типична балканска жена, хистерична, крева паника околу се`, и се меша во животот на Јасмин, ама права баба е. Пред Омер, зад Омер е целото време. Да не беше Лејла, сиротото дете не знам кој ќе го чуваше. Права поука какви треба да бидат бабите. А, можеби и со право и` се дери на Јасмин, затоа што знае каква неспособна ќерка си има. Саваш - - прав срцка е. За се` го бива. Си ги почитува дома, но жената му е на прво место. Прав домаќин и бизнисмен. Ваков да најдам, одма го земам. Маж ипол. Можат малку нашиве мажи да се огледаат на г-н Саваш! Севги - Жена која знае да се грижи за себе, но несреќна во љубовта, т.е наивна на љубовното поле. Многу добра другарка, со оглед на тоа колку ја толерира на Јасмин и колку и` се наоѓа при рака за се`. Назан - добра жена, која има несреќен живот и под влијание и притисок на мајка си, и` се јавува бунт во неа кој го искористува манипулаторот Бора. Не е Назан толку наивна, колку што е несреќна и бара трошка љубов и внимание. Јагуз - Маж со стил и шарм. (Не коментирам за неговите криминални дејствија, туку само на физичко поле.) ПРОДОЛЖУВА...
Spoiler Ќе мислат дека Саваш е мртов ама ..........,Јавуз и понатаму ќе ги прави сите сплетки за да не заврши крвната одмазна.....Јасмин е трудна и носи женско.....Мустава ќе биде осуден ама незнам на колку (инаку дело на Јавуз)......Јасмин ќе се пресели кај Саваш одкако ќе се разведе од Чичек......
а Мустафа кај ти е? Или за наредна анализа го остави? Јасмин- Стварно разбирам дека карактер си е карактер, ама она нешто... Како може бе образована, амбициозна, успешна во работата, а да е потисната од љубовта. Лош пример за мајките. Дете не е само да се држи в раце и да му се вели мило мое ти на мама- мрш мори, не дај Боже да е на тебе. Детето е оставено на милост и немилост на мајка и. Срамота, со кој памет си дозволува друг да и го гледа детето. Мајка и е ама сепак срамота е. Греота е и за Лејла. Севги- Колку и да е наивна во љубовта, сметам дека е цврста како лик. Никогаш (или евентуално еднаш-двапати) сум ја видела да плаче. Посветена на работата. Шахнур-Опседната со тие обичаи, традиции... Ама колку да изгледа лоша или страшна, мене ми е мила. Непромислено попстапува, но тоа е само нејзина маска за да изгледа како господарка. Јавуз- Мене пак Јавуз ми е пример за МАЖ во серијава. Кој го користи паметот, колку и тоа да изгледа немилосрдно и психопатски. Како што и кажа на Чичек- Правиш еден чекор, а во глаата имаш направено три. Нема некоја надворешна убавина но харизматично делува како лик, смирен и стабилен. Чичек- Најваријабилен лик. Добра е...Лоша е. Како што ќе и се присака- таква е. Камо да можевме вака да правиме во реалноста. Чичек ми остава добар впечаток, само сега е изреволтирана. И вриело и сега и претече преку глава. Мустафа- Мустафа како да е плукнат на мајка му Шахнур. Импулсивен е. Непромислено постапува, а тогаш најмногу греши. Пала- Најпозитивен впечаток ми има оставено. Најдобар и најправеден спрема сите. Фидан- Исто како Пала, срцкаста е. Не за џабе се сродни души. Ахмет Моран- Болно крволочно суштество. Нема што да се коментира. Психопат не се станува, психопат се раѓа. Вака според мене.
Ова колку за интрига има многу 2-3 месеци па немам ни намера да пишам повеќе,а и како одговор на предходни постови
За тоа со Саваж Spoiler вујко му ќе пука во него, но претходно договорени, ќе падне тој демек мртов и на погработ ќе се појави жив. Сето тоа под наредба на Моран за повторно пренесување дрога. Ова го прочитав во истава оваа тема и не знам колку е точно.
Ја гледав на интернет затоа што неможам да ги сварам сителовцине со 50 саати реклами. Но, не сум до крај стасана Ќе ви го пишам во спојлер тоа што го видов Spoiler Даваат сцена дека Пала пука во Саваш. Всушност тоа е монтирано од Саваш и компанија, затоа што тој Бешир Ага мислам дека беше, на Пала му нареди да го убие Саваш, а доколку не го направи тоа ќе го убие синот на Пала. Па нормално дека вујково нема да си го убие внукот и си смислуваат супер планче Доколку не ви беа доволни плачките во Малечката невеста не грижете се. Следуваат сцени со тажачки по наводно умрениот Саваш. Јасминка си е трудна пак, и понатаму не знам. Со повеќе информации наскоро
Чичек мори селанко една те мразам, умри и ти со се татко ти сега Шахнур ти е крива, а тие ко те спасија од татко ти ко те тепаше тогаш чинеа МРШШШШШШ !
Значи не верувам како може да постои толку глуп лик како Чичек Толку плачење, мразење на Мустафа и компанија, незнаење како ќе ја преболи смртта на човекот кој ќе ја убиеше? Патетично! Новата Чичек ми е одвратна, а овие Саваш и Јасмин ја претераа со љубовта
Значи колку емоции има во филмов,алал да им е.Срцето да ти застанва.Да гледаш како се ќе направат за своите деца.А и тоа Саваш и Јасмин што го прават сите го правиме,само кога го прави некој друг ни изгледа лигаво (е Јасмин навистина претерува понекогаш,ме нервира понекогаш). Таа Чичек ко идиотка па се понаша,ама тоа е,кога му фали секс на некој Сега го најдов на бугарски сајт и ќе го гледам цел ко ќе можам Spoiler http://vbox7.com/play:5e7f1ded , http://vbox7.com/play:b5072f8e преѓе за ова зборавте?
На мене најинтересен ми е случајот со Бора. Мислеше ќе зема пари од Назан,нели му беше "вреќа полна со бисери" ,а испадна само да ја теши Па и кога ги собраа сите во затворот Сите Балдарови,па и г-дин Бора со нив Преска оваа плаче цел ден,а Бора мисли како да се оттараси од неа. А оваа Чичек бре плачење за татко и,како којзнае колку го сакала Он ќе ја убиеше,а она се утепа плачејки за него,не можам да ја сфатам
Серијава ја фаќам два пати, последните петнаесетина минутки кога одам кај баба, она ја гледа со најголемо внимание. Досега тој главниот тип Саваш и се допаднал најмногу од сите серии, а Јасмин да може мислам дека ќе ја посвои. Во 2x15 минутки сфатив дека Јасмин-а е кариеристка, детето бутка се живо и диво што ќе му се даде да ручка, буце едно, а онаа бабичката на чичко Бурхан тука е лоша и злобна, нагласено со двојна линија црно моливче на долниот дел од окцињата. Злобната го тера главиот тип да ја легне снаата, оти неговиот брат умрел (така баба ми ми раскажа, се надевам не лаже или нешто погрешно разбрала ) и така налагала традицијата. И мафијата е умешана, ама поим немам како, немаше време тоа да ми го раскаже. Мене Јасмин ми е привлечна во фигурката, жена со облини, баш фино, ама во фацката ми е како двојно скисната крофна. И очиштата и се премногу раздвоени, има просто селска фаца.
сријава вејке нешто се по не ми се одпајгааат епизодите назан е мислеш толку глупава па не знае кој е бора а тај ја лаже дури ја мота мислеш некој е толку глуп па мормално дека ке личе од режисерката на 1001 ноќ е филмо