Марама и јас не го гледам се нервирам .... како може Јасмин да не знае како да си го оддели приватниот живот од работата, па господичната не оди и на работа бегај беее
а јас си викам па што е ваква јасмин на првава слика заматена убава ми е мене Јасмин ама некако многу глупа улога ми има...
Ама значи оваа Јасмин веќе ја претерува. Како само ме изнервира кога и рече Саваж дека треба да замини во Иран и она одма како да е најбитна, „Ако одиш заборави на мене, нема повеќе да ме видиш..“ како Саваж да сака со душа да оди, не разбира дека тој има побитни должности одколку да биди со неа.. И цел век чека да му кажи за детето, како којзнае какво изненадување да е.. бравоо му купила играчка, таа едното едвај го чува па сега уште едно.. оф леле.. А па овој Бора ептен ја напнува, не можам да го смислам само колку ми гази на нерви.. и од една страна кеф ми е што и прави така на Назан оти таа гуска никако не сваќа.. само љубов, ова она.. душо моја.. а и ги јади парите.. побрзо му верува на некој со кој преку ден му стана жена одколку на брат и. Инаку баш ми е криво што ке го убијат Јавус, ама ептен јак лик ми е.. е тој е прав ага, а не Саваж.. срце тој
Ич не ми е убава мене, ко погача во тоа суратот е. Во серијава ко на кастинг по грдотија да ги бирале.
^ Hа кастинг бре Mене убава ми е Jасмин, ама селското го има во нејзе џејда ми е убава, Hазан исто, чичек е слатка, и Cевги е супер за нејзини години Oвие од лисјата (со исклучок на HEџла) поубави да не беа
Колку ми се само исти Уснија и Јасмин. Да не пишеше која е која ќе си мислев истата е. Најсериозно. Туку друго сакав да кажам: серија е, сапуница, се е океј, ама ја претераа со ова љубовта. Онаква љубов не постои. На Саваж бизнисот му пропаѓа, тој се јавува на Јасмин „сакам за рака да ме држиш“. Потака нека фатат двајцата за раче фатени и нека не се вратат. Ни тој ни таа не знаат да одвојат работа од приватен живот. Ниеднаш не се на работа седнати, на ниеден состанок не се појдени, ама бизнисот до скоро им цветаше. Научна фантастика филмов. Пак она за во следната: Ако одиш, заборави не. Типична уцена. Не сфаќа дека не оди таму од мерак, туку од мака. Не му дозволува да си ја изврши улогата која му е зададена и да си го исчисти името, туку му става ултиматум. Да бев на негово место, тогаш на лице место ќе и речев дека не ми треба. Лигајчарка права е, што би рекла баба да беше жива. И се можам да разберам, сфаќам дека жени и девојки го гледаат филмов, па и момчиња, ама тато бе луѓе, тато... Јас му викам „да ти кажам нешто тато“, тој „чекај сега, сакам да видам што ќе се случи“! Кога јас на времето гледав шпански, сум гледала глупости. Е татичко, Јасмин и Саваж не се глупости, никако!! О мај гад, што му се случи?? Не беше ваков!!
Лелее да, и кај мене е исто Дури и 1001 ноќ кога гледав ми викаа дека турските серии биле глупи, а сега...??? уфф Инаку.... го отупеа веќе филмов....ептен.... што е ова..... Не требаше да го убијат Ахмет Моран...му направија услуга, инаку ќе скапуваше во затвор
пак жени споилер работи што треба да се случат во иднина, ставаме во споилер Hе секој сака да ги знае настаните на серијата однапред
Среќа што мајка и на Јасминка е во Бодрум, бидејќи ќе упалеше квичењето. Утре му е мајката, Јасминка повторно во ликот на Малечката невеста. Во следната епизода ќе гледате: Јасминка плаче, ма неее таа рикаа...ооо Савашшш. Шифра: Јасминка рикалото! Поздрав до Јасминка со песната http://www.youtube.com/watch?v=UJMzYlxI1Lw
Ау, па стварно Јасмин ја претерува до крајност веќе добро мајкаи што не е тука, неа неможам да ја слушаааааммм и Чичек многу ме нервира, а Пелин ми е права лепотица, штета што Хакан ќе остане со Чичек(Пелин ми е мнооогу поубава, не дека Хакан е нешто special, ама ајде) а Саваш што би рекла мајка ми " Ѓорѓи сардисан од сите страни "
Луге да не ја знаете онаа музика што оди во позадина обично кога го даваа ахмет моран, јавуз па и саваш ете неќна кога го гледаше на камерата овој бешир ага ... не е како песна туку онака само едно убаво мелодииче
Не ја гледам серијава баш редовно ама знам што се случува, во тек сум. И да ви кажам право досадна е веќе. Патетика! Јасмин и Саваш колку ме нервираат, а Јасмин посебно. Мисли светот околу неа се врти Арно ја трпат и мајка и, и тие колешките, па и Саваш, јас би и вржала две шлаканици па нека се освести малку. Ова ми доаѓа кога ја гледам Љубов моја, душо моја, единствен мој.... ај нека завршува веќе!
Мене Јавуз баш ми е закон лик, си тера по свое, што би рекле трај-прај Игра некоја чудна игра, но се работи со план. Убаво и рече на Чичек да се прибере малку, нивниот татко го уби Ибрахим, пукаше во неа, ете и Јавуз поради него бил во затвор, што значи тој не е убиецот на мажот на Назан. А таа плаче ли плаче по татко му... На почетокот повеќе ја сакав Чичек но во последно време претерува.
Mене само ме интересира дали Jасмин ќе исплаче повеќе солзи за синот, или се уште ќе плаче повеќе зашто Cаваш 'ЈА мрдна чашата од лево на десно'
Кога успеа да си ја извитка косата, како најде време кога беше зафатена со плачење . А пеглана и е поубава. Патетична е, еднаш да покажеше дека има разбирање за Саваш, па сеа и ќе абортира .
И второво дете да не го дава на посвојување? Зошто со процедура ги раѓа децава.Прво ги носи на абортус,па ги дава на посвојување,па на крај толку многу се приврзува што сета грижа се состои во цмок,цмок мамичка,ајдеее чаооо. Женава е катастрофа,а филмов уште поголема.