Ахм, таа верзија ја гледам јас. И откако ќе умре Саваш, па ќе се воскресне... не, не ми е интересна веќе. Ионака ретко ја гледав, таман почна да стане интересно, со тоа што пак е бремена Јасмин, Саваш гитииии... Не планирам да ја гледам веќе.
Саваж...следи спојлер: Spoiler Саваж е договорен со Пала, на себе е со панцир и мастило. Тој не умира, не е повреден. Само Бешир го гледа пукањето бидејки е така наместено од страна на Саваж и Пала. Кога вреќата со телото ќе му се однесе на Бешир, овој ќе сфати дека не е Саваж тој во вреќата и оп, некој ќе му стави нож под грло. Тој некој е Саваж. Го земаат Бешир в кола и правац Истамбул.
Го обележуваш цел текст и горе над квадратов, најдесно стегаш на spoiler. Идни дејствија се ставаат во спојлер. Не е секој приморан да чита нешто однапред ако не сака.
Јас не ве разбирам, што ви се допаѓа кај него, изгледот или паметот? Мислам тоа....ахххх сите Саваш да беа како тебе , на што се однесува? Да е згоден и шармантен, мене лично не ми е (ствар на вкус, не ме напаѓајте одма )...да е паметен, фамилијарен човек, интелегентен нешто посебно, добар бизнисмен...пак не е... Што е тоа кај него што ве фасцинира ...ако може некоја што му се восхитува да ми објасни....и уште нешто какви тоа типови како него постојат и се добар плен? Лигави бескичмењаци кои утеха бараат само во сексот и вечерно/утринско гушкање, мазење и лигавење, за да потоа си стане и си оди да си брка друга работа која бај д веј секогаш искрснува случајно.... Ја гледам чат-пат серијава ме интересира мафијашкиот дел (Долина на волците), ме интересира како ќе ја решат мафијата, ама секогаш кога овие двајца ќе се спојат вртам очи колку ми се неподносливи (ало Јасмин душо, многу ми требаш, потребна си ми единствена моја ...да, му треба да се олесни..... а ова глупавата сите состаноци ги откажува и дозволува фирмата да и` се распадне и одма трча да го утеши). Врв на глупоста ми беше кога рече дека ќе абортира, дека мора да абортира зашто таткото веќе не е жив....човеков и` соопштува дека сака да си го исчисти името за да еден ден неговиот син се гордее, а оваа ќуркава му вика-ако одиш веќе не се враќај....е*ате подршката што му ја даде.
Не ја имам цела серија гледано на интернет ама овие двете епизоди кои следат ги имам гледано Spoiler Саваш е жив тое веќе мислам дека го знајте....оваа старата Шахнур ќе му речи На Јасмин да го земи со неа Омер за да го излечи од болеста....во тој момент ќе се појави Саваш и која ќе ја стегни срцето која ќе онесвети баш вакви ќе бидат потоа Јасмин ќе отпатува каде незнам со Омер за да го направат операција мислам (не разбирав зошто беше на турски) таму ќе оди и Саваш...иначе Јасмин женско бебе чека
Овие плачат ние дома се смееме ко ментални. Spoiler Со Назан што ќе се случи? Ќе се врати, ќе се разведе...?
Може ли да ве замолам да ми дадете некоја страна за онлајн гледање, ме збудалеа мајка ми и баба ми да им најдам наредни епизоди, помагајте пред да ги избркам од дома Инаку јас не гледам и не се замарам освен тук таму со моите кога ќе седнам, ама од фејсбук знам се што се случува
Ми ги зема зборовите, истото мислев да го пишам. Епизодава е повеќе патетична,одколку тажна. Уште Јасмин и Чичек да се прегрнат и да зарукаат и ќе биде врв.
Spoiler http://vbox7.com/search/?completed=0&vbox_q=%D0%BB%D1%8E%D0%B1%D0%BE%D0%B2+%D0%B8+%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5+42&page=2 Или пиши само vbox7.com и напиши любов и наказание во търси и ќе најдиш по епизоди и со превод бугарски ќе ги разберите Еве на ова кај што имам барано,тие се најубави,овие на делчиња последните. А чекај,шо па морало спојлери,тој што дошол во темава,значи сигурно го интересира филмот и сака да знае што се случува и што ќе се случи...Ако не сакате да знаете ич не ги читајте тие мислења или не ја отварајте темата...
Spoiler Назан ќе остане бремена , но Бора ќе ја турне по скалите и ќе го изгуби бебето. Ќе се разведе и ќе се врати кај мајка и.
И мене не ми е јасна оваа работава со споилерите ако некој не го интересира филмот или пак не сака да знае што ќе се случи па тогаш воопшто нека не ја отвара темава. Која е поентава на споилер кога сигурна сум дека сите што ја читаме темава ги отвараме и цело време бараме што наредно ќе се случи!
Па добро...но можеби некој минатата ја пропуштил па сака да праша што се случило...а налетува на нешто што ќе се случува понатака? Јас сум ЗА да се користи спојлерот... Не боли.
Кратко и јасно Тоа бабиштето неможам да го гледам ко пинџур ми е во фацата,целата збрчкана...и многу ме нервира нејзиното однесување се она знае што е добро за фамилијата,а затоа го заплетка Саваш